Љубомора, наместо човек сам да си успее, љубомори на друг, зошто успеал.Тоа е, некои не можат да се помират со тоа, дозволиле егото да им никне и лом да направи.Човек може се да направи ако сака и може. Се уште не можам да верувам дека има љубоморни луѓе, а не дека ми е тоа нешто ново.
Ako не си сигурен дека треба да одиш по тој пат сменија насоката додека имаш време ,не оди таму каде што нема ни сон ни вистина,за потоа да не си речеш тоа не сум јас тоа е некој што ме глуми ,да ке си речеш но касно ке биде. Good night
Можеби е до мене. Можеби јас сум проблемот. Можеби јас сум таа која ги оддалечува луѓето. Можеби јас сум таа која треба да се промени,а не другите околу мене. Можеби....
Значи не постојат зборови со кои можам да опишам колку не ми се учи . Ако ми е останат само еден испит до дипломиирање и сите ми викат дека тоа треба да ми биде најголема мотивација, ЈАС НЕ МОЖАМ ДА СЕ МОТИВИРАМ! Ми се гледаат филмови, серии, ми се зјапа во комарци што стојат наопаку на таванот... Сакам да положам веќе еднаш и оваа последната книга да сокинам, на најситни делчиња и да ја собарам во црна вреќа за ѓубре затоа што е огромна и само таму ќе ја собере Добра ноќ на сите, јас се враќам над книгиштето
Таа е толку смирена, секогаш насмеана, позитивна, никогаш не избувнува, има тело како богиња, лице природно и прекрасно без грам шминка.....и се прашува дали е згодна и дали е убава. Не. Не е тоа од скромност. Тоа е од што некој деген и рекол дека не е. Ете. Така ни е*аваат психа мажите.
Џабе, не можам и не можам да сфатам како можат да постојат толку неодговорни луѓе. Да се само они во прашање, ако, терај си го филмот, ама кога те чекаат тројца, а ти упорно со прст не мрдаш, е тоа ме ваѓа од кожа. И најтрагично од се е што во моментов само овде ќе се испукам! !!!!!!!
СДК Дека оние што сакаат да се вработат ,мора да обезбедат криминално досие за да ги проверат, нели така треба. Секторот за истрага ја завршува работата не повеќе од 2 дена пред почетокот на нивното вработување. Можете да се јавите во вашата локална полициска станица или во други организации кои ја обезбедуваат оваа услуга за да се добие криминално досие за вработување. Пријатно, убав ден.
Леле Далерон без навреда јас те цитирав да ти го кажам ова. Кога те читам ми личиш на една професорка што ја мразев на факс. Извини без навреда. Абе толку си директна некад мислам сакаш да си се соочиме со реалноста. И да го надминеме тоа. А на моменти не вадиш од такт. хахаха
Мене пак тие што ги опишуваш (тие што се убави и „мислат“ дека не се) многу ми се дигнати. Не дека им љубоморам или нешто такво, јас си се допаѓам каква што сум. Тие се свесни за својата убавина, и со тоа „лелее грда сум“ само всушност изнудуваат комплименти и треба сега сите да им викаме „нормална ли сите, гледај колку си убава, види ме мене“. Особено оние по фејсбук „грда сум јас, ама сликава е само за Живка“ Ми доаѓа да им напишам „Да, грда си.“ Извини ако сум те сфатила погрешно, мене на тоа ме асоцира. Грда сум, кажи ми дека сум убава.
Луѓево откачуваат...абе сакам да мислам дека Обама не е црнец, ама постојано го покажуваат како таков дури којзнае дали постои, ама нонстоп го има може па Опра и таа не е црнкиња, може само се исончала премногу
Собирам пари,заштедувам со месеци,планови во глава илјада за тоа како да ги искористам и со едно излегување ја трошам скоро целата заштеда И само за глупости ,од кога ќе се вратам дома гледам дека пола работи што сум ги купила веќе ги имам. Ама тоа е бикче си сака шопинг уживање да имааа од се до се се надевам дека ќе се научам вистински да штедам. Мајка ми често ми вели : трошиш затоа што имаш, но немаш никаква обврска за давачки и плаќање,еден ден кога ќе имаш куќа на глава, семејство ќе видиш како ќе гледаш да заштедиш што повеќе и да се скратиш од повеќе задоволства .Во право е жената не велам не Советот на мама е секогаш кажан во најдобра смисла и е најдобронамерен. Велат: колку повеќе растеш и старееш советите од мајка се повеќе ќе ти паѓаат на ум и ќе се сеќаваш на нив во секој момент. И оваа е многу точно,во последно време често си ја потврдувам оваа реченица. Иако денот е облачен сигурна сум дека сите имате причина за насмевка И јас имам многу причини за насмевка,убаво ми е,се смешкам на сите на оние што ги познавам и на оние што првпат ги гледам, затоа што нема ништо поубаво од тоа околу себе да гледаш среќни лица. Ви посакувам на сите остатокот од денот да ви помине во добро расположение
Добро од сега нема да бидам директна и реална, ќе си живеам во некој имагинарен свет. Абе денес нешто многу се навредувате од моите постови, изгледа треба да одморам малку од фемина.
