Никогаш не би ги сфатила тие што сакаат есен и дожд Што убавина гледа некој во ова време, цел ден истурање? Па уште кога ќе ми текне дека идат поладни денови, наоблечени во триста слоеви алишта, капут и капи, врне, а треба да се завршат триста обврски, леле, уште од сега ми се темни Златно лето, ќе фалиш
Кога ја читам темата за 40ка се релаксирам. Интересни теми за разговор, некои членови така убаво скоцкани ги пишуваат постовите, од милина да ги читаш. Спојлер Не лајкнувам за да не испаднам сталкер. Некако илегално ми делува да коментираш и лајкаш таму ако не си 40.
Има нешто посебно во ова ладно време. Има еден специфичен мирис шо само во оваа сезона го осеќам и шо ми причинува мир во душата. Ме исполнува. Ме исполнуваат и алиштата шо ме топлат кога шетам по паднатите листови или снегот. Ме исполнуваат и чизмите шо ги носам, посебно ако се со штикла. Ме исполнуваат јаките зимски парфеми. Посебно ме исполнува кафената боја на облека во ова време. Многу го сакам чувството кога е студено во собата а јас се кријам под јорганот на топло. Кога се разденува и преку џамот можам да видам само белило или сивило. Тоа ми дава енергија за да станам, да се дотерам, да зготвам нешто, да прошетам, да се сликнам некаде.... Го обожавам првото утринско кафе на студениот балкон. Едноставно неможам да ви го опишам тоа чувство шо го чувствувам во тој момент. Има нешто посебно во оваа сезона..
Животот е строг учител. Несвесна дека имам проблем, често претерував со благото и храната. Една нервоза, друга нервоза, трета нервоза и утеха во лапачка. И оп во болница, па благодарност до тој што ме спаси. Да можам да се вратам назад во времето пред да ми се деси, ќе си ја залепев една тешка на себеси. Будала. Сега не дека не се занесувам, ама ако еден ден земам малце појше, гледам другите два дена да не пипнам благо. И со храната внимавам. Спојлер Ако некој праша за сликите во темите, не се секогаш она што јас го јадам. Некогаш е направено од мене за близок. Купувам и ми купуваат благо, ама дел го кријам далеку од очите, дел го делам со друг. Полесно е.
Леле, многу убаво си опиша ама јас никогаш нема да ја засакам оваа сезона. Мачно ми е многу да носам еден куп алишта, капут, капа и шал немам ставено од основно. Летно време едно фустанче и цееел ден раат. Во врска со болдираново, јас така се осеќам кога ќе видам сонце дека пука надвор, одма добивам енергија и желба за сѐ, а вакво време само ме депримира и ми доаѓа цел ден да го поминам во кревет. Да можам, до Април не би искочила, да не збориме за тоа дека од две капки дожд пола град заборава да вози Тоа е, уживај во периодов, јас ќе си плачам до Мај
Јас до сега плачев, од сега ќе се радувам Ич не го можам летото. Станувам, испотена цела, искасана цела од комарци, џам неможеш да отвориш оти ќе ти влезат 10 муви, 5 пајака, 25 мушички и спајдермен, па ако се избањам , за 1 саат пак сум жива вода. Да не почнувам со тоа дека никаде неможеш ни да излезеш по жешкото, мора цел ден дома да дремеш за да не те тресне некој удар . Ах, различни луѓе, различни желби.
Било со адидас двете у германија а бе како може толку стиснати да сте и на тие крави таму и пари да не речите дај за реалист по едно пакетче чоколади че пратиме. И после адидас мере наму мали му биле е какви да се мори
A бе така ги чува во фиоките нели гледаш ко бабами е ко ќе отворев цел регал полн со благо ама за гостите било а ја шо нели сум гостин
Ми фалеше ова време… А кога сме кај храна, благо никогаш не сум преферирал, ама во кашкавал, руска салата, кифли или некој др специјалитет од тесто можам да се удавам.
Исто и јас ,мразам студено и кога врне дожд,ама пеколните горештини уште полоши ми се сега .Сакам баланс,пролет таман ќе ми дојде .
Ногу сакам ладно, врнежливо и гадно време затоа што тогаш нема живо пиле по улиците, сите ко сардини идат со бус или кола/такси и можам рајатосан да шетам кај и да треба да шетам. Исто и за навечер, можам да спијам со отворен прозорец и да не ми урлаат луѓе шо поминуваат по улица.А да и зимно време спијам со отворен прозорец, малце ладно ме фаќа накај 5 сабајле, ама тогаш станувам и го затворам или само станувам и ми почнува денот.
