Кога почна да се обраќа со вашите деца, на тоа мислев. Инаку, јас затоа и зборувам против ова јавно срамење, прочитај погоре, зашто другите деца пак ќе го трпат испадот од ова јавно срамење. Ова дете кога ќе избувне пак ќе биде врз другите деца, сигурно нема на татково да се истури, тоа јасно ви е? Ова дете, оди во школо, таму му се смеат поради видеово, и што мислиш како ќе реагира, кога веќе имало испади? За доброто на сите се работи со децата, тоа сакам да ви кажам, се помага на едно, се помага на сите. Ако како родител гледаш дека веќе не можеш да се справиш, тогаш бараш стручна помош. Не помош од интернетот кој е секако тука само за сеир и ништо повеќе.
Ако ова детево ги булира сите во класот, булираните нема да се осудат да му се насмеат не па да му речат нешто.
Таткото ќе имаше згрешено ако одбереше физичка казна со насилство. Разумно одбрал практична без насилство. Видеово е старо, од пред скоро 6 години. Девојчето вршело тежок булинг. Таткото во интервјуа кажува дека разговарал со неа, но не ја сфаќала тежината на зборовите што таа ги кажувала. Тој сфатил дека потфрлил како родител. Па, се одлучил на друг (за среќа на ненасилен) начин да ѝ покаже дека не сите деца имаат привилегии како она и дека не треба да ги понижува поради тоа. Другите не ѝ се смееле, туку биле благодарни оти таткото презел нешто. Инаку, тој само во еден правец ја терал ќерка си да пешачи и цело време ја прател за да се осигури дека безбедно ќе стигне до училиштето. Тоа траело само 3 дена. Тој прво го споделил видеото со неколку пријатели, но некој од тие му рекол да го направи јавно за да биде порака и за други деца кои вршат булинг. Откако девојчето прочитало коментари на жртви на булинг, сфатило дека згрешило и ветило дека ќе се смени.
Од пред 6 години е видеово и сега е пак актуелно. Толку од тоа дека ќе се заборави за три-четири години.
Девојчето би требало да има 16 години. Ова е одговорот на таткото: https://people.com/human-interest/matt-cox-defends-daughter-walking-school-bullying/
Не си го замислував вака годишниот одмор дефинитивно, седам во апартман, читам книги, гледам филмови, и сето ова за 80 евра од ден, буквално истото дома можев за бесплатно да го правам. Сонце за плажа нема, цел ден врне дожд, се е мокро, само првиот ден на плажа бев и толку, никаде не можеш да шеташ додека врне дожд.. Почна и депресија да ме мава, цел одмор ми пропадна.. Денес дури и имав еден момент си викам да си организирам превоз и да си одам, што ќе правам уште 8 дена овде вака, и онака веќе ми се дадени парите, а тука а дома посекако ќе ми пропаднат, одмор нема да видам.
80 евра за средина скоро крај на септември е too much, за тие пари да си пошла јули, август ќе си се изнауживала, ама добро можеби така работата налага.
Не знам, не ни знаев дека е видеово толку старо. Како и да е, можел да ја спроведе казната без да постира на интернет, па сега кога девојчево има 16 години пак ова да се вади од нафталин, мислам... Дури на редит ми излезе за ова. Збориме за децата и нивна безбедност, постирање слики на интернет, ама ќе го фалиме татково за делово, за дете што сам го воспитал. Битно го потапкаа по рамо како е добар татко. Океј, доста ми беше, си кажав што имав.
Малце да напишам нешто После три години работа, од фирмата решија да не ми го продолжат договорот баш кога зедов кредит и си купив кола Нема везе помина, најдов повторно работа. Дали некој има случајно што работи во Мајорел со германски јазик? Да се најдеме колеги
ОВА Е ОД МАЈКИ ШО НЕЌАТ ГЛАС ДА ПОВИШАТ НА ДЕЦАТА. стајте си прст на чело. Ја моето дете ќе го учам да враќа. Аа ќе видиме. сите сте одлепиле, од деца до родители
Не сум родител, ама бев жртва на булинг можеби 6 - 7 години. Срамот и немоќноста што ги преживував секој ден додека одев на училиште беа преголеми, шо ме тераа да си го одземам животот бидејќи не се трпеше. Мене а ниту другите жртви од родителите на насилници никој не не прашуваше како нам ни беше. Срам да јаде вакво були? Тоа не чувствувало срам. Ниту едно були не чувствува срам. Не знам ова колку е старо, таткото му ја бричи главата на својот син поради исмејување на дете болно од рак во школо. И да, го оправдувам ова, ич не ми е гајле дали тоа што го оправдувам ме прави лоша личност, туку некогаш треба малку построго со були тип на личност. Чисто да види и осети низ што поминуваат жртвите.
+1 Колку физичко и психичко малтретирање имав во основно, уште од прво одделение. Еднаш дојде до степен да не одам на часови ради тоа, и кога сѐ се дозна наставничката само ме премести во друга клупа. Камо родителите на тие булис да постапеа вака тогаш, навистина требаше. Сега јас си ги носам траумите а тие си живеат нормално. Емпатија за булис мај ес.
Исто. Сега бидејќи живееме во ера на модерна технологија и во школите знаат да снимаат и да се исмеваат некому онлајн, некои жртви и животот си го одземаат. Додека некој не осети на своја кожа не може да зборува. Ама не, булито трауми ќе имало. Другите кој ги е*е.