Сител не може да го сменат концептот без дозвола. Квизот не е нивна сопственост. На компанијата Ендемол е.
100+ евра е една реклама. Плус 100 евра да си прв или последен од рекламите. Попап реклама дур трае програма се наплаќа 200 евра од секунда. Сред емисија да има 5 реклами, 2х200 + 3х100 = 700. Плус една поп ап реклама од 3 секунди = 600. 1300 од реклами во емисија ги вадат као ништо. По 5 дена, ако просек добивка неделно е 2.000 евра, 500 му е платата на камерманот, за Лила и Банкарот остануваат 4.000. Why am I writing this
Се селиме во рубриката вести од светот ..... „Не е само Дубаи, вака е и во Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин...“, „Ете на што родителите ги учат децата денес“, „Какви родители, такви деца“ Додека огромното мнозинство деца во светот пуштаат солзи радосници за роденденската торта, во Дубаи родителите не знаат што да прават со разгалените деца. https://tocka.com.mk/vesti/494445/v...ndaloznata-snimka-od-detski-rodenden-vo-dubai Што сакав да кажам ? - Им се може , кој си има пари , може да си дозволи што му сака душа. И така просечниот народ продолжи да коментира на фемина форум и среќно си живееја .....
Не друже, не користам тик ток, не ми го задржува вниманието. Реков јас само Фејсбук и Јутуб манијачам. Тебе ти текнува ли на Чарли ? Далечната 2014 година го извади хитот Break the rules. Со истата песна има настапувано пред 3 дена и прикачена е на Јутуб. И ај погоди како се има дотерано ? Ни 5, ни 6 , во пиџами ....е не ќе се заебава . ...... мој човек, јас така по дома сум по пиџами, опуштено, не сакам да ме стегат никакви хеланки или тренерки, пиџама ти е права ствар. I don't wanna go to school I just wanna break the rules.......
Храната во последните години колку ми е изгрдена тоа чудо, буквално неможе да се најди убаво јадење низ цел град бидеќи и општо е расипано(изгрдено) се. И не знам дали ми е филм дали е нешто до мене или вистина се случува. Порано уживав во храната се ми беше скоро преубо, сега едвај негде нешто да се погоди салам...
Од секогаш се прашував како некоја може да трпи све и свашта незамисливо само со изговорот "го сакам", се додека не го доживеав тоа на своја кожа. Уште не знам what the fuck was that, ни како можев да си го дозволам тоа на себе. Огромна заљубеност, заблуденост, страв од што ќе речат луѓето, страв од осаменост, анксиозна поврзаност, не знам. Не знам ни како ми размислуваше мозокот во тие денови, само знам дека сега ми се ежи главата од самата помисла на сè тоа што го претрпев и доживеав. Обично се сметам себеси за паметна личност, но кога ќе се навратам наназад, сфаќам дека сум немала ни 'п' од памет во себе. Си се понижавав себеси за да издигнам некој друг, на кого патем не му беше гајле дали сум жива или умрена. Уште се иритирам на фактот што ниту 1% не му беше гајле за мене, во 2 години ниту едно како си не ме прашал. Еднаш ме чукна кола на пешачки, јас не добив трауми од ударот, добив трауми од неговото понашање тој ден и фактот дека единствено битно му беше да испадне најпаметен, а не му беше воопшто битно како сум. И пак, да имаше некој вперено пиштол во него, јас ќе застанев пред него и ќе речев пукај во мене, не во него. Глупача. Мозокот е скапа работа. Не можам да кажам ни дека ми е мило за сите лекции што ги научив од ситуацијава, жал ми е многу за себе, ама барем знам дека никогаш веќе во живот нема да дозволам нешто слично да ми се случи. Само главата горе. Никој на светов не е доволно вреден за јас да се будам со болка на душата секој ден заради него. Апсолутно никој. Учете лекција од мене.
Сестре вози си филм како ти сака душа така и ич да не ми се нервираш сакаш џами у боја сакаш црно бело сакаш влечки со нив сакаш боса како сакаш така само да ти е убаво на душичката. Ич не ми текнува на чарли ама ја сакам една лежалка да закачам некаде на планина гајба пиво под лежалката и да си ја слушам и да кулирам на
Инфлуенсер(к)и што Дубаи и било кое место на блиски исток го прикажуваат како супер место за живеење ми се така жалнички и веројатно и малце нетокму. Особено па жени кога ќе видам како се воодушевени од луксузите во кои живеат арапските принцези Да си толку отиден од планетава значи...
Има сопственост во најубавиот дел од најголем град ама љубомори што некој имал нешто во некое мало местенце. Продава друг имот иако не е во целосна сопственост на тој „себичник“ туку само документите се и не го ни нуди на другиот сопственик заради себичност. Живее во еден од најубавите градови во светот ама сака да продаде нешто на што не е сопственик само заради пари или да си го присвои лажејќи дека не може да се врати зошто нема ништо свое (никад па ни тад нема да се врати, а си има и свое ама сака уште). Како постојат вакви „себичници“ никогаш нема да разберам, а не е од што се стари туку цел живот биле такви па и полоши. Алчност за пари, за уште, а имаат пари и се толку стари што единствено што можат да направат со тие пари е да си ги носат со себе you know where. Само да наштетат, од инает и од себичност. Себични, себични луѓе.
Ако дома имаш канцелариски стол, и отидеш да купиш без никаква потреба уште еден канцелариски стол само затоа што бил на 60% попуст, ти не си во никаква добивка, него си во загуба затоа што си го купил а не ти требал.. Не можеш да кажеш дека нешто што си купил на акција е исплатливо, бидејќи е на попуст, а ти од тоа нешто потреба немаш..
Менталитетот ни е таков, ако видиш некој производ да речеме 2000 денари ќе си речеш уу скапо, ама ако под него пишува акција иако и до вчера бил истата цена мора да се земе.
Сакам да се научам да спијам со исклучено светло, ама не можам, страв ми е ако нема вклучено светло..
И јас не можам без светло. И слабо да е, само да го има. Ми дава да видам каде има нешто. Ми дава сигурност. И да ти кажам, не мораме да бидеме како другите што спијат без светло. Кога сите би имале исти навики, светов би бил предосаден.
@нина122 @nextredstyle и јас не можам во темница да спијам. Ме фаќа страв и паника. И ако ни е за утеха не сме ниту единствени, ниту малкубројни. Иако сметам дека секој страв и траума можи да се излечи, лично не сум отишла да го лечатм... Од непозната причина....
Искрено и јас исто, спијам со изгаснато светло но сепак мора да доаѓа светлина од надвор иначе ми е мноогу језиво кога е скрос скрос темница
Порано мислев дека треба да го лечам поради реакциите на другите. Во денешно време не ме интересира што мислат. Не е нешто за срамење. Се будиме и гледаме некој или нешто каде е. При станување нема да нè забоде предмет заборавен на подот.
Твоите причини се порационални од моите... Кога спиев во темница имав чувство дека некој/нешто ме набљудува. Е сега тоа дали беше мојата бујна имагинација, дали нешто натприродно не знам, останува вечна дилема. Ама да, и јас не се срамам веќе од тоа. Си се помирив со судбината.
Не е битно дали нешто натприродно или природно нè исплашило. Битно е дека имаме право да си одбереме сигурност.