Baraj me za kafe ako imas vreme be i ic da ne se zamaras za vozenje ja cela evropa ja svrtev, samo vozi si po ogranicuvanje na znaci i nemas maka
начукал 30 години, се оженил и ќе зборува вака... си велам некогаш дали сум премногу мек ама не че да е то.
Ама како ќе се подобрат условите доколку народот не бара, особено во оваа држава?! Друга работа, се запнавте со тоа кукањето, “во наше време”, полски вц-ња и сл. патетични филозофии. Никој не бара најнови системи на изолација и климатизација, туку во училиштата НЕМА основни. Исто така, благодарение на климатските промени забележуваме лета со екстремно високи температури кои траат од мај до септември. Значи зборуваме дека нема основни услови за одржување на настава! Ама од “ќути има и полошо” и “во наше време” сме дојдени на ова дереџе, каде идните генерации треба да минуваат низ ист или полош терор како некои пред 20-50г за да научат дисциплина!!1!
Абе глеј, кај нас протест еднино против геј бракови имаше, и тоа добар дел од тие шо излегоа со децата газето им свири коа идат со другарот на пијачка, а па за мајките шо се имаат меѓусебно лапано и драпано по смрдливи вециња у Балет немит везе... Е сеа, место да се излезе да се протестира пример за воздухот оти можеш да го видиш навечер, и ако прднеш у црвеното, ќе се замозапалиш, тешко, оти у тие месеци се седи дома рак да не фатиш од него. Али ќути, битно има воздух, каков таков, кој ти го дава. Сепак се знае, се има приоритети пред клими, сапуни, гз папир, чипирање на миленици, несерење и ркање по улици, нефрлање ѓубре преку трети спрат, чист воздух, лекови, хемотерапија, инсулин, невозење ко бомбаши самоубијци по улици, смртна казна за силовачи, само економијата да ја опораиме и се ќе ни тргне... Само кој ќе може да им објасни на жртви по вокација дека ако си стока и не те бива за се она миминално цивилизирано однесување и култура погоре, за поголемо нешто као пример ДРЖАВА Н И К А Д нема да те биде. Оти по милијардити пат, народот е државата. Среќен 8ми септември, за многу години, небитно шо вчера беше. И онака ние држава само на тој ден бевме, у таа 1991та и никад поише.
На некое рандом српско меме на Инстаграм, некој Хрват пишал ,, Makedonci otkrili Internet ,,. Затоа поштуем Хрвати.
Не бил тоа хрват сигурно туку србин србите не зезаат така во секоја прилика пишат македонци открили ово оно мамето нивно шовинистичко
Времето е О Д Л И Ч Н О Свежичко, чист воздух , не мириса на испотени мишки од народот , се диши конечно , милина А тек Октомври ко ќе дојде, охохоооо , баш да се ушушка човек ..... ах убавини
Ама поентата е сите сме исти под условите шо растиме. Условите не се исти. И не зборам само за бумери, еве и миленијалс забораја колкава "војна" (т.н. во интернет простори ) беше против нив за истото сега да ги прат со наредната генерација. Башка шо, сите зборават дека уствари ние постарите ги растиме помладите. Ако имаат маани како генерација - ние сме криви. И ако ги наречиме дека се од мочка праени не е по автоматизам решен проблемот (доколку постои) туку конструктивно би требало да се види како да се реши нештото.
Ноември и февруари мене секогаш ми се фаворити, а и најубав вајб имаат. Го сакам и декември ама празниците го засенуваат тој вајб. Јануари ми е ужас, го неќам.
Поентата на животот е секој ден да смислуваш што да јадеш, да переш садови и да усусаваш... Prove me wrong.
Како сум го погодил денот.. најтешкиот тест како за прв пат, Плетвар врни тура, коли на сите страни. Ми се случи една незгода ама добро реагирав, и сега ја испроцесирав сеа повеќе се плашам од претходно... Од спротивна лента, на сио дожд што беше, од приколицата на камионот ми се истури вода и ми го покри целиот видик, скоро 3 секунди не гледав ништо пред себе... среќа не возев нешто брзо околу 60-65, и надесно заминав,две ленти беа и пополека успорив додека брисачите да исчистат.. Брат ми добри си е како и секош, за то не се грижам толку многу, колку што се грижам ахх да си беше нормален, да си имав личност до себе да си позборуваме, да прајме работи заедно... Јас сум 185цм, тој машал 190 пораснал. Да беше здрав прав, че јадев ќотек од него.
Прочитав некаде за некое прваче што кога му дале сликовница во школо(книга), пробал со рачињата да зумира исто како на телефон и ми дојде интересно..