До каде отиде светов??? 9 годишно момче се ожени со 62 годишна баба, по втор пат! http://vistina.mk/2014/07/20/bizarno-9- ... -vtor-pat/
Таа не вика дека е ни грда ни убава. Само ми кажа дека била премногу несигурна поради некои негативни коментари од еден тип...
Ејјј милии!!!! Паа, кај сте бее??... немојте да се воздбудувате премногу, ја ова само ова вака на поминување, видов дека некои од вас ме барале, некои дека сум ги разочарала, абе немој молим ти се... па си викам чек да ги поздравам јас, не е културно од моја страна ама ич... даа, дааа! ... Иначе да, не го баталив форумов4ево ради тоа што јас као демек сум копирала статуси од фб, ја па ако сум копирала ќе зеам и ќе бегам, абе да како да не! Така да, друга беше причината за моето заминување, ве напуштив просто и едноставно зашто немав време да се замарам со некои на кои им сметав тука, не дека сега имам, да се разбереме.. затоа еве вака, само да ви шкртнам по нешто на кратко! Да не ме заборавите! Ај сега, чао, позз, киссче, мвахче до следното мое пишување (ако уопште и го има) Бокк, ариведерчии, грацие тутти! грацие милле!
Моментот кога сфатив дека еден бивши ми е егоманијак и тежок егоцентрик беше кога на телефон нешто се зезавме и се закачивме со тој не, јас да и се така неколку пати, кога он не, јас не и он махинално вика - да!!! Почнав да се смеам, он се налути, смени боја на глас и утредента ми рече дека сум сакала да го понижам. У јеботе! Како сум издржала у таа врска еве уште не знам... И после си фатив дечко кој има смисла за хумор. И да, финтата всушност совршено функционира, ден денес ја користам за шега.
Знаев дека еден ден од Лешоски не настане правец во поезијата - Лешовизам. Еве ги стиховите од неговите следбеници. Е тоа е жена бе брат коа ќе и речам искачам со бандава моја на пиво, одма ми пегла маица и ми чисти кондури и плус парфем ми става па петнаес’ минути ме мести па уште петнаес’ минути ме гушка пред врата и ми посакува убаво да си поминам… Ја и мафтам дур се симињам по скали а грутка ми стои у грло бе брат Влагам у кола вртам кључ пуштам музика вртам круг околу згради и се враќам дома. На бандава моја им пуштам СМС „Овој пат минус мене батки и памет у глава ОК?“ И гасам мобилен пошто знам шо пораки се у стање да ми пратат оние баграна моја шо ги викам другари. Отклучувам врата, си легнувам до неа. „Шо се врати бе?“ – ме прашува. „Ми откажаа лигушите“ – и викам и и заспивам на гради „Значи кои лигуши“ – ја слушам ко низ сон… Сабајле глеам ја у пиџами а знам дека дотеран си легнав Она се потпрела на лакт и ме посматра „Ќе стаиш кафе?“ – ми вика Ја нешто се мрштам ко да нејќам а одвнатре вриштам: „Бејби, за тебе у Бразил би идел по кафе“ Е тоа е жена бе брат. Автор: Драган Таневски уште еден урбан херој… Знаев дека ке стане модерно да се пишува поезија со зборови како мори, бе, ма, лигуши и слично. Знаете колку е тешко за еден љубител на Рацин, Неделковски, Конески, Матевски да чита вакви глупости? Поезијата треба да те качи ниво повисоко во чувствата, да ти ги долови твоите најскиени емоции и да ти затрепери душата. Не да му кликнеш лајк на некој и да заборавиш, оти само те потсетил на некои вообичаени чувства. Површни.
Колку потивок стануваш, толку повеќе можеш да слушнеш.Вечерта е најубавото време за размислување,размислував за некои работи што сум сакала да се случат открив дека ако силно веруваш во тоа што го сакаш ке се случи навистина .Сите наши одговори се внатре во нас. Добра ноќ феминковци
Една година дружење со сите вас... Една година како сум на форумов. Искрено се надевам дека ќе се дружиме уште дооолго, затоа што не можам да си замислам ни ден без вас. Живели!
https://www.youtube.com/watch?feature=p ... sKdDyyanGk Ањњњњњњњњњњњњњњњњњњњњњњњњњњњњњњњњњ!!! Јас кога ќе ми го скршат срцето, плус мрсули и балонче од мрсули на носот.
