Психички не сум спрена за вадење кебе сеуште, па се шетам уште по летни пижами и не сакам да прифатам дека е ладно, па уште се покривам со фротирка и се тресам на вечер како будала
СДК, имате во Caliope добар попуст на летна колекција, јас денес бев, имаше купаќи за 79 денари, маички од 99 до 150 денари, фармерки имаше исто, ама повеќето беа С величина преостанати, по 300 денари, фустани по 99 денари летни..
Многу сакам да се возам во возов. Мислам дека со скенирање фискални сметки за МојДДВ ќе успеам некогаш да соберам доволно пари.
Зошто ако имаме инфлација а сакаме да ја решиме, не го викнеме претседателот Макрон и да го киднапираме? Со парите од откупот ќе се решат мн работи
Од вести од светот за денес актуелно издвојуваме : „Овде во Шведска најмуваат убијци да вршат убиства во Данска. И тие се секогаш малолетни“, изјави тој за Euronews и објасни зошто се толку млади. „Поевтино е. И ако ги фатат, нема да добијат долгорочна казна“, додава полицаецот Сјогрен. Нападите вклучувале употреба на пиштоли, бомби, па дури и рачни гранати. Прекуграничниот криминал меѓу Данска и Шведска резултираше со работа на данската полиција во Шведска и обратно. Шведска со години се бори со насилство од бандите, додека Данска исто така има насилство поврзано со банди, но во помал обем. А почнува со реченицата : Кога шетате низ Малме, сè изгледа многу идилично. https://www.vesti.mk/article/66e331e77ade7b880fea3d02 Шо сакав да кажам ? Аха , не е никаде идеално и ме нервира кога некој ќе кажува муабети како у Шведска или Данска се живеело прекрасно , се е розево , се однесува на наши иселеници кои долги години живеат таму. Значи, не е во ред цело време да величиш нешто кога реалната слика не е баш сјајна. Никаде нема безбедно место за живеење.
Се сеќавате ли кога ви пишав дека оваа година имам за цел да вкусам 20 различни вина? Летово, поради жештините, таа цел ми беше ставена on hold, и освен некои овошни, Сангрии, на кои не сум голем љубител немав пробано ништо. Сега, кога времево почна да станува поладно се вратив на виното, и имав можност да посетам една македонска винарија која ја немав посетено, а како тинејџер, нивното вино ми беше омилено и секогаш го купував. Одлично беше, дури и над моите очекувања. Ќе идам пак, сигурно, треба да пробам и од црвените. Деновиве сум доста во гужва, што со работа, што со спремање за едно подалечно патување. До сега не сум бил толку далеку и малку ме фаќа еуфорија како ќе помине летот. Не сум некој што обожава долги летови. Последниве денови па и бев преполн со работа. Имав состанок со мој клиент, кој беше многу задоволен од досегашната работа, ииии, ми даде уште работа, еден тон. Па, иако беше договорено да се започне покасно, во Октомври, не можев туку така да седам и го започнав веднаш. 10-12 часа напоредно работење на две места е доста исцрпувачки. Ама кога имаш бесплатна масажа, приготвена храна, и техничка помош (најбитно), се може да се заврши. Па така, нешто што требаше да се работи со недели се заврши (скоро скроз) за 3 дена. Вчера викам, доста е, толку од работа. Што е завршено, завршено е, останатото ќе чека. Ајде да одиме некаде, да се опуштиме, да јадеме, секако, и на винце. Немаше некој голем избор, па се одбра розе од Бовин. Иако не сум љубител на таквите вина, ова одлично ми легна со храната, музиката и целиот амбиент. 14/20 Преубава вечер. Сега време е да пакувам куфери и ментално да се спремам. Се читаме од плажа.
Петок 13, таман ќе си речиш шо убав мирен ден и погоди кој ќе се најде да ти го засере денот Ај погоди од прва ...... Спојлер: ......... Ќе си речиш ајде пред викенд да се слушнам со мајка ми и одма карање. Боже, не ми се верува дека сум толку различна во сфаќањата со моиве , ејјј, се испокаравме и баш ми го засра денов Туку ај да си пуштам музика за опуштање за да ми помине нервозата. Иначе , која форумџика имаше спомнато муабет поврзано со сликата ? Па има вистина ова....... Јен, два ....
Каков Петок 13 човече, куркума собирав од под два саати, чисти чисти, згора на се рацете ми се жолти сега а вечер одам на одмор..
Топла препорака од мене за не многу пари околу 640 денари 750мл : КОРИА од венец. Ако си љубител на бело вино мислам дека ќе ти дојде топ. Иначе браво за успехот и трудот,убав помин каде и да патуваш
Фала ти на препораката. Да, бели, и тоа баш Темјаника како сорта на вино ми е најдобра. Сакам по слатки вина со цветна арома во последно време. Грашевина пример не обожавам. Тешките црвени гледам да ги избегнувам. Ќе ги оставам за зимските празници. А, и од овие 14 што ги пробав оваа година повеќето се Темјаника, само од различен производител, берба, и секако квалитет. Знаеш ли каде може да се најде КОРИА? Баш би сакал да го пробам
Размислував и сега гледам баш кога сум на пат. Се може да се види на нет. Не вреди да се слика. Само дружењето вреди гледањето не.
Види ако не можеш да најдеш по маркети ќе ти пуштам по карго ние тука по тиквешиата ги имаме секаде, незнам стварно кај може у скопје да се најде
Можеме комотно да ја распуштиме државава. Фејк докторка од Гевгелија разоткриена после 8 години работа како доктор. И тоа специјализирала за анестезиолог. https://www.slobodenpecat.mk/doktor...N-9vP9S0LWWrycCIqw_aem_qx31UE9vT515oeZ0uHVhGA Анестезиолог...тој во кој најмногу се крстиш пред операција Не седете на цименто и промаја, јадете здраво и ако ви треба операција недајбоже, сами со ножеви и клешти оперирајте се како знаете и умеете.
Иначе, озбилно со ќебињa спиете? Не е уште толку ладно бе. Како и да е, едвај чекам есенски ноќи под ќебиња. Има нешто во есента што не може да се долови.Јас сум едноставно јас во есен. Сите сезони си ги сакам, ама есента и зимата највеќе. А и свежо време=ладна глава. Доста беа летни горештини, молим лепо. Лето фала, ама време е за есен.