Фротирка уште, ама и плишано ќебе имам од страна. Плус уште спијам со летни пижами и отворен прозор. Веќе у 12-1 ладно е.
Сите сме силни на зборови, без оглед за што се работи. Секој од нас теоретски е многу поткован и знае сé и сешто, ама кога ќе дојде време да се покажеме со конкретни дела, т’нка работа. Ова важи за секој сегмент од нашава живеачка!
Со летен танок јорган, но да залади уште малку ќе си фрлам ќебе и ќе си облечам чорапи. Не трпам студ особено в нозе. Ако ми е жешко регулирам со едната нога надвор.
Две вечери веќе почнав со подебело ќебе да се покривам, а од синоќа и со долги пижами, толку беше од летните. И погодено ми е, доволно топло.
Исто како летоска со чаршав, и кратки пижами или подолга блуза само и да, секако отворен прозор. Ајде бе реков уште е лето календарски. Разликата е што тогаш и така разголени нели ни беше на повеќето прежешко, што ќе ни е нешто за покривање, ај навика, а сеа си е посвежичко, и мене ми е таман само со ова. Како е подобро според мене? Секако да е свежо и да се дише. И најдоброто од се што без клима се седи. Шубаво вака, ни за ладење ни за топлење да не ти треба.
Искрено, од аздис, нит ми треба, нит па нешто многу се замарам со сликање, така, од чиста мира.. Имам до кревет секогаш чаршаф за покривање и дормео плишано ќебе за покривање, ако ми е малку ладно само со чаршаф, а ако ми е многу ладно и со ќебе и со чаршаф, а ако не ми е ич ладно со ништо, оваа комбинација ја терам секогаш, во секое годишно време..
Со тенок покривач од Дормео или со тенки ќебиња. Такви ќебиња има во Базаро, а понекогаш и во маркетите носат за продавање. Како сакаш. Ама, штом не ти треба мислам дека најдобро е да направиш како што ти реков претходно. Почекај телефонот да ти направи година или нешто над година. Па, ако му се појави некој проблем, ќе имаш и подобра причина за да си купиш друг.
Резултати од вежбање - облеков панталони што ги немав облечено неколку месеци и едвај ги дигнав и како што седнав со нив, пукна патентот. И среќа дома ова.
Многу зимурливи луѓе овде. Јас до некни уште по гаќи спиев само. Пижами на 40+ никој не може да ме убеди да облечам, ќе прегорам. Вчера прв пат облеков едни кратки пижами, и фротирка, се препотив, склет ме фати, и ги соблеков.
Од вести од светот за денес издвојуваме : „Ми изгледаа како совршено семејство“. Пријателите на Кристина Јоксимовиќ, швајцарската манекенка и манекенка со српско потекло, која беше убиена од нејзиниот сопруг, а потоа сомелена во блендер, се во шок поради грозоморното злосторство. Таа ја освоила титулата Мис на северозападна Швајцарија во 2003 година и била финалистка за Мис на Швајцарија во 2008 година. https://a1on.mk/world/manekenkata-kristina-joksimovikj-ja-ubil-soprugot-teloto-go-melel-vo-blender/ Шо сакав да кажам ? Ах да...... Се почнува со фразата „Ми изгледаа како совршено семејство“ Ехееее колку познавам такви , битно за пред народ се НАЈСРЕЌНОТО И НАЈСОВРШЕНОТО семејство бла бла бла лигавење левел 1000 ка
Па добро, и ја да пунам телефон надвор, и да пуштам машини еднаш у неделата. Ќе иам пари секој месец телефон да зиам
Со фротирка и жешко ми е, се откривам. Вчера тука дека имаше сонце, денски беше посвежо внатре, навечер надвор кога е свежо внатре е потопло. Денес врне и таман си е внатре.
