Да не биде дека се фалам, ама еднаш ми остана цела торта за роденден, и место да ја смрзнам, ја изедов, цела, некои 20 и кусур парчиња, бев троа пијан и мало тужен.
Шо бе, никој не ти дојде на роденден? Јбг... @Mrs. right Иначе, ја не јадам благо, ме фаќа криза у ПМС само и знам да си истaманам и пола кило сладолед за доручек, не ми чуе...
Јас немам чуено полегендарен глас од неговиот (Морган Фриман лајна да јаде) Мило ми е што доживеа барем филмот од 2019 да го синхронизира.
Леле леле леле како не стави сите во ист кош. Јас секогаш си имам милка во фиока и знам да си скршам две коцкички или еден ред. И некогаш тоа ми е сосема доволно. Некогаш ја јадам пола одеднаш. Цела ми се има случено два три пати до сеа да ја изедам ама тоа во ситуација коа сум била цел ден гладна и нагло ми паднал шеќерот. Тогаш ја јадеш цела и не осеќаш дека си изел нешто. Ама тоа ептен ретко. Ваљда се периоди некогаш ќе скршам ред и ја мислам цело време па ќе си ја дојадам. Ама дека некој има толкава самоконтрола да ја гледа да му се јаде а да не скрши не знам. Инаку во пмс значи сите сме исти. Јас јадам и нон стоп сум гладна и одрднаш плус 2- 3 кила плус ми покажува вагата. Затоа и птепорачуваат да не се мериш пред и за време циклус.
Не бе, ама две-три торти порано земав затоа што многу луѓе, а оние генеричните за да ми ги собере во длабоко. Отприлика 40-60 парчиња ми требаа порано, пошто големи фамилии и не иде да не оставиш за сите, ќе се увредат и навредат. (сеа не ми требаат сите сме раскарани ) Јас на трезно изедов цела тепсија тавче гравче, беше 2 и кусур, а бев од некаде вратен и немав ручано, директ си легнав, и коа станав у 2 ко невиден, тоа гравот го снема. На крај и банани јадев...ау каква вреќа сум бил.
https://www.facebook.com/share/r/WyJNfmoWFDNrHyPL/?mibextid=D5vuiz Сега ми излезе циркузов па ми текна,со што ја ранат дома оваа
Ти завидувам како можеш вака. Веруј, не ми се многу 100 гр, ја си подразбирам дека една чоколада е за една особа.. Од малите, големите ај не. Колач може? Епа исто е, или по едно парче смееш само? Јас затоа и пишав еднаш, алал да им е на луѓето кои можат дома да чуваат долго време најразлични благи работи. Поарно да ги неам, знам неам и готово. @Gosh тогаш ич да не ти чуе, немаш гајле ако е само у кризни ситуации еднаш двапати месечно. Нека се навлечат ај, ама после нема назад. Шо шеќерот, паѓа? За ќотек сум, ја волку благо не смеам да помислам.. Допамин и серотонин вајда покачува, него после па грижа на совест иам.. Како не постои? Ете имаме потреба и тоа голема. Иначе види, ако благото ми е гадно, такви некои суви никакви, не ги погледнувам, ама ако е кремасто чоколадно, е тогаш не се контролирам. За торта спомнале, ај да не кажам по колку парчиња можам да ги мавнам, нема смисла. Не ми се доволно 2-3 коцки, тоа само ќе ме залаже. Или јадам ко чоек или не јадам. Поарно ми е ич отколkу како што викаш. Е ајде де, не треба да се мерам тогаш ко за инат баш ме интересираше.
И за тие со БМВињата а исто и за дистрибутерите и товарни комбиња и таксисти. Камикази прави, посебно овие дистрибутериве и со комбињата летаат ко Боинг да возат, ништо не гледаат само пун гас, идиоти не видени.
Сè е до навика. Ние што си имаме заебан дигестивен систем или проблеми со стомакот, немаме избор ако ни се живее. А и тие што немаат мака, си внимаваат ако имаат развиено добра самоконтрола. Некогаш и туѓата мака ги мотивира да внимаваат на себе за да избегнат страшно сценарио. Барем она што мене ми се деси им влијаеше на некои блиски, па и тие си воведоа лимит.
Абе и навика е, и зависност е. Ама не идат чоколадите со етикета- јадењето чоколадо предизвикува зависност и страшни слики. Бар сеуште не. Не идат ни чипсовите. Ќе им го заебеме матриксот ако сите воспоставиме контрола над своето тело и знаеме колку,што ни е доволно (и можеби побитно- што ни е потребно). Самоконтрола? Гладна сум, јадам оброк. Жедна сум, пијам вода. Нит бркам килограми нит бутур. Не знам во која прилика и зошто би изела сто грама чоколадо. Не сум ни пробала искрено. Можда пошто не дресираа со онакви мали коцки од Краш, секое правоаголниче посебно завиткано. Максимум цело животинско царство. Се е уствари прашање на дресура.
Мене едно животинско царство во забот ми останува. Исто како и еден ред чоколадо. Поарно ич да не седнам да апнам благо. Или 100грама ќе биде или ништо. Среќа шо не сум многу по благото, обично си јадам чоколади пред да ми дојде. Се натепувам за цел месец, цела лупка сладолед, цело чоколадо, цела нутела, зависи шо ќе ми се најде на патот.