Мене ме нервира што деца не сакаат да стават во седиште и воопшто не се замараат, демек што е битно, има некој позади со него, ќе го држи во скут, па сакало напред да се вози...
Бонус плус зошто појасот е важен. На возила со Еуро Стандард 5 и нагоре па и 4 некои 2006/2008 нагоре, ако не ставиш појас воздушните перничиња (air bags) при удар нема да се отворат зошто компјутерот не препознава дека се возат патници, воздушните перничиња се врзани со системот за појас. Или пак по најново возилата од 2023 при удар нема да го уклучат автоматски системот за SOS повици. Затоа е важно да се стави појас. Лажовецот ќе му дај сигнал дека има патници меѓутоа безбедноста е 0, при удар ако не ставиш појас нема да те задржи за седиште и ќе останиш залепен на воздушните или ќе летниш преку шофершајбна. А воздушните служат за да го ублажат ударот. А тоа дека смета, смета стварно кога возиш особено низ град па ако треба слези качи се или влегување во мртви агли, ќе се напрегниш пример напред да видиш кај е носот на колата да не фатиш нешто, појасот не ти дозволува те стега, ама мора да го носиш, за совозач не ми смета воопшто, се качувам и цел ден врзан да сум не ми смета. Safety first.
Искрено, не ме интересира кој и што мисли или ќе каже, со тоа само покажуваат колку се плитки и неинформирани. А во 21век, кога се ти е буквално на тацна и со еден клик достапно, жално е да си неинформиран за последици кои може да бидат и те како опасни. Јас кола не палам додека не ставам појас. Најчесто возам сама ама кога се возам со други и седам позади, ставам појас исто. Најмалку битни ми се реакциите. Морам и ова да го издвојам, затоа што е блиску до темава, посебно место заслужуваат оние што возат со дете на возачко, па и му даваат да држи волан затоа што, нели, "да се учи од мало, фраер на тато"
Во Ге децата треба да бидат и во седиште ако се под 14 години. Исклучок ако е детето повисоко од 1.50см. Поголемиот син е во таа категорија. Помалиот седи во седиште. Ако никој не стави појас, одма се уклучува алармот за појаси.
Гајле ми е друг ако не си се грижи за сопствена безбедност па не се врзва. Јас се врзвам редовно. Многу ме нервират лажливците зошто треба да ги вадам, а често и се заглавени/попречени. Со то шо јас не можам да се врзам ми зема правото јас да сум безбедна. И тогаш седнувам назад (јас сум од оние и назад шо се врзват, ама оти не свири колата не ставаат назад лажливци). Друго на темава ме иритира дека ако се врзвам као возачо е навреден (???????) дека не сум вервала во возењето. Јас особено и од ко застанав зад волан, не качвам луѓе ако не се врзват, а не па да сум навредена. А најмногу од се ме иритира дете в скут напред, дете не во безбедна столица за мало дете, дете в скут кај возач и така да вози и генерално носење на дете во опасност и не преземање на мерки за негова безбедност. И еве некој шо се навредва ако сопатникот се врзва, стварно ме интересира зошто. А уште поќе ме интересира шо ве кошта да се осигурате дека детето е максимално безбедно (дека се шо можи е преземено)? За вас оти не се врзвате ич не ми е гајле.
Еј и за тие со деца имам многу јадено лајна. Се случувало, поминувам покрај коли на семафори, гледам внатре дете мало напред неврзано се пентари по седиште. На вакви треба директ возачка одземање. Он ако сака и глава нека скрши, детето да не го повлекува. Абе она како возач ако сака нека не става више (мада што и мене ме става во опасност пак така), ама на совозачко, рили?
Тоа да, избор сие, ако сакаш ќе ставиш ако не, нема, ама да ме убедува некој шо да прам, тоа не. Порано законот беше за појас ако не носат патниците шоферот да плати, ама сега секој за себе си одговара. Ама појас не се става само за казна туку за безбедност затоа и го измислиле, а прв пат е монтиран во Volvo.