Нема нешто поубаво кога надвор врни и си седиш покрај прозор и го гледаш и слушаш дождот со топол чај или кафе во раце.. Убавини
Не ти се слоши? Јас толку да изедам на токсикологија треба да ме носат. И не е за чудење тие што не јадат благо, познавам многу такви, не дека трпат за лепота, тоа е мит дека благото поправа, исто како што е мит за пивото дека стомак ќе имаш, се е до метаболизмот. Другарка јаде и брза храна, и благо, и газирано пие, има две деца, едвај 50 кг. има, а висока е. Исто и мајка ми јаде благо слаба е.
И мене ми се темни од многу облека во есен - зима, ама не ни носам многу, слоевито со сто работи нема шанси да сум, не трпам, брзо се сафросувам, колку сака нека е свежо. Па у јануари памтам сите со чизми беа надвор, што е нормално, ја во ниски кондури и кратки чорапи кои не се гледаат, како боса да бев па и фармерките не беа долги, туку до глужд и супер, ми беше ладничко, ама не смрзнав. Гајле ми е шо ќе кажат другите, одма споредби, времево види го, не иде вака да си, глеј ги сите.. Абе уживај, ја така сакам. Некој не многу дебел џемпер или ролка, јакна или капут и доста ми е. За капа и шал и од оние огромните јакни монтки кои ги мразам, ептен ако дојде до минус и тоа солиден јак минус, иначе не. Хулахопки исто мразам. Зимите воопшто не се страшни кај нас, барем последниве години. Никако да стегне асална зима со снегови. Баш би сакала, ама сметките за струја.. @Adidas888 шо спомна ти за дотерување, па есенски стил, е да, убав е есенскиот стил има некој посебен шарм и вајб. Се сетив како дете, како сум им се воодушевувала на тетките и дадичките, баш такви ко што опиша со чизми, штикли, стегнати, пицнати, нашприцани со парфеми со појаки ноти, топ. И сум викала, и ја вака некад. Денот што се има намалено и драстично допрва ќе се намалува, па у 16 часот ќе е веќе скоро темно, е не знам зашто ова го обожавам, така стемнато, а сепак толку рано, и тмурно да е, и дождови да има, некој спокој владее и убаво ми е. Не е баш секад депре, депре и у лето може да си, ако таков ти е периодот. Тој ли е тој мир за кој зборуваш? Ќе речат шо има убаво и романтично во тоа ама не знам бе, има нешто сепак, и мирисите на есента нормално, боите, атмосферата подруга е, cozy e, пријатна. Секоја сезона поинаку се доживува и кој за што повеќе е приврзан, па нормално повеќе ќе му годи тоа време. Летото ќе го сакав да не беше претопло, не го можам со тие температури. Туку времево мноооооооооогу брзо проаѓа, буквално прелетува со брзина на светлината, што е работава? Језиво дури ми станува. Да успори малце нема да е лошо.
9/11 нека ви е потсетник да не си го пикате злобниот нос кај стигнете, злобо белосветска. Исти сте ко тие шо ве рокаа, само сте премачкани со сто бои.
Чекам ред во Кам да платам, и слушам позади касиерка што реди роба го убедува еден човек, му вика абе оди преку ред, ќе те пуштат, наш си, и вика еднава касиерка по другава, Снеже ај искуцај му на човеков преку ред, на Маре брат и е.. Си одам накај дома и си мислам, човече, уште за во маркет да им искуцаат преку ред не беа фатиле врски и тоа се деси денес..
Јас едвај дочекав жештиниве да поминат. Од Јуни до Септември мислам дека не живеам, преживувам само. Лошо ми е кога ми е прежешко, немам како да се изладам, морам да седам и да спијам со клима зошто иначе ќе се мрднам од паметот. Спиење со клима не ми е спиење, по сто пати станувам, се преветувам во кревет препотена, мислам дека длабок сон немам воопшто. Ништо не можеш да правиш во текот на денот до 8 час оти ако излезеш надвор топлотен удар ќе доживееш. Дури и навечер никаква физичка активност не можеш затоа што ќе почнеш да врнеш од пот. Лето би можела да поднесам ако и само ако сум покрај езеро/море, па ќе одам да пливам и така ќе ми врви времето. Лето во Скопје е ужасно, нема провев, се загрева градот а не се лади оти секаде се згради, испарува од асфалт, буквално ми се повраќа кога ќе ми текне колку се измачив летово. Вчера со дождот мислам дека ми беше прво квалитетно спиење од Јуни. Пре ќе шетам со капа и шал него да ми иде кожата да си ја откорнам од жештини.
Се дешава. Повеќе пати видов таква ситуација во разни маркети. Ама, не секој муштерија дозволува. Во Веро за еден тројца рекоа дека не може да помине оти се брзаат и господинот мораше да си почека.