Што обожавам кога мирише на чисто па тоа омекнувачите, ќе земам и ќе ги испијам, па ќе миришем две години Туку, ако човек е остар на јазик, не значи дека е лош.
Ее, ова машките какви господини се, еех. И борци се, да, да. Дечкото се исплаши од едно скакулче. А потоа, како господин, не ми се заблагодари што го убив скакулецот, туку ми се изнасмеа затоа што имала грешка кај мене во името на училиштето. Ахааам, лајк за џентлеменот.
Денес, подарете му насмевка на некој непознат. Тоа може да биде единствената светлина што тој ќе ја види во текот на денот. Денес е светски ден на насмевката! И смејте се секој ден зато што насмевката е крива линија,која можи да исправи многу работи ! Убав викенд!
http://telma.com.mk/vesti/eksterno-i-za-studentite Дали се нормални? Дали имаат мозок? Дали воопшто завршиле 4то одделение? Дали вие таму што ги поддржувате имате свое размислување, свое јас што ова го дозволувате? Дали знаете дека оваа ваша "демократија" станува диктатура? Се чувствувам како да се наоѓам во времето на Хитлер. А само јас ја гледам владава наша така изгледа. Ете баш поради ова, утре ќе нема еден запишан на факултет. Сите млади ќе заминат во странство да студираат и оваа наша драга Македонија-Скопје ќе си пропадне на најфин начин. Која Европска унија кои имиња која работа кои бугарски пасоши... Не, ние не сме глуп народ. Туку сме себичен народ. Народ што од толку лицемерие,злоба и алчност се бори меѓу себе за да опстане. Народ што никогаш нема да се задоволи со доволно. Народ што би дозволил цела земја да пати само тој да има пари во Дубаи да отиде на 10 дена. И после патриоти...
Mакедонија - земја каде хистерични жени зад шалтери се обидуваат да ти започнат ден со нивната ароганција за која не знам зошто мислат дека имаат покритие... (секоја чест на исклучоците) He, cериозно, што по ѓаволите правиш толку значајно во животот за да се однесуваш како Господ да те испратил на земјата и да си создаваш делузии дека оној кој треба да го услужиш за да земеш плата ти е поданик или нешто? Ова изгледа се почетни фази на некои психолошки нарушувања... Добро, ако еден ден дојдам на власт, маста има да им ја исцедам на ваквите... Иако... среќа нивна што моите амбиции не се да раководам со дупка како оваа...
Ако им треба вакво нешто,ама им треба на малцинствоно од Штул и Тетовски Универзитет па да видиме дали им се заслужни тие дипломи или чичковците им ги пишуваат 6ките во индекс како што и самите си признаваат.Дали тие заслужуваат да бидат дипломирани и магистрирани а името не знаат да си го напишат од неписменоќа. Е за нив треба ваков режим па да видиме дали утре ке држат места во администрација или од нива подалеку нема да се мрднат. Само трагичното е што повторно тие ке се снајдат и ке најдат луге да ги пробутаат низ животот а обичните студенти кои се имаат окозено од учење аир нема да видат.Ке им се бројат и најмалите грешки и за една запирка утре ке бидат бутнати а рестово со познанства пак ке си прогураат напред. АКо ни е само нека дреме неписменоќата по канцеларии..
Точно е треба за тие факултети екстерно, ама факт е дека тие со чичковците и тетките што им ги пишале 6-ките, не само што ќе ги знаат прашањата од екстерното туку и целиот тест решен ќе им го дадат. А оние другите студенти што немаат врски ќе си паднат на екстерното и нема да запишат година
Од летни трауми ми се деца со памперс на плажа. Малиот и има 36 месеци и носи памперс. 36, со зборови триесет и шест месеци. затоа што 3 години е ту мејнстрим. И толкаво дете уште носи памперс затоа што на неа така и е позгодно да се спурува, па ако се спури со голо газе по плажа каде што е влажна и топла средина богата со габи, вируси и бактерии. Какви ретардирани мајки постојат.
Среќа е навечер да отидеш кај драга личност што слави роденден, таман кога истата помислила дека си заборавила кој ден е денеска, и со спремено специјално изненадување по вкус да ѝ развлечеш најголема насмевка на лицето. И тоа после цел ден со прстот на чело во смислување уникатна идеја која највеќе би ја израдувала. Ах, обожавам такви денови исполнети со среќа и позитивна енергија, спремање изненадувања и шетање по продавници со мисија наоѓање совршен подарок за некого, милини... Личностите во животот на коишто потсвесно напамет им ги знаете телефонските броеви, и за чии родендени не ви треба ниту Фејсбук ниту било каков потсетник за да почнете со мерак да бирате изненадувања уште недела однапред, е тие чувајте си ги. Имајте убав викенд.
Ако некој се прашувал каде сум, еве сум се вратив од Охрид. Верувам дека 60-70% од форумов сте биле на екскурзијата во 8мо т.е по ново наше 9то одделение што е низ Македонија. Епа јас си бев и си поминав прејако... Имаше дружба, за првпат бев во диско завчера, епа незаборавно искуство, се изнаиграв, се изнашетав, сите мускули ме болат, секој дел од телото, до 5-6ч сабајле седевме, па си легнувавме и во 8ч за доручек станувавме ахахах ко утепани бевме. Одма после тоа шетавме некаде само не носеа, по планини, угорници, скали, умиравме ахахаха, ама сепак се вредеше. БИТНО БЕШЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ што вика еден другар мој хахаха епа целта е отстварена. Бидете ми поздравени, ми фалеше фемина, да ве читам да видам што правите итн.. Уживајте во ноќта, но сепак утрото е попаметно од ноќта.
Мислам дека поголем перфекционист од мене нема. Не знам дали сум спомнувала, мислам дека не, ептен сум посветена на тоа што го правам. Мора да биде совршено да најмал детаљ, не смее да има ниту една ситница да пречи. Некои ќе си речат дека ова е добра особина. Па да, на некој начин. Ама понекогаш многу ме нервира. Бидејќи ќе оставам некоја ситница и после цел ден ќе си префрлам: „Ех, можев поубаво да го направам, сега тоа ќе боде очи...итн.“ Иако нема врска дека некој ќе го забележи тоа, ама битно јас го забележувам. А што е најлошо од се’, и кај другите го барам истото. Свесна сум дека не можат сите да сакаат се’ под конец како мене, ама ете. Веројатно повеќето од вас (или барем некои) знаат каква сум во врска со правописот. Тоа ми е слаба точка, ако ме погодите, ќе си го изедете. Пред некој ден во книга најдов „незнам“. Алоо, лекторирана книга, од лектор Силвана Блажевска. И баш ми е гајле што вака јавно ја пишувам, да дозволи вакво нешто да се провлече низ нејзиниото око како лектор, не смее да и’ се случи. Како и да е, си реков дека сум перфекционист, па не ми замерувајте
Треба да бидам среќна, успеав нешто, и сум на пат за нешто поголемо. Но, тоа не ме усреќува. Не е до големите нешта, до малите е. Ако некој ме гушне, или ми даде чоколада, тоа ме усреќува, премногу. А вистинскиот успех, кога сум направила нешто важно, сум исполнила нечија желба, но не и моја, ме остава во размислување. Дали можам некогаш да направам нешто и за себеси? Најверојатно да, но не знам кога. Го чекам тој ден.
Зошто постојат толку дволични и злобни луѓе? Луѓе кои се прават пријатели, а уствари само сакаат да дознаат некоја информација за тебе за после да можат да додадат уште 35436 глупости и да зборат на сите само за да те скараат со некого? Зоштоо? :roll: