Температура под 10 степени е депресија. Времево е убаво само кога си под ќебе/јорган или пред греалка/шпорет/клима, инаку не се живее. Сакав и јас есен ама ова одма дојде зима, со температуриве од 25 на 7 степени што паднаа, уште снег фали, а и ќе го има за брзо. Да си го средам денес плакарот, директ дебелата облека на дофат да ја наредам.
Ништо де. Фати си ја. Прашање на вкус е. Ако мене не ми е ок, не значи дека мора и на вас да не ви е. Прајте шо сакате, мислиш гајле ми е
Како сам ќе си направиш, така ќе ти биде. Пролет ми е омилена сезона, а и летото си го сакам, пишав поезија за него кога почна. Есен исто така сакам, но е предвесник на грдата зима, која ја мразам поради градов. Да би живеела на поубаво место, мислам дека и зимата би ја сакала. Но Скопје е одвратно зимски период. Туку, за оваа есен имам неколку идеи, за да си ја направам интересна. Прво, планирам конечно да ги прочитам книгите со Хари Потер, со надеж дека редовно ќе ги наоѓам во библиотека. Одамна сакав да ги исчитам, па мислам дека е право време. Второ, планирам да откажам кафе. Ќе се фокусирам на чаеви за полесно да го баталам. Сакам да видам како ќе ми е без, дали ќе помогне со намалување на анкс и подобрување на сон. Трето, планирам да откажам алкохол. Не дека пиев и до сега кој знае колку, ама летово некако зачестив викендашки да барам релаксација во пиво. Нејќам да ми стане навика, па ќе го откажам скроз. Четврто, планирам да земам тегчиња за зглобови, за раце и за нозе, па да го "подобрам" движењето ко физичка активност. Петто, ќе му се придружам на маж ми во гледањето хорори, обично ми се глупави, ама дефинитивно есента дава мрачни вајбс погодни за гледање на такви филмови, па ај барем ќе си правиме spooky date nights. Шесто, се подновив со нови високи патичиња, плус неколку џемперчиња, и уште да најдам нормални не oversized дуксери, и опремена сум за лабаво и удобно седење секаде и секогаш. Ми фали и добра кабаница за на точак и спремна сум. Седмо, им се радувам на прошетките што ќе ги правиме во парк, може да припремам и некој пикник, одамна имам желба. Чајче во термос, некое лиснато, крцкаво јаболче, гушкања. Мислам дека и на малово ќе и' се допадне. Осмо, од пинтерест си обезбедив еден куп arts & crafts активности за дружба со малава, се осеќам најспремна до сеа за седење по дома. Планирам и да се испробам во air dry глина, одамна имам желба. Деветто, ќе почнам пак да играм игрици, ќе почнам со некоја ултра лабава ко Animal Crossing или Palia. Језда за игрицива најмалце ќе форсирам и издвојувам време, можда некад. Десетто, ќе ги направам сите можни супи што ќе ми фатат око, планирам да експериментирам и комбинирам. Ќе ми текне уште нешто сигурно, сеа за сеа тоа е планот.
Никој не е во ничија кожа, никој. Никој нема ниту основно право да ви кажува или да ви соли памет како да се однесувате, живеете или како треба да се чувствувате. Исти сме само во основните потреби за љубов, разбирање, прифаќање. Нијансите ни се толку многу различни што сметам дека е невидена дрскост да ви кажува било кој какви сте, да ве става во калап, да ве суди или да ви се прави силен преку тастатура. Сé додека сметките си ги плаќате сами, сé додека вие си знаете како го врвите денот и колку се вложувате себеси за да ви тече животот во рамките на вашите потреби, никого да не есапите...па ни мене. Ако се завртам наназад, по сите вакви стереотипи и генерализирања, излегува дека сум повеќе маж отколку жена. Ако се навратам на различни периоди од животот, сум била најпосветена, ама и најраспуштена жена, најмајка и најнемајка. И знаете што? Баш ме заболе кој во која категорија ќе ме смести, оти сите ние имаме само една улога во животот, а тоа е да бидеме ЛУЃЕ. Бивањето ЛУЃЕ подразбира да си ги почитуваме разликите и да не мафтаме со прстето за да искараме некого, оти додека не прошетаме во чевлите на оној во кој вперуваме прст, никогаш нема да знаеме низ што поминува. Универзална вистина која се заснова на индивидуално мислење не постои (колку и да сме убедени дека сме најпаметни на светов), а за делење правда па и да не правиме муабет. Најлесно и наједноставно е кога си седиме во нашиот меур од сапуница и само паметуваме кој каков е, што треба или не треба да стори. Отстрана најлесно и најудобно е кога паметуваш и кажуваш како треба, оти секој од нас најумен е кога на другиот треба да му каже како патот да го оди!
