Точно, родителот ако е родител уствари да, ќе мора мерки да преземе, а не да му е гајле дури уште да го поддржува. За жал и такви родители има. Е сега дали и во новата средина исто би продолжило да се понаша, или ќе си ја научиле лекцијата, којзнае. Зашто па има проблематично сегде се однесувале, бркани, преместувани и пак они си тераат по нивно. Тоа ми е зборот. Дали до толку не се замарале родителите или пак, не му иде никако памет. И едното и другото може да е.
На тие што не им иде упорно памет, може да имаат состојба која треба да се третира. Секако, почнувајќи навремено. Што пак родителите први треба да превземат нешто за да се стигне до тој момент. А може и да е личен избор на таквите, ама па обично порано или подоцна, последиците ги стигаат.
E tie istite roditeli na bullies ce teci ee moeto ne e takvo i taka ce si tera zivoto napred, a traumite natrupuvaat na toj so trpi. Harsh truth, ali seushte nema reshenie kaj nas..
Da poso prvo tie so se vraboteni po skolite za onakvo ne gi biva. Mislis site se so Pedagoshki? Ojle dojle pribiraat. Ne znaat ni oni da vospituvaat. Posle, nema kazni, razgovor samo. Ne sfakaat site so razgovor nz so ne sfaka narodov. Gi vikaat u pedagoska ,,nemoj da vregas ne e ubavo” i oni Aha dur ne iskoci niz vrata. Posle pak istoto. Ete kaj mene dzvonea, ja u sredno i kazav na klasnata, i niisto. Kako da vi kazam nisto. Ne dopira do niv. Zagreota be.
Имав колега од 34 години, што ако осети дека некој е помек, го провоцира и понижува и потсмева. И на крај, е бе се шалев. А, претходни самиот ни кажуваше што му правел на соучениците и наставниците. Ова мислам дека е дирек за на психотерапевт, да поработи на себе. Тука мож лежи некоја фрустрација, не знам како да кажам, мож дома проблеми, проблеми од детството, па бира жртви на кои може да му се "истури" и омаловажува.
Мозочето на децата во предшколска возраст а и во текот на основното образование се до некаде до пубететот дур ги фати, им е како сунѓер кој прима премногу информации а подоцна ги процесира. Пред се, многу е важно домашното однесување и воспитување во овие години, детето станува свесно за себе дека живее на овај свет со останати луѓе некаде околу 3та и 4та година од својот живот, тогаш веќе мозочето почнува да им прима информации. Многу е важно како самите родители, мајка и татко всушност сопруга и сопруг каков однос имаат спрема самите себе како брачен пар, како таткото или мајката се однесува спрема партнерот, дали повеќето од денот детето го поминува во семејни расправии, кавги, насилство итн. Исто многу важно е како самите родителите се однесуваат и постапуваат спрема детето, спрема останатите во опшеството. Сето ова дететото го гледа и го прима во себе кое утре кога ќе се оформи како личност ќе исплива на површина и сите тие постапки од минатото кое оставиле белег врз психата кај него, на ист начин ќе делува и тоа > дали по правиот пат или > погрешниот како белег на лошото домашно однесување и воспитување. Некој ги спомна педагозите. Секој наставник е педагог во смисла на зборот, ама не и на дело. Ќе кажам еден жив пример. Додека учев основно, одделенскиот раководител до 5-то одд т.е наставничка и бевме последна генерација ние и заминуваше во пензија, почината е сега. Имаше еден "старински" метод на воспитување, а ние сме понова генерација, сега имаме по 22/23години. Ќе дадеше стихотворба за учење, ако не ја знаеш и не можиш да ја запамтиш, викаше дете од прво одделение и ќе му кажеше него една две реченици и ќе го натераше да ја кажи во рок од 10 минути пример, и ако првачево успееше, спрема тебе или некој друг ученик следуваше психичко потценување пред цел клас од 30 деца пред табла демек не си способен за колку првачево, и сите 30 останати се смејат. Втор пример, ако згрешиш една буква, за домашна истата само неа 100 пати да ја напишиш, ако не донесиш домашна, нареден ден тепање, исто и ако направиш проблем, често нас машките не тепаше со шамари, кубење јако за коса особено странично кај увото кај шо боли најмногу, исто и девојчињата тука ги кубеше ако не беа примерни, акање глава од клупа, а имаше и самоказнување, да не те тепа таа, ќе те натера да одиш во ѕид и 3 пати сам да се удриш со глава притоа и да се слушни дека си се самоказнил. Со штапче по прсти итоа по врвот итн. Мајка ми кажуваше, на родителска им велела дека "ги воспитувала по нејзин начин" и родителиве викале ако не слушаат или не учат има дозвола да ги тепа. Арно ама, еднаш се покрена иницијатива за суспензија. Школска моја се премести во друго школо, а таму па предаваше математика мажот на