Не знам што ми е денеска. Се чуствувам ептен заљубено. Заљубена сум во маж ми, ја сакам сестра ми, го обожавам духот на мајка ми, а најсреќна ме прави малото бумбарче што не ме остава на мира дури ни кога спие. Нејзе пак ја сакам повеќе од се на светов. Ма денес ве сакам сите.
Саботно расположение, по дома, чистење посабајлечки, кафе, утринско вежбање, гушкање со кутрето најслатко на свет и тако то. Веќе закажано кафе и со другарки, ама неее, морам да си ги завршам обврските за во понеделник. Е да, уште денес. Workoholic, плус уредна девојчица, ма не ми штима денот ако не завршам се како што сум планирала. И така, ви јавувам за уште еден прекрасен, сончев викенд, овојпат во духот на пријателството, кафиња и журки. Ај чао! :geek:
Три години среќни и заљубени.. Мислам дека зборовите се сувишни,за нас повеќе зборуваат делата. Нека ни се множат годините исполнети со љубов,слога и разбирање.
Вчера беше Светскиот ден на насмевката и јас и другарките успеавме да ја намамине најголемата насмевка на една од другарките што славеше роденден. Всушност, таа е родена денес. Заедно растевме, ја знам од две години. Иако никогаш не учевме заедно секогаш останувавме другарки. Секогаш е тука кога ми требаше рамо за плачење, исто и јас за неа, секогаш е тука за да ме расположи и насмее, а исто и јас за неа, трпеливо ме слуша кога раскажувам до најситни детаљи, кога ја замарам за Доктор Ху, секогаш ми простува за грешките и секогаш е тука кога ми треба. Јас частам во нејзино име! Нека ѝ е најсреќен. Спојлер
На сите членови на форумов коишто се од муслиманска вероисповест им го честитам празникот Бајрам,со желба да го поминат во мир,благосостојба и спокојство со своите најблиски!
Живеам за викенд. Живеам за деновите кога не морам да го навивам алармот, кога сум цел ден во пижами со филџан кафе во рацете, кога без грижа планирам што ќе носам на излегување и на мира си седнувам да учам. Еден камен ми лежи на срцето, тежок и сив, ме убива, ме влече надолу, но нема да дозволам да ме однесе на дното. Денес нема место за грижи. Поздрав феминки
Ви текнува на епизодата од Friends кај што Фиби вика дека не сака масивно произведен мебел, туку сака секое парче да биде автентично и уникатно? Е па нешто слично сум и јас. Многу сакам стари предмети кои не се наоѓаат по продавници. Предмети кои си носат некоја приказна со себе. Сега дома ми се најде една многу убава столица за лулање. Носи лузни од времето, ама и интересни приказни. Кој знае колку калчинки на неа се исплетени. Има многу работа во неа за целосно да се реставрира, ама веќе можам да ја видам во ќошот во дневната. Веќе ѝ најдов совршено место во куќава. Претчувствувам дека ќе ѝ откажам љубов на мојава фотелја и таму ќе се префрлам На интернет гледам нови дизајни на вакви столици, модерни и софистицирани, ама за ништо не би ја менувала оваа што ја имам. Знам дека ќе ме измачи вадењето на старата боја, особено затоа што целото дрво е виткано во форма на полжав. Ама со љубов ќе си ја средувам, а љубениов веќе ми вети помош. На крај ќе ми фали само уште една нова столна ламба и зимава вака ќе ја преседам
Ручек со личности кои ги сметам за второ семејство,кои секогаш знаат да ме насмеат и шират позитивна енегрија,во нивните очи јас сум посебна,и така се чувствувам.Ви благодарам за сета љубов и внимание кои ми ги пружате.