Среќата се достигнува најтешко (или долг статус, кој можеби ќе остане непрочитан) Најпрвин, сакам да кажам дека ова не го замислувам како селф-хелп, токсично позитивен статус или што и да е. Никого не обвинувам затоа што е несреќен. Никого не обвинувам затоа што е депресивен. Никого не обвинувам затоа што е тажен. Разбирам што е сето тоа. Нашата појдовна точка во овој свет е да бидеме несреќни. Сме се родиле без избор. Сме се родиле од родители кои не сме можеле да ги избереме (Среќа, кај мене еден од родителите е одличен). Сме се родиле во околина без да имаме избор. Некои од нас ги губат родителите многу рано. Некои во гроб, други во алкохолизам. Стекнуваме први пријателства. Губиме први пријателства. Се заљубуваме. Некогаш во погрешни личности (иако, лично, сметам дека не може да се заљубиме во погрешна личност). Некои од нас се тепани од луѓето кои нѐ донеле на овој свет. Се раѓаме во различни класи, некои од нас се посреќни, некои од нас се помалку среќни - во ситуацијата во која немале глас. Менуваме средини, блиски менуваат средини. Како што раснеме, учиме за сите злосторства што се случуваат во светот. Учиме за геноцидот во Босна, учиме за геноцидот во Палестина, учиме за Првата светска војна, учиме за Втората светска војна, учиме за сѐ што се случувало на нашите простори, учиме за војните во Екс-Ју, учиме за Индијанците, учиме за колониите. Гледаме злосторства околу нас, читаме за фемицидите кои се случуваат постојано околу нас, за сите жени/девојки кои умираат од рацете на тој кој што наводно ги сака, сите имаме или самите сме сведоци/жртви на семејно насилство, физичко или психичко. Имаме или немаме, а може да имаме другари/роднини/слично кои умреле/се самоубиле млади. Семејни трауми. Пренесување на семејни трауми. Првпат алкохол на 12 години (јас не), првпат дрога на 14 години (јас не), заглавување во светот на пороците (јас не), силувања. Постојат луѓе кои ги знам, кои уште од најрани години се сретнале со хероинот (некои и не се разделија со хероинот), постои човек од моето поголемо друштво кој од прва средно се дружи со хероинот (јас имам речиси 33 години, тоа е долга дружба). И така натаму, и така натаму. Јас знам, знам како е да се биде долу, како е да се мразиш самиот себеси секој ден, цел ден, вечно. Знам како е да се осудиш, првин самиот себеси на пропаст, а потоа да те осудат и другите на пропаст. Знам како е да се чека да се заспие само за да се заврши денот, а да се почне еден нов ден кој е истиот како и сите претходни. Знам како е да се гледа во амбисот и да се станува полека заљубен во амбисот, таа провалија која е толку репетитивна и толку лесно впива. Знам како е да се прават работи во животот само за да се отргнеме од себеси. Колку години слушав музика, читав книги, шетав, патував, се дружев само за да заборавам кој сум, за после тоа да се вратам повторно на самиот себеси, тој кој не се сакав. Наоѓав замени за својата несреќа во секоја активност која ја извршував и ниедна активност не успевав да најдам сила да ја завршам. Свесен сум колку блиски односи сум нарушил само затоа што немав сила да ги водам. Свесен сум колку сум односи сум ги нарушил само затоа што не можев да погледнам друг човек (човек кој не сум јас, човек кој не можам да ја пренесам сопствената несреќа, како искуство макар). Јас сум човек, кој ја чувствува и секоја неправда, секоја болка која ја чувствувал тој човек кој бил до мене, била и моја болка. Но, долго време, иако чувствувајќи и сочувствувајќи со сета болка, не успевав да најдам јазик со кој би можел да допрам до другиот. Да бидам тука и сега, присутен и за својата болка, но пред сѐ, за болката на другиот. Јас не се обвинувам за сите мои пропуштени прилики во животот, за сите грешки кои сум ги направил од причина на неуспех на справување со себеси. Не се обвинувам, но си простив. И така натаму. Но, како да се стигне до малку повеќе среќа и задоволство? Никогаш тоа не е прашање кое може да добие универзален одговор. Дали, и тој што може да најде одговор - може да најде сили да го направи тој чекор? Дали има услови да го направи тој исчекор? Не сите го имаат тој комфорт. За себе, јас го најдов начинот. За мене беше едноставно затоа што јас ја имам и поддршката, условите кои се потребни да направам еден длабок и радикален рез во мојот живот. И колку повеќе да навлегувам во себе, тој порив да излегува кон Другиот. Конечно, после десетина години - повторно уживам со целото мое срце во тоа да читам книги, да слушам музика, да зборувам со луѓе, да се дружам, да имам идеја што следува, да правам планови, да реализирам планови. Секој ден ми е ден во кој се чувствувам како станувам сѐ повеќе и повеќе тој човек кој го сакам. Сакајќи ги луѓето, сакајќи ги животните. Да се смеам, да се радувам. Сѐ повеќе успевам да најдам јазик за Другиот, иако секогаш сум го чувствувал, туку и да пренесам тоа што го чувствувам. Јас знам дека има многу пат до достигнување на баш среќа и баш задоволство. Но, сѐ повеќе уживам во ова чудо наречено живот. (не се плашете, никогаш нема да отидам на планина и никогаш нема да станам религиозен). Понекогаш, прочистувањето е едноставно. Не знам која е причината да го напишам сево ова. Но, сакав да го направам тоа и го направив.