оваа, девојчето од "гледањето на насилство врз другите" имало кошмари на вечер, родителите покренаа иницијатива па потписи до МОН за да пратат инспекција, бурно беше. И океј, кога се случи ова, престана со старинскиот начин на воспитување. Девојчето од 6то до 9то во другово школо математика само 2ка и пишуваше мажот на оваа, демек одмазда за тоа шо нејзините се покренале буна. И тој и оваа беа исти, ги тепал ако не знаеле таблица за множење. Оваа одеше во црни пантоломи, чевли, носеше долги нокти, чим нее нешто во ред на часот ќе затропаше со ноктите на катедра и еден лош поглед, за нецела минута целосна тишина за да не си го однеси некој. Сакам да кажам, освен домашното многу битно е и школското воспитување во тие години каде се оформува човек, за жал постарите наставници се однесуваа вака, сега можеби не ги тепаат ама па има нешто друго. Едино за пример од наставничкава беше тоа шо на сите ни воведе дисциплина, да не касниш, итн. И за чудо еве на толку тепање, цел клас испаднавме педантни деца, мирни, чесни, за разлика од другите. Ама другото не го оправдувам. Нее проблемот во децата, во возрасните е. Пред некоја недела се враќам од теретана, не беше почната школската година, беше 8-9 саат се стемнуваше, 6-7 деца се имаа собрано и 2ца ги имаа втиснато во ѕид, беа по 15-17 години, се расправаа па закани, ова она, за одеднаш еден од позади од групава го удри едново дете во пределот на увото и слепочницата со јак удар и избега и се повлече цела група. Фалеше милиметар погоре уште малце и да го удри во завршетоците на слепочницата а тука најнежно е и можно е да падни човек во несвест. Без да размислат за последиците.. а не беа мали. Не можев да сторам ништо, во рок од 30 секунди се случи, избегаа, а и да сакаш да направиш нешто не можеш, малолетници. Тој шо не осетил врсничко насилство на своја кожа, не може да знае како и е на жртвата.
Не е директ за на психотерапевт туку некој треба да му плесне во фаца дека е сељак и никој да не му се смее на глупите шали. Ваков човек никогаш не би "работел на себе", за жал.
Во право си. Само човек свесен за себе и за околината би работела на себе. Знаеш што беше најинтересно? На многумина им беше интересен.
Не може да е лош човек некој што на месечно ниво одвојува сума од плата која ја дава на донации, сака мачки и би отишол на другиот крај на светот само за да гледа некоја утакмица фудбал во живо..
Значи, едното нешто што го сакам во животот да го правам е да донирам. Коа ќе видам како луѓе се борат со болести и сиромаштија, ми е срам што земам солидарност плата и да не дадам. Си велам јас си имам се, па зошто да не дадам некому помош. Донирам најчесто електронски. И еднаш имам купено храна: брашно, масло и тестенини и дадено во пункт за тоа. И сфатив колку е убаво чувството да даваш. Најубаво ми е ако купам и дадам на организации или па дирек на луѓе што немаат.
Пред некој ден се среќавам со комшика и ми вика кај идеш, викам таму и таму, вика ајде со мене идам натака ќе те оставам. Седнувам напред и тргам да ставам појас и вика Аа не мора да ставаш појас, има лажовец А ти бе душо зашо мислиш дека сакам појас да ставам? Шо би рекол Стојанче, сејфти фрст.
Мислам дека ќе се онесвестам од лутина кога ќе помислам на овој проблем. Стварно сме за нигде, будала да ме прават сите што сакам појас да ставам. Да ми е срам у такси да се заврзам зошто ќе кренат коментарите. Дрзок народ што мисли дека е попаметен од секое правило и закон што постои.
Ах, мажи, толку предвидливи... Точни као швајцарски саат, истиот момент коа ќе сватат дека нема да го умочат, престануваат да се понашаат со мене као со чоек... Али најслаткото е на крајот, коа ќе видат дека мене патка не ме боли и дека уствари не знаат со кого си имаат работа... Гревчиња.
Не можат да те манипулираат. Тоа е. А, да не речам речиси секој маж сака да има контрола врз жена. Ќе виде не можи и онда вртат грб, те избегнуваат, еден па ми рече цо врска сум од што сакаше да избега хахаха. Мрш таму
На сите ни е потребно да слушнеме убав збор, некој да не прегрне, да не сака и почитува. Но, што сме ние виновни ако таму некаде некој копиљ е ускратен од љубов и внимание и почнува да покажува сила таму каде што ќе најде погодна територија Тешка тема...Горка.
Не може бе сѐ исти да ви смета нешо и да ја труете темава. Аман бе. Сменете околина или шо ја знам. Не мора да бљувате само негативна енергија. А ако сѐ ви смета, може проблемот е у вас.
Што убо ни беше без интернет можевме да се собереме ко нормални луѓе и да дискутираме на многу теми. Вака, брза можност за комуникација, а толку одделени.