Ако де, уште си е топло преку ден па и преку ноќ, еве не се дише. Додуша океј е, чим седам без клима, и не се жалам ко снегулкине шо не можат да истрпат. Воопшто не ме асоцира на есен се уште, ниту на ајвари и зимници праење. До 22 - ри е лето и никако поинаку. Може и да се продолжи летото, ако е убаво времето. Луѓето мислат штом септември чукне на врата и почнува школската година, готово, есен е, ладно е, а везе нема. И шо бе, да не беше поарно у јули, сеа е сто пати подобро. Вакво да може цело лето да е, најдобро би било.
Што се случи со оној добитникот на лото од Охрид? Никаде го нема уште? Мене ме интересира што ќе се случи ако воопшто не се појави, нели треба фондот на државна лотарија да го вратат пак да биде ист, и колку време е законскиот рок за да се пријави за добивката?
Не се бунам за температурата, ќе заладува и повеќе за недела дена, баш она што ни треба после сите горештини. Тука навечер веќе е свежо и не се седи надвор ко сред лето. Од септември ментално влегувам во есен. Но секогаш ми доаѓа шок намалувањето на денот, овој период некако најмногу се приметува.
Наидов на еден пост во група за мајки, каде мајката бара лек за грчеви, затоа што маж и не можел да спие, требал на работа да оди, воедно ја правел дека е неспособна мајка, затоа што не можела да го смири бебето. Се прашувам, зошто некој што е неспособен да биде родител, се нафаќа да биде татко?! Во ред е, да немаш деца. Навистина. Од такт ме извади. Идиот. Сонот побитен од сопственото бебе. Тоа што самиот си го направил. Јас не знам последен пат, а и маж ми кога сме имале квалитетен сон, одиме двајцата на работа. Не е лесно, ама родители сме, тоа е цената што треба да се плати, за да уживаш во нештото што е најмило и најдраго на свет. Па и жениве се чудни, зарем не разговараат со своите мажи на тема бебиња, брак, пред да ги остварат, да видат, да опипаат дали ќе биде вол, морон или татко. Огромни одлуки се тоа. И сега, мајкава заглавена со својот недораснат, скапан маж и бебе за кое сама треба да се грижи. Секако е самохрана мајка. Што е поентата да седиш со таков во брак, кога стварно нема поента. Брачна заедница, значи двајцата да учествуваат во обврските. На таков, секој ден ќе му ставам лаксативи, да не спие од проливи. Морон бе.
Манчмало левел на глупоќа - сликнав скриншот и пратив на другарка да ѝ покажам кај ми е оштетен екранот. Ај ќе си легнам, најубо.
Уживај си, ја така пијана на другарка скрин шот и пратив ми го види новиот мобилен што сум си го купила...
Колку сум уморна од реториката каде постарите се жалат од помладите ко... буквално до некни бевте млади и се жалеа од вас. Толку ве истрауматизира то шо сега едвај дочекавте да го прајте на друга генерација? Од кога има весници и вести има новости за генерации кои биле "од мочка праени". И после тие генерации растат и го велат истото за наредната генерација. А уствари сме сите едно несовршено човечко суштество со голем его комплекс. Нешто како шо свекрвата ко ќе сподели дека нејзината свекрва била многу полоша со неа и она заслужва сега да малтретира друг јер страдала. Или дека новите генерации не сакале да работат. Извинете, КОЈА генерација сака да работи? (башка шо не е дека некој неќи да работи, јас се преродив од кога сум работоспособен чоек, обично ова се вели кога неќат да работат за пониски примања и лоши услови) Секогаш се бара емпатија и разбирање и љубов. Ама ако не давате, со кое право барате? Барем обидете се да разберите. Не мора да разберите целосно.
Изгледа само јас не направив погача за Св. Фануриј, цел фб ми е со благи погачи. Како и да е, не јадам благ леб.
Ме изнервира дома, значи одма негативност ама ти прв пат ќе возиш како ќе оди на толку далеку бла бла. Еднаш мора да се тргни. Посакајте ми среќа утре за прв пат стварно ќе возам по Плетвар и ќе одам до Неготино да го посетам брат ми кај шо е сместен.. Се трудам шо е можно повеќе да го посетувам, срце ми се кини, еден чекор напред два назад, за заминување уште потешко..
Ако се жалат бумери Колку новите генерации се мочка тогаш што ќе кажат претходните за нив. Имале војни, ровови, концентрациони логори, болести, луди диктатори а овие само една транзиција и неколку смешни војни во споредба со претходните.
А бе ова малдиве, дали знат некој муабет да кажат, бев нешто до канцеларија денес, бре само ц телефон гледаат и допишуваат. Ти се обидуваш да направиш муабет....тој в телефон се закопал
Се прашувам некогаш себе си, зошто ги лажи умо да поставуваат прашања такви дрски и безобразни, а притоа се знаеме од мали и ме знае каков човек бев и дека за неполна минута ќе беше натепан? Си идам накај дома, низ чаршија ме сретнува еден школски од основно, немаме никаков контакт, али ме следи и го следам на Инстаграм и Фејсбук. После прашањето абее школски како си шо си.. Ми поставува прашање, абе одиш со девојката, не гледам слики? (СИ велам во умо, да не згреши малце понашањево), му велам раскинавме пред извесен период... Ми вели ами знајшшш жениве какви се курви ова она, откај беше бившата твоја, уба женска. Мене ми прекипи и му реков, слушај не мислиш дека малце претера со муабетиве, дај да свртиме муабети за жена ти? Следен пат кога ќе ме сретниш ќе разговараме само околу мене и тебе, важи? И одма на смеа на шала сврти тема. Среќа не истреси уште нешто зелено.