Како што поминува времето така се повеќе ми фали детството и безгрижноста.... Знаете, оној период во животот кога ништо не зависи од нас, се радуваме на мали работи, друг го планира нашето секојдневие. Ме обзема носталгија и тага....истовремено и страв од иднината. Сетете се само колку соништа и замисли сте имале во детството, колку од нив сте успеале да ги претворите во реалност? Зборувам за оние детски, најискрени мечти. Некако со текот на растењето, влегуваме во машинеријата на монотинијата и идентично секојдневие. Кога последен пат сте направиле нешто за првпат? Некоја лудост, исполнување на стара желба која била сокриена во длабочината на вашата душа? Ми недостига магијата на детството. Тогаш верував во чуда. Бев уверена дека има правда на овој свет. Да не бидам сфатена погрешно, не дека нема правда...но се е толку комплицирано. Секојдневно сме сведоци на тешки неправди, како да се остане нормален во такво опкружување? Можеби со магија? Будење на детето во себе, создавање на сопствен свет на фантазија каде имаме контрола на нештата и животот е убав? Мили мои феминки, барем на еден ден, еден миг, разбудете го детето во себе, сетете се на нештата што ве правеле среќни порано. Можеби се уште не е доцна истите да ги претворите во реалност Малку е потребно за среќа, внесете разновидност во секојдневието. Сетете се на старите страсти и оживејте ги!
Пред инвентивниве по социјалниве мрежи да си препишат заслуги дека се страшно креативни, да ви кажам од кај им е идејата. Повелете. http://www.depressedcopywriter.com/ Сарказмот и иронијата секогаш се на цена, со тоа што кај нас се сите плагијатори. Голотијата одамна стана рандом.
Денес сум немтур Штрумфот Мрзалко. Си мрчам како баба во преполн автобус. Се’ нешто ми пречи. In a терсене жена state of mind. And it's not even PMS! Што да правам,одредени видови на луѓе,кои од ендемски станаа буквално 90% од човековата популација одлучија да ми направат Олимпијада на нервиве. Не можам да поднесам сингл досадни другарки кои што постојано зборуваат за тоа дека сакаат дечко,а кога конечно ќе престанат,кажуваат дека не им требал дечко,силни девојки биле,штурци палци. Не можам да поднесам петнаесет годишни девојчиња кои што јадат чоколадо за тринаесет годишните,и како во нивно време било подобро,немало интернет... Но,секоја им чест,јас не памтам вчера што сум јадела,тие памтат какви биле времињата уште пред да бидат во план и пред да им се запознаат родителите. И да,машките другари се најдобри другари. Андреј,те обожавам. А ти, „најдобра другарке’’,тројка со Кончита и Тупурко да имаш. Сите кои што ме изнервиравте денеска,грашак да јадете. Чудното е што денов,всушност ми е супер. Само знам дека остатокот од него ќе ми биде компир манџа,па да се изнервирам сега,за да бидам лабава и позитивна после. Фак лоџик. Ко што би рекле од селото Подвис кај прадедо ми - Нопак човек. Се’ наопаку.
Aј со среќа нека ни е, ќе имаме екстерно и на факултет Не бе не е доволно што имавме вакви стресови во средно па и на факултет А на студентите не им се доволни колоквиуми и испити на книги од по 500+ страни па и ова Поглуп закон не можеа да донесат Доказ дека не бладам http://telma.com.mk/vesti/eksterno-i-za-studentite
Ехее, не за џабе велат старите: Убавите круши, свињите ги јадат, само што овој пат може и крушите да скапат