Па и од другите што ги пиша постојат повеќе врсти. Има и за чувствителни. И мене Јап не ми одговараа. Најлоши влошки! Ем иритираа, ем пропуштаа.
Мислам дека животот ќе ми беше многу полесен ако бев особа шо иде по гатачи и бајачи, и после да идев тука на форумов да се жалам оти истите само ме лажеле и мафтале, не биле способни да ми помогнат...
Мојот сопруг никако. Не верува дека имам болки при циклус. Мисли дека се преправам Не знае да одбере влошки. Ми вика Купи си ти. А знае какви влошки користам. А за доење
Поарно да знаеш, а да не ти треба, него да не знаеш и да ти треба. Башка сосем нормални процеси на живеењето, нема шо тука да не знаат, утре со жени, мајки, не треба ко телиња да ги гледаат коа ќе нарачаат влошки со “крилца“...
Има некој што сака да поднаучи нешто повеќе. Пример јас со некои од бившите девојки за време на менструација и потивко дишев оти многу ги нервираше и ги разбирав, имаа тешка менструација. Друго.. кои влошки се добри, а кои не ама добро тоа веќе е дискутабилно и лична преференца. Како и да е, сакав да бидам од помош секогаш. Тоа е мое видување околу нештово, или па можеби само јас сум наивен.
Не дека се вклопуваат, но како суштества искочени од жени треба да се информирани за тие нешта. Треба да се најдат за купување влошки кога жените во нивното семејство не можат сами да одат да купат. Извини, ама можеби е до начинот на кој бил одгледан. Ако од дома не е поучен, може да гугла. Не е тешко.
СКД Последните 8 месеца беа тешки. Полека придојдувам во себе, мада шо некогаш стварно ми фали некој до мене ама сфатив дека не по секоја цена треба да го имам. Секогаш сум за разговор и отворени карти на маса, и стварно ми е преку глава од луѓе што незнаат шо сакаат и гледаат да те искористат за да пребродат нешто преку тебе. Кога останав сам мислев дека најдобро ќе биде да помине некое време пред да се најде нова личност до мене се со цел да не лечам комплекс врз истата поради тоа што некоја друга ме повредила, меѓутоа како поминува времето согледувам дека станувам се посебичен, забележувам дека многу брзо сечам, прво се разочарувам дека сум имал некое очекување од личноста затоа што ни одел муабетот, меѓутоа најверојатно дека многу повреден забележувам дека еве веќе трети пат на првиот ред флег веднаш прекинувам контакт, и не сум сигурен дали ја носам правилната одлука или дозволувам да ми избега нешто убаво од рацете. Интересен е животот, убав и разноразен во многу случаи знае да биде безобразен, гледам да сум самокритичен колку можам и еве дојде период кога за првпат ќе кажам дека незнам дали е исправно тоа што го правам, меѓутоа баш сакам да видам каде ќе ме донесе истото за некој период од година дена.
@Realist1 партнерот е само вид поддршка да се носиме полесно низ животот и (делумна) мотивација. Но, пак сме секаде сами. Малку контрадикторно, но тоа е.
Со текот на годините изгуби некако се смисла. Елегантноста се замени со удобноста. Значи по 8 саата на ден, нафенирана, на штикла, дотерана. И 10 години фаст форвард, да ми е дозволено во крокс ќе одам. Да одам да направам ова, да направам она, да испазарам, да купам, да отидам, да се вратам... да е дозволено се во пижами би правела. Ќе станувам сега да се фенирам, да се шминкам, па уште на штикла цел ден, втф, кај ми бил паметот. Значи цело лето на работа во едни опинчиња го поминав aint nobody got time for штикла! Нема смисла, не сфаќам како сум постоела на штикла, па и со аутобус Зошто? Што мака сум имала? Имам 4 5 пара сочувани во плакар, и кога отварам опасна мисла ме фаќа, ќе носам ли пак? Зошто би носела? Ај да пробам утре да облечам. И сабајлето на врата се заобиколува кутијата и се облекува опинок.
Пошто сите сте овде да ве прашам нешто за помош. Ми треба совет од кај да купам и што да гледам сама е таму ќе нема помош од никого и заради одржување на психа ќе и треба за да може на раат да шета:
My favorite animal is me кога луѓе бесрамно пробуваат да ме прередат само затоа што мислат дека сум глупо девојче што сама чека ред и се плаши од entitled некултурни госпоѓи. Добро утро.