@MissChievous ќе пишам од аспект на некој шо напрај дел од промените кои ти се во план. Намалено кафе ми намали анксиозност ама после од прилика 2 месеци не пиење. 2 месеци бев уморна, иритабилна, под притисок. Сепак кај мене кафето беше завист. Не знам колку пиеш сега ама имај го ова на ум ако одиш cold turkey. Исто така од кога се врви оваа фаза шо е потешка, после дефинитивно си наспан без кафе, расонет, со поќе енергија и помалку анксиозност. Од тогаш пијам по едно до две, не секој ден. Некогаш и со недели не пијам и не осеќам тој ефект шо го осеќав ко пиев над две кафиња во ден (5-6 лол). Така да те охрабрувам во одлуката. Исто така ептен ми се бендиса вака "сезонски цели" поставување. Има шанси да си напрам листа во планерот.
Кај мене од првиот ден кога го скратив третото кафе треморот во рацете ми го снема, а анксот дефинитивно се намали но не изчезна.
Наместо крема за сончање за на одмор во Септември требаше да си купам чадор за дожд поголем некој и волнени чорапи, како дојдовме врне, еден ден не престана.
Значи дали сум единствена што ако нема вода до мене тогаш не јадам чоколадо. Вода после чоколадо ми е најјјслатката вода . Да си кажам де .
Не си, еве и јас ако нема ракија до мене салата ич не ја ни почнувам да ја мезам, вкусот на ракијата после салатата ми е ко лек за душата, едноставно такви сме без течност до нас не ни оди јадењето Не дека не праша некој, ама ете да си кажиме де
Толку беше, ја отворив сезоната на ќебиња и чорапи, и за надвор палта, а некни само пишував наскоро дека ќе биди. Многу нагло ова залади па, беше пеколно жешко ама не сме навикнати на оваа разлика, особено ние зиморливите. Седам по дуксер и камен ладни раце нозе ми се.
Ептен нагла промена. Вчера и со ќебиња и со јорган се покрив. Деновиве и подебелите дуксери на перење, па да бидат спремни.
Обожавам есен. Ладно време. Дожд. Оживувам кога наутро ме буди пригушена светлина. Собата тмурна и меланхонична. Кога ќе отворам прозор и ме наежува ладен утрински воздух. Обожавам дебели ќебиња и чувството кога ќе се стопам под нив после напорен ден. Обожавам што е совршено ладно да се носат блузи ама со нив потенки, слатки јакни за разлика од зима. И така испаѓаат најубави слоеви на облека. Обожавам да читам кога е есен. Обожавам да постојам кога е есен. Фала ти што дојде порано годинава. А најмногу од се, фала ти за се што будиш во мене. Спојлер Бев на одмор на почеток на септември (never again) и кога се вратив бев лута што сум ја пропуштила транзицијата. Едвај чекав да почнам со моите љубовни писма за есен, ова е мое време.
Вечер е време за опсесивни изливи. Или да се седи и типка на интернет, без видлив соговорник, да се праќаат кодирани радио пораки кон електронскава Кумова слама, колку да се види дали има живот таму некаде, или па, опсесивно да се испитува кумулативниот ефектот на топлина и безусловна љубов скриен во некои видови слатко благо...
Ај реков да се измијам да ми олесни седам така гол по гајчи, кај ме најде да ти ебам комарецо на ладново време ме прекаса на газ. Сеа нема да си легнам дури не го фатам.