И мене ќе ми фали летото. Не сакам есен, утрата и вечерите се ладни, преку ден топло, да не знаеш како да се облечеш. Мразам многу облека на мене, не носам ни боди, ни хулахопки под фармерки, само фустанчиња кога носам. Тука пред некој ден заврна и наеднаш залади за неколку степени. Вчера пак топло беше, излегов да прошетам, зоврев, околу 19 часот веќе беше свежо и беа по долги. Денес пак пекол, а внатре нозеве ми смрзнаа.
Ја до март не постојам. И отсабајле на вакво време неќам да ми се обраќаат. Мај-септ ми е врв колку некад и да цмиздрам.
И мене од мај до септември ми е најубаво, порано од март, ама последниве години некогаш и мај е ладно. Не трпам ладно, летоово многу ретко пуштав клима, не сакам кога ми дува ладно.
Време е за промена.. Денес ќе се збогувам со мојата убава долга коса, ама веќе ми е мачно и напорно да ја одржувам толку долга, така што, денес ќе одам да си ја скратам косата добри 30 сантима.
Јас како некоја што е зиморлива се изморив од жештиниве, ми се чини дека ова беше најдолго лето, бидејќи буквално од почеток на јуни кога фати жешко не запре до сега. Оваа температура ми е супер до макс 25 степени денски, и обожавам дожд после лето. Е сега, мај ми е најомилен месец бидејќи тогаш е обично совршена температура и денски и навечер. И септември се живее само што ме фаќа криза кога денот се намалува. Им се чудам на оние кои омилено време им е лето или зима, едното суша другото депресија.
Почна депресивното време за мене,ќе се стемнува во 16ч,ќе биди ладно,алишта триста,дожд,снег тмурно за никаде,цела зима сите дома настегани да нема што да правиш,досадно. Есен-зима најдосадниот период од годината. Депре на макс. Златно лето ќе ми фалиш колку и да беше жешко и тешко
Она кога мислиш дека сите животни и психички проблеми ќе ти се решат ако некого успееш да испровоцираш и банираш од форум. #тугичка
Решив да си купам ајфон 14 плус, ама па сега ме фати некој инат и не ми се дава овој телефон на поклон што го имам моментално, стипса сум во душа што да правам..
Технологијата отиде напред, уште не му текнуе на некој на машините за перење да стави сензор за да мери тежина колку кила си ставил. Или има такви ама не дошле кај нас. Или па дошле ама коштаат ѓавол и пол.
Честит празник на градот во кој се роди слободна современа Македонија, град кој прв беше ослободен од фашистите и град од кој Македонија треба да учи. Честит 11 септември мое Кичево
Ја па обратно, давам повеќе него шо треба, кога и да земам нови слушалки, старите завршуваат кај мајка ми (јас сега имам едни нови, она има 4 стари...телефоните кај татко ми, книги од факс кај помладите колеги). Ништо немам продадено, се имам дадено. Koj beshe banned?
Абе и јас ќе го дадам, ама дека не е многу долго време кај мене, т.е сметам дека е нов, затоа не ми се дава.. Иначе слушалки никогаш не давам јас, барем не слушалки што веќе сум ги користела, не ми е хигиенски, на работа имавме цел пакет слушалки што беа исправни а ги фрливме, поради хигиенски причини..
Ami oti togas kupuvas nov mobilen? I ako ne ti se dava pikni go vo fioka i to e.. prosto i ednostavno.
Добро рачунај јас користам XM сериите на Сони и таму се менува скоро се (само не ги купувајте оригиналните замени, скапи се отров). Нема смисла на депонија да завршат слушалки од 18,000 Инаку ако имате доволно нерви, можете да ги смените сите перничиња, вклучително и оние што се на горниот дел кај главата, ама заменските делови барајте ги на ебеј или амазон, има добри дупликати. Мене за заменски делови во Видео-Дата ми побараа 13,000 за ХМ4, а немаа за ХМ3. ХМ5ките се проблематични кај делот за подесување горе и доле. Сеа спремам ќеш за ХМ6ките
Добро, за поскапи слушалки, во право си, и да се замараш убаво да ги исчистиш е океј, мојве се по 10 евра слушалки..
И јас бев со по 10 евра, ама се заебав еднаш да земам поскапи и толку беше, сега кога ќе ставам ефтина слушалка се осеќам ужасно. Од ефтини жичани има доста кинески IEM што се многу фино направени, исто така жичани слушалки се релативно многу добри само провери на нет какви се, има многу ефтини опции со добар звук (не користам веќе жичани затоа што жиците ми беа проблем).
Никад не си ми јасна. Ама сеа ич. Пред една недела прашуваше дали е расфлање да земеш нов, а имаш нов. Ти кажаа дека е. Добро. 1 week later: ќе зеам 14ка, ама овој не го давам пошо сум стипса. или си стипса или ,,растурикуќа”
Пред да цитирате некого, прашајте се прво дали ви се дебатира воопшто на темата, а не после да ја пуните со бескорисни "нема што ја да објаснувам" коментари. Ако немате што да објаснувате, значи сте си кажале што сте имале да кажете и едноставно не трупајте со безвезе непотребни зборови, глупо е.
Прашање до членките: со што се покривате навечер за спиење? Јас летото со еден чаршав само ама сега нели освежи овие дена, пробав сменив едно слабо јорганче од домео сиена мислам се викаше…абе изгорев од жешко а со чаршавот ми е страв осеќам свежо ми е кај полојната….