Во последно време често забележувам, некои од членките кои сакаат да бидат најпаметни на секоја тема, кога не можат во некоја дискусија да дојдат на нивно, го раскопуваат профилот и мислењата на членката со која дискутираат и вадат нешто најчувствително и удараат во колена со тоа. На пример "а ти се смири ли со мажот, или уште се мислиш за развод..." и слично. Колку треба да си ситна душичка за такво нешто да користиш во одбрана кадешто не можеш да признаеш дека не ја добиваш дискусијата.
Вчера у ноќна 2ка некој дебил НАПЛАЌАЛ 50 ден за влез, и уште му давале пари место да го пријават и исчукаат. Коа сте глупи нека ве стрижат орките гнасни. Има кај Роберто Навали
Добро, дали е нормална онаа Елена Бубало трудна пред пораѓај да крева тегови од 100кг и да вежба по цел ден.. Ај на себе не мисли, ама на бебето, знам дека е препорачано активност да имаш за време на бременост, ама до олку човече.. Гледам и не ми се верува.
Имам дома неколку цедиња со цртани, ги имам и сите 4 дела од Шрек. Сношти го пуштив првиот дел да го гледаме . Има една сцена, да ве потсетам, кога Шрек ја носи Фиона кај лордот Фаркуад нели за да се венчаат, и сега сцената е во шумата кога Фиона пее а едно пиле повторува по неа. И наеднаш оваа Фиона се разграчува од пеење на цел глас и пилето од многу притисок, експлодира. само нозете му остануват. И мм ја гледа таа сцена и се смее. Ми вика Е баш така се осеќаме ние мажите кога вие жените зборите
Добро , што е со народов ? На Фејсбук ја следам Алена, жената алал вера, успешна дизајнерка , прави влогови и се гледа дека живее раскошен живот. Ептен ми е лек за очи кога гледам колку и е средено по дома, колку се негува самата она, се на свое место, тип топ, луксус прва класа. Арно ама народот не може да живее ако не сере под нејзините клипови. Точно, има и позитивни коментари, НО, лелеее негативните коментари човече ......џабе имаш пари, немаш деца, немаш маж... .....оти му даваш на кучето од јадењето што го јадеш ти.... ......бооо колку досаден живот имаш , само шопинг , јадење и спиење правиш по цели денови..... ....... најди си маж, се гледа колку си осамена, џабе се прикажуваш ко среќна..... ....... парите не се се во животот, роди си деца да се осеќаш исполнето.... Ауууу човече коментарите ејјј , ејјјј ЉУБОМОРА пука на сите страни Алал да и е , си има пари жената, успешна е, и се може . https://yanchevskaya.house/en Еве ја на Фејсбук, лепотица, права дама со стил , алал да и е , и симнувам капа .... https://www.facebook.com/alenayanchevskayalove
И деца да имаше, пак истите коментари ќе беа. -а бре пуфло, не те личи така да се сликаш, деца имаш.... - оваа ги погледнува ли тие децата, греота, сами се оставени... - наместо децата да си ги гледа, она кур бара... Ние сме едини народ во светов, кој е до толку полн со омраза и злоба, шо ништо не ни чини, и се мора да поквариме. Такви коментари само од македонци имам читано, од други народи не.
@Antebellum јас само можам да те посоветувам кога ќе го купиш поклонот да ја наведеш нејзината адреса, да и стигне дома и да немаш дупли трошоци. Затоа најдобро купи од Али, оти имаат достава до таму, и купи што ти се свиѓа. Како и да е, практично е и нема да згрешиш. Ќе го искористи. @herera, ја со месеци се чудев на кометарите, и ги поделив на две категории - пичкопаченици кои знаат дека таква жена ни со стап не можат да пипнат, па ја се обидуваат да ја вреѓаат со тоа демек сама и без деца, и греотичарки кои се омужени за овие погоре спомнатите. Како и да е, свака и част. Ја ја глеам и мир некој ми ствара. Едноставно се пронаоѓам во рутината, грижата за себе и домот, готвењето, све е на свое место, а и сакам да гледам таква убавина и елеганција... Би им рекла да и се фатат, али немаат ни со што.