Добро утро Слободен ден, ама затоа ќе го работам сабота. Пуштена перална , пијам чајче, јадам плазма кекс и гледам ентериери , може ќе ми дојде некоја идеја да обновам по дома, да разместам нешто. Не знам за вас, ама јас УЖИВАМ во бело, ептен чисто ми делува , а се што е шарено ми ги замара очите. Друга работа што ми смета е кога е пренатрупано со ствари , буквално ми го гуши просторот. Избегавам секакви украси, гледам поминијатурно, ем полесно е за одржување и чистење, ем изгледа поуредно. Џиџи миџи ми смета. Да допијам чајчето ќе правам список за пазарување. А во позадина музиче, најново хитче ...итс океј
Лекарската Комора бара проверка на валидноста на лиценците на сите вработени во здравствените установи. Дополнителна причина за загриженост има кај ЛК, поради тоа што тие поседуваат доста лиценци кои не се подигнати. Воедно од ЛК, инсистираат и факултетите пред да даваат специјализација да прават вакви проверки кои наводно не биле стандардна пракса, истото се однесува и на ФЗОМ и МЗ пред да издадат дозвола за работа на ПЗУ. Меѓутоа министерот за здравство, Арбен Таравари смета дека моменталната пракса е доволна и нема потреба од промени во овој домен. Нешто не ми штима овде. Ќе да е полоша работата отколку што иницијално се мислеше…
@Waverly Raven јас мислам дека докторкава не е единствена, сигурно има и други како неа. И за да направиш така ти треба позадина, не е случајно, сигурно некој и помогнал
Да да и јас мислам дека има некаква позадина, т.е. некој и гарантирал сигурност. Се надевам дека ЈО од Гевгелија ќе постапува соодветно, а воедно се надевам ќе има и поостри реакции од стручната фела кои моментално се сведени само на постови и коментари на ФБ. Жално е што МЗ не покрена поголема иницијатива, бидејќи не е прв обелоденет случај, а очигледно ситуацијава не се подобрува.
Bullying is unacceptable, затоа тато ќе биде уште поголем bully, јавно ќе ја осрамоти ќерка му и да биде обележана за цел живот кога некој ќе ја пребара. Поголемо силеџиство од тоа амин. 10 годишно дете. Пу јазк.
А сакаш да ми кажеш дека досега тие што отвораат ПЗУ не им се проверуваат лиценците? Или јас нешто пропуштам
Два пати ја симнале од училишен автобус зашто закачала други деца, замисли колку деца ќе имаат трауми ако не успее да и` најде чаре да ја смири. Штом стигнала работата до онака значи татково исто минува низ хорор.
Замисли да имаш десет години, татко ти да те снима како одиш пешки, уште се смее на видеото, видеото го гледаат сите твои врсници и сите што ги познаваш. Мислиш дека тоа би го решило проблемот, или срамот што ќе го осеќа уште толку ќе ја направи полута и поизбувлива? Ова јавно срамење на деца ми е најдолно нешто што родител може да го направи. Интернетот не заборава, детето ќе порасне, ова ќе стои засекогаш. Постои психолог, се работи со детето, родителот место да го снима и да се глупира треба да седне и да му посвети време на тоа дете, да го најде коренот на проблемот. Не ова, ова никогаш и само глупи и прости родители можат да го направат.
Стварно мислиш дека детево ќе има проблем заради видеово?!? Ма, гајле и` е! Ќе збувта друго дете на школо и ќе и` помине бесот и стресот... Ова девојче има многу посериозни проблеми од видеово!!! Детево му е хулиган уште на 10 години! Колку пати му прогледале низ прсти пред да го симнат од училишен автобус? Кој знае што прави на училите кога никој не ја гледа... Што е со психофизичкиот развој на другите деца кои се немоќни и неспремни да се одбранат? Зарем треба да биде позитивен пример во училиштето меѓу децата? Очигледно е дека татково пробува да ја научи на ред, пробува и милум и силум. Ако е упорен ќе успее, ако не е детево ќе заврши како адолесцентна деликвентка и ќе си тера по нивните судови и детски домови. Проблем е кога не ги гледате грешките на децата со време и мислите дека вашето дете никогаш нема да биде вакво и дека вашето дете никогаш нема да навреди или повреди некого. Земете им ги телефоните на децата со време за да не ви бидат вакви.
Прво, извади го моето дете од уста. Второ, детето е дете, возрасниот е возрасен, детето на десет години сигурно има причина за ваквото однесување и на тоа треба да се работи и коригира, за да не дојде до полошо и за да не трпат другите деца. Со ова само прави полошо, детето нема ништо да научи, ниту ќе му се помогне некако и да, пак другите деца околу ќе страдаат зошто еден родител не знае да се справи со детето, па мисли интернетот ќе му го воспита. Срамот само прави да биде полошо, да се осеќа полошо детето, додава на фрустрациите, ништо друго. Греота за родителов што не го гледа тоа и мисли дека е паметен зашто некој на интернетов го пофалил.
Штом почнавме со прво со второ толку од муабетот... Штом оправдуваш вакво дивеење прескокни ме ич да не ми реплицираш повеќе!
Ќе ти реплицирам додека ми се реплицира. Никаде не реков дека оправдувам дивеење, реков дека не оправдувам јавно срамење на децата. Реков дека има други начини со кои се регулира ваквото однесување, како работа со психолог, родителот повеќе време да посвети на детето, наместо да го постира на социјални мрежи. Напишав многу работи од кои ниту една не беше оправдување на однесувањето. Туку критика кон справувањето со таквото однесување. Читај подобро во иднина.
А другиве деца или што не боли нас за нив, битно ова ќе има трауми. Ваму боли ваму не. Еве да не споминам твое дете, не знам ни антебелум кај спомнала ама нека ти биде, мое дете да булира и да трауматизира деца нема да дозволам, ко што ќе е моето од мајка и татко, рането, чувано и пазено како капка на дланка, така и тоа другото што си го ,,крка" ради моето или било чие. И уште цел живот ќе му се расипел ради видеово Не му се расипува нему, три четири години и ќе се заборави, што правиме со децава трауми што им има набиено за цел живот, нивното не се поправа.