као ти коа постираш линк не те дава која си. А мене и други од тикток шо праќаат нѐ дава. Ни форумов ни инстаграм не ме сакаат
Од Тик Ток секогаш дава. Од Инстаграм со тебе изгледа беше некој баг/глич зошто генерално не дава кој го лепи линкот. Сакам да кажам дека почнувам да сум уморна. Малку ми е страв. Ама после ми текнува дека живот тера па терам и јас. Вчера возев прв пат без стрес. Велам без стрес оти уште ко почнав автошкола се нешто ми прелетваше на пат. Излегов и се социјализирав - се доуморив. Па ме мана мини егзистенцијална криза во 5 сабајле. И така.
Како може да не сфаќате што е приоритет? Има деца без пари за јадење и школски прибор. Има училишта без основни услови за одржување часови. Деца учат во лоши услови со неквалитетна вода, без сапун и со куп влага и мувла на ѕидовите. На кои им е гајле за ова? Еве Владата сега мрдна малку, па донесе одлука за приборот. Што не излезат пред неа да ѝ речат и основните услови да ги обезбеди и да донесе мерка и за храната? Ги нема оти се себични или им е страв. Клима, па клима божем сè е решено и цвета. Они запнуваат за клима иако и они издржале без неа. Ако имале основни услови, можеле со вода и сапун да се замијат и оладат. Губеле часови или им биле скратени кога било претопло. А и онака голем дел од пеколното време го поминале дома или некаде на одмор поради летниот распуст. Секоја генерација го поминува тоа. Има деца и наставници со здравствени проблеми поради кои изложеност на клима-уред не е препорачлива. Ама, колку сече паметот...
Кога детето на сточарот ќе реши дека сака да биде инженер, стоката веќе нема кој да ја чува.. Кога детето на земјоделецот ќе реши дека сака да стане доктор, нивите остануваат празни.. Кога детето на пчеларот ќе реши дека сака да биде економист, пчелите ќе останат без сопственик.. И после зашто плаќаме по 130 денари за кг патлиџани, 150 за кило краставици, 1000 денари за тегла мед, плаќаме затоа што нивите зјаат празни, пчелите немаат кој да ги чува, нема веќе сточари..
Секој има право да бира што ќе прави во својот живот, а не да прифаќа против своја воља и интерес нешто наметнато, само затоа што се родил баш во такво семејство. Никој никому не брани да се посвети на земјоделие, сточарство, итн. Буквално секој ја има слободата да го направи тој избор.
Ти како млада личност полна со идеи, зошто не направиш чекор и започниш да се занимаваш со земјоделие, сточарство, пчеларство итн.? Државата ќе ти даде бонус грантови за млада земјоделка, европски грантови за развој, механизација, грантови за чување крави и поседување фарма итн. Ќе ти даде и државно земјиште под концесија да садиш пиперки за ајвар, пченица, пченка, тутун. Помош и за развој на пчеларство. Занимавај се со земјоделие, зошто не се занимаваш и го одбра патот да живееш во метрополата ни? Вака ем ќе имаш и за тебе храна а и плус ќе печалиш. Пелагонија е огромна рамница, ако не ја знаеш посетија, највеќе храна ни доаѓа од Пелагонија, исто и од Струмица и источниот дел на Македонија како Кочани со ориз. Ама луѓето не работат за ИЧ пари повеќе, си го ценат трудот а и цените си се прилагодуваат според трошоците и инфлацијата. И пак е ефтино за разлика од се. Кај се видело да му ја земаат ајварката за 25 ден а на пазар и кванташки да ја шиткаат 100ка? Они не можат да дојдат на кванташки зошто се 24/7 на нива. Сакаме да јадиме Ајвар? Шопска салата и месо? Ќе си платиме колку шо кошта, и пак е ефтино, зошто работата на овие луѓе е претешка, сите се прегорени од сонцето, едвај дишат. А за јадиме месо или пиеме млеко, некој треба да влези во штало полно со смрдеја за ја нахрани стоката. Дали би се нафатила ти на ова? Јас еве кажувам не, ќе си платам и преплатам ако треба колку шо кошта и сакам да видам задоволство во очите на човекот зошто тој со пот чесно сработил во тешки работни услови. Време е да сфатиме дека земјоделецот нее играчка и да си играме со него и потценуваме. И тие имаат живот, и тие имаат свои потреби, семејства, деца кои му бараат. И државата треба да биде во прва линија во заштита на земјоделците и да им ги подобрува условите и цените. А секој млад ко тебе и ко мене бара подобар и полесен живот а не да лупа од сабајле до вечер и да биде потценет да работи за ич пари. И секој има право што да прави и работи а не да му наложуваш зошто тебе ти биле скапи пиперките и притоа пребираш храна за која кажа сама дека трошиш и 400еу, оти немало кој да работи земјоделие за тебе. Работи на нивно место ти и види како тие луѓе го вадат лебот и дали тогаш би трошела и по 300-400еу само на храна.
Па тогаш да се врати полското веце по училиштата, а? Зошто ти не си ставеш полско веце во двор па таму мочај. Претеравте со тоа во наше време. Времињата се менуваат, луѓето се менуваат. Ајде да стоиме во место и да не мрднеме од него, така треба? Место да се бореме за подобра иднина за нашите деца, вие сакате да се врати вашето време оти ништо не ви било. Нема иднина со таквите како вас
Абе пред 50 години пешки одиле по неколку километри, ама сега сѐ се со автобус, па и зашо немало клима. Па оди си пешки тугај, шо им фалело на луѓето што одиле пешки порано. Бог да чува
Уште ме шокира фактот дека во 7 часот е веќе ноќ, кога пред месец дена уште сонцето не беше зајдено ова време.
Нема врска, јас сум дете на капиталист шо влегува у земјоделие а немам ни една нива (имам пасишта ама не знам ни кај се, некаде у мавровско). Цените на земјоделските производи ви се покачени затоа што основните производи се покачени, ама и трошоците се зголемени драстично. Ѓубрива, нафта, механизација, па и самото наводнување, нема веќе вода, многу често се случува кај некои и да не се пушти системот и да им отиде цел род оти водостопанство е неажурно (затоа јас нема да идам у сектор градинарство, иако ми е специјализација и пасија). Второ е никаквата поддршка на земјоделците за пласман на производите, да јас можам утре да ти најдам и пипер и патлиџан под 60 денари на големо, ама супермаркети и препродавачи ќе ти лупнат 100% маржа. Еве најглупав производ, Цвекло во киселина на ДИЕМ, во ДИЕМ е 44 денари, во Веро е 77. Скоро двојна цена, а единствен трошок за таа тегла цвекло им е еден рафт. И ова важи за грото производи, не само за цвеклото од Дием.
Никој не вика дека не треба да се подобрат условите, треба секако, ама и ние пораснавме во услови во какви што пораснавме па не кукавме ко денес што кукаат снегулчињата, незадоволни од ништо. Најслаби генерации за живот.
Многу чудно што на женски форум сд паметува и се дискутираат теми на мизогин јазик "плаче за кАр", "и треба кАр", "не е задоволена пошо и фали кАр". ЖЕНСКИ ФОРУМ, катче каде жената треба да се осеќа разбрана, сигурна. Какви жени сте вие? За срамота. За вас што треба да се рече дека ви фали што во секоја втора тема се расправате??? Срамота. Крајно разочарување. А сите поборници за права на жени, антибулинг, коментираат глупи коментари на мажи на интернет а они уште поглупи пишуваат. Инспирирано од Мак.Јав.Лич. и таму пишав и коментарите се избришани.