Вчера после бањање случајно сум облекла гаќите наопаку (внатрешната страна однадвор) и сабајлево една убава работа ми се случи. Отсега само така ќе ги носам
Мене навика ми е уште од старт кога почнав да возам да ставам појас, заради безбедност, и совозач до мене не го возам се додека не си стави појас, ако не сака, нека не се вози со мене
Арно рекле стари. Отвори му ги очите на некој, после сите ќе ги види освен тебе. Пази, сум одела по кафиња, сум објаснувала за на работа до ситница и откако се вработи, се гледавме на работа понекогаш и полека полека си се повлече.... Јас па сослушувај давај совет, па слушај плачки за мажот и. А бре...... Луѓе.... Луѓе...
Не знам дали иам остарено, али веќе подолго време многу тешко наоѓам нова серија за гледање. Пред 10-15 години буквално пратев по 10 серии истовремено. Златната ера со првите неколку добри сезони на "The Vampire Diaries", " The Originals", "The Walking Dead", "Game of Thrones", "Mr. Robot", "The Expanse", "The Killings", "Homeland", "Daredevil", "Jessica Jones", "Luke Cage", "Iron Fist", "The Defenders", "The Punisher", "Arrow", "The Flash", "DC's Legend's of Tomorrow", "Gotham", "Legion", "The OA", "Orphan Black", "Narcos", "Westworld", "Black Mirror", итн. И пред овие имаше квалитетни, ко: "Dexter", "Lost", "Supernatural", "Son's of Anarchy", "Breaking Bad", "Prison Break", "Heroes", "Fringe", итн., некои ситкомс ко "Community", "The Big Bang Theory", "How I Met Your Mother", "Modern Family", итн. Може па и од носталгија за тој период да се осеќам така. Ама на прсти се бројат сериите излезени во последниве 5 години што ми се допаднале.
Маж и на колешката од работа го правеле операција. И ми се жали колешката , после операција кога го пуштиле дома ,вели : место апчиња против болка, му препишале да пие апчиња за нерви. Тоа е се што треба да знаете за германското здравство.
Колку е посебно чувството дете да ти каже дека си убава.... До душа, ние возрасните некако повеќе го користиме тоа. Де од култура, де од учтивост ќе кажиш на некој колку убаво изгледа денес, дека посебно е убав, има убава насмевка итн... Ама некако, искреноста ни е задскриена, засенета. Но децата, децата не знаат да лажат манипулираат, глумат лизни мазни фаци... Тие се искрени, го кажуваат тоа што го чувствуваат, онака од срце им доаѓа и не се цензурираат многу многу... И да, едно мало слатко детенце денес ми кажа дека сум многу убава... Абе денот ми го разубави, срцето ми го стопи....
Имаше едно ,,ако мислиш дека не си дебел, речи му на дете да те нацрта". Децата се најискрени, а после пораснуваат.
Гледам сабајле сонце, викам ај да се спремам да одам на плажа, и ја не знам како се погоди, на плажа до мене едни кумановци дојдоа после тоа.. А што убаво место си фатив од сабајле, викам цел ден не мрдам.. Кога почнаа да пеат човече, семки сегде плукаа, па тој уште едниот ми вика ај ако може апостолките понатака стави ги, да си ја постелам крпата тука.. Немаше ни пола саат, станав, се собрав, и отидов на друга плажа каде што се плаќа лежалка, вакви селани да не трпам за 15 евра..
Е арно му напишале. Германците си ја знаат работата, германците никош не грешат. Болката настанува од нервните завршетоци и самите нервни ткива кога има жариште или се воспапени и му се дава лек за смирување. Воспалениот нерв се смирува тогаш се смирува и болката. Цело тело и органи ни се составени од нерви. Заб кога те боли, не те боли забот туку нервот или живецот под забот. А тие не му дале за искинати нерви за трпението, иако се исти бидејќи и едната (физичката) а и другата болка (попуштени нерви за трпението) се поврзани со мозокот и психата, тие му дале за болка оти има воспален нерв. Затоа пијаме и аналгин или вентор па и парацетамол, кога не боли заб, и глава, и нога и мускули, зошто аналгинот делува на нервните завршетоци кај шо се воспалени а од таму мозокот ни сигнализира дека нешто не боли. Телото е многу паметно програмирана машина.
90% истиве серии ги имам изгледано што си ги набројала, исто барав асална серија, и почнав шпански да гледам, запрепастена сум колку се добри, крими повеќето. Разгледај ако сакаш на ИМДБ, супер серии имаат во последниве неколку години.