Правев мафини со потечна смеса. Штодека испаднаа вкусни кога сега ја имам цела кујна за чистење. Сега сум ваква: Дневник на кумановец во Канада 19 август: Уселисмо се у нашу нову куќу у Торонто. Сви смо среќни и узбудени. Овдека е такој убаво. Пуно паркови и зеленило. Може да замислу како ќе биде зимуске. Одвај чекам да падне снег и да ги покрие овија паркови и ридчиња, па да се санкамо и гаѓамо с’с топке. Колко ќе биде убаво. 14 октомври: Канада. Тој е најубава земља на свет. Листови почнасва да се сушив и боив у најразличити нијансе на жуто, црвено и помаранџасто. Вози се на север од Торонто и виде елени. Толку су убави. Тој су најубави животни на свет. Овдека ми изгледа како у рај. Много гу сакам Канаду. 11 новембар: Thanksgiving day (Канадски државан празник). Лов на елени само што не е почнаја. Не могу да замислу некој да може да убие такву питому животињу. Надам се дека брзо ќе падне снег. Веќ куписмо санку и скије. Само још снег ни фали. Такој е убаво овдека. 2 децембар: Синоќа падна и прв снег. Сабајле к’д стана све беше покриено с’с бел покривач. Све изгледа како на разгледнице. Искочимо надвор, очистимо да снег пред куќу и после се гаѓасмо с’с топке (ја победи). К’д пројде машина за чистење на снег, нафрља малко снег у двор, па искочисмо поново да га очистимо излаз на улицу. Колко е убава Канада. Много гу сакам. 12 децембар: Синоќа па пада снег. Одсабајле закасни на работу, зашто немога да га истерам авто на улицу. Све беше завеано. Овдека е стварно много убаво, само малко сам уморан од чистење снег. Д’нска цело попладне чисти. Деца имале за домашно, а жена прави ручак. Испушти си гу моју емисију на ТВ. Еве гу па машина за чистење снег. Не могу, уморан сам. Одсабајле ќе очисту. 22 децембар: Овој бело срање па пада синоќа. Од чистење снег доби жуљеви, а и грб ме боли. Ов`ј мајмун с`с машину како да седи поза ќоше и чека. Чим падне снег и ја га очисту, те ти га одма доваѓа и нафрља га снег назад у двор. Покварењак. 25 децембар: Среќан леден Божиќ. Бело срање пада ли пада. А ако случајно га виду онога што вози машину за чистење снег, ќе ме запамти. А и овија што посипуев сол, што не стављав повише па побрзо да се стопи, него штедив. 27 децембар: Овој јоште пада. Три д`на не сам искочија надвор, едино к`д чисту снег. Нигде не идемо. Све е затрупано с`с снег. Пред куќу брдо од снег. А и доста е ладно. Викав дека вечер ќе биде -35, а и снег ќе пада. Нафркале смо га. 28 децембар: Прогноза беше погрешна. Наместо 5 сантиметра, падна пола метар. Ако овакој продужи, ќе не затрупа па неможемо да видимо сл`нце ч`к до лето. Скије што ги купи ќе ги замену на пролет с`с скије за воду. Нема ништо од скијање овдека. Он`ј с`с машину дојде куде мене да тражи лопату, зашто машина за чистење снег му се заглавила. Кажа му дека дос`га сам скршија 3 лопати чистејќи га т`ј његов снег, а и овуј не го жалу да гу скршу од његову главу. Избега како попарен. Нема т`ј више да проваѓа у нашу улицу. 4 јануари: Најпосле искочи од куќу. Отиде до продавницу да купу нешто за едење, и на враќање удари с`с кола у еднога елена. Три иљаде долара штета. Мајку им еленску, куде нашле с`га у сред зиму да се шетав. Море треба све да ги испотепав. Куде су тија ловци што су работале у есен? Овој га има само у Канаду. Куде нас ни куче нема да видиш зимуске, а камоли елен да се шета. Еј, куде сам ја дошија. 3 мај: Д`н`ска га одвезе авто куде механичара. Просто да не веруеш колко за’рѓало од т`ј сол што с`с камиони га фрљав по улице. Не им се чисти снег па сипи сол. Ќе треба да даду још две иљаде за да га спрему авто за другу зиму и јоште сол. 10 мај: К`д собра све на све, паре, мука, здравје, нервоза, реши да се селимо и да идемо на Флориду. Тамо ќе се скијамо, ама на воду. Не могу да замислу како нормалан човек може да живи овдека. А на разгледнице све беше убаво...
Од сношти веќе со дупло кебе, не знам дали е дупло али подебелко е, исто и долги пижами долен дел а горе уште со кратки. Шорцеви веќе баталив, ги заменив со тренерки, од некни и маица под блуза. Од сабота уште ќе паѓаат температурите, 17-20 степени ќе се. Есента доаѓаа..