Кај мене сеуште работат, иако имаме во близина голем маркет Футура, реално повеќе избор има ама и поскап е. Маалскиве шо се кај мене ми се чини нуклеарка и зомби апокалипса да има, пак ќе има некој да појди на вересија да земи.
Во тој дуќан не даваат на вересија. А порано даваа и во сите останати. Ги затворија затоа што цените им беа поскапи. Не може дуќан да опстои од продажба на леб, млеко, јогурт, масло, оцет.....
Еве кај мене тие производи ги има и пак опстојува и по некоја сува пиперка. Предности ваљда му се шо не плаќа кирија туку на долниот спрат од куќата му е.
И на газдите дуќаните им беа во куќа. Имаше и дуќани пред зграда, за кои газдите не плаќаа кирија. Си ги купија кога ги изградија. Овие два маркети ги скинаа. Не пазаруваа многу во Тинекс и Тедико.
Епа малите заработуваат во недела, дека друг никој од големиве, а особено кам, кипер и стокомак што се најевтини неработат, малите накачуваат цена со 10-15 денари поскапо и така успеваат да надокнадат за цела недела што немале муштерии.
Во Скопје работат и во недела, ама само во трговските центри. И кога ќе отидеш таму да пазаруваш, на каса ќе чекаш ред минимум 10 минути.
Малите продавници имаат повисоки цени затоа што набавната цена им е поголема за разлика од на поголемите маркети, оти земаат и помали количини. Работам во мала аптека и на нас набавната цена на Аналгинот е поголема од продажната цена во Еурофарм. Пациентите се бунат некогаш за цената, а ем минимална маржа имаме. Значи не е до нас
Интересен ми е фактот што скоро сѐ што внесуваме преку храна и куп метаболички продукти се доста токсични за телото и може да нѐ убијат брзо, ама имаме метаболизам што се справува со сите тие "токсини" пред да нѐ убијат.
Па, е малтретирање праењето ајвар. Посебно е малтретирање ако не можеш да се договориш со домашните и ти скурчува и ајвар и се. Порано знам сме праеле и тоа неколку пати само било, имало и нервози, така да, неам убави спомени јас од ова. А сум сакала, сум им викала да праиме, ќе помагав и јас секако. Баш убаво за вас кои сте имале традиција секоја година да правите и ја негувате уште. Сега веќе и не јадам толку тоа, убаво е, вкусно не викам дека не, но или го прејадов или не знам, слободно можам и без него. И на овие моиве по дома исто, немаат проблем да купат, се наоѓа некој подобар, не се лоши до толку. Така што нема поента да се праи. А ќе морам и поише леб да јадам со него..
И мене ми е за да не јадам леб со него . А без леб не е вкусно . Иначе би се натерала да напраам. Ама и така по дома не ми го јадат многу, ете пред 2 3 недели купивме една тегла и уште стои, само јас шо апнав од неа, другиве не ја сакаат .
Не е вкусно без леб. Сум пробала и така и не иде. Леб си бара. И тоа тешко само со 2 парчиња да се задоволам, знаеш ако ти е превкусно нема доста. Сирење интересна работа не ми иде мене, а знам дека многу така го јадат. Не се глупирај да праиш коа знаеш не ти го јадат.
Најмалтретирање е ако партнерот ти е цепидлака за секое семче или лушпа, не ме прашувај како знам. Мене најќејфовски ми е ајвар као мезе, не онака класично намачкан на кришка. Чинија со кифличе, кашкавалче, кулен, корнишонче малецко, некоја маслинка, малце ајвар, малце француска. Пар пати зимно време и доволно ми е. Иначе, да не би работела, би правела ајвар и други домашни ствари. Туршија, лутеница, салса, разни мармалади и слатко.
Дали има и некој друг што воопшто не сака ајвар и слични производи? Искрено, во многу ретки случаи ми се вкусни, само ко мезе океј. Не ме тепајте ама стварно не го разбирам хајпот.
@Angie1432 јас, ништо посебно не ми е. Може од форес да ме фати мерак некогаш, али тоа е многу ретко, неколку пати во годината
Искрено, мене ни ко мезе не ми е океј ајварот. И не само за ајвар, не ми е јасен хајпот и за другите видови на зимници ко туршија, лутеница..
Сум правела ајвар, сум помагала во правење, но мислам дека сум единствена што го мрази макањето од тенџере. Гадно ми е и кога сум ги гледала другите како го прават тоа. Ајвар јадам дали еднаш до два пати годишно (обично кога вечерам). Премногу ретко
Дали сериозно оној Дегенерицана ќе праел концерт во Скопје? Дали??? Кој ги кани или одобрува да прават концерти бе? Ако наполни сала, комплетно ќе се разочарам од луѓево. Ама комплетно