Од сабајле станав во 6:00 саат, земав го прередив цел плакар, две кеси полни алишта наполнив што не знам од кога ги немам облечено, и ги оставив во контејнер на Црвен Крст.. Такво емоционално олеснување имав кога ги оставив тие алишта, уствари не знам баш дали поради алиштата или поради среденениот плакар, ама добро ми дојде.. Оставив само една маичка со Rick and Morty, која ја немам облечено со години, ама си ја сакам, другото се спакував и однесов..
Зашто не и на форум? Да, го имало и тоа, али ти не си една од нив. Се гледа кој се тие, миленичиња мора да се има секогаш и секаде. Спојлер *** Ме умреа комарците, ме умреа Ја до волку лом никад не сум била, крај на септември е, у лето волку не бев. Дали е нормално преку 50 убоди на една нога да имаш? Што е со мене не ми е јасно, има луѓе ич немаат проблем со ова.. Одвај чекам да си идам, одвај
Животот полесно се тера ако си шупелка. Не ме прашувајте од кај знам. ... Било и ќе биде од век и векова и едните и другите с(м)е луѓе од крв и месо. Само кога богатите плачат тоа е во мерцедес, а сиромашните кога плачат тоа е во фичо. Ова некој старински муабет исто од век и векова. ... Од муабетите на темава, стварно дечки иде викенд, шетнете, тргнете очи од нет, прекрасна е природата во есенско руво. Топло сонце грее, свежо ветре знае да задува, пријатни температури идеални за outdoor activities. Ајде пат под нога и надвор сместа
Ништо подобро од пресен топол домашен ајвар како што го прави мама највкусен. Се изнајадив и не се каам. Спојлер
Ајвар и баба ми, еј времиња. Додека не ме натови со кришките ајвари и сиренцето и јогуртчето нема станување од маса. Е па после дебела, е дебело и среќно дете со бели мустаци од јогуртот и тук-таму по некое црвенило на усни. Од ајварот.
Патриот можеш да бидеш и ако на било каков начин правиш убаво да живеат тие околу тебе. Ќе посадиш дрва во некој парк и по неколку години некој ќе рече еј види, пораснале дрвцата, има колку толку сенка да седнеш, порано печеше сонце тука. Ќе собереш ѓубре на некое излетничко место и некој ќе рече еј види, некој исчистил, браво за него. Ќе волонтираш да помагаш на настрадани во земјотрес, поплава и друга катастрофа и некој ќе преживее, ќе има нова облека и дом благодарение на тебе. Или ќе спасиш нечиј живот со донирање крв или срж И сите што прават луѓето околу нив да се осеќаат убаво што живеат во нивна близина, што враќаат надеж дека има уште добри луѓе во државава, е тие се патриоти, макар и за пари да го работат тоа. Другите со знамињата може само да го попу*ат. ФМП.
Изедов едно парче леб со ајвар без сирење оти постам, ама не е тоа тоа. Инаку зимоска многу сакам леб ,ајвар, сирење и жив праз со вегета. Леле лиги ми течат
Во зима и мене многу често ајварот ми е дел од оброците. Го обожавам едноставно, со сиренце, маслинки и лепче ми е нај нај. А понекогаш и пржен со јајца како оди.
Сакам да кажам дека денес ја добив најдобрата вест (земајќи ги во обзир условите лол) и сфатив дека успевам да поминам низ еден од најголемите предизвици во животот to date. Едина посреќна вест беше кога мачорот ми беше болен пред 2 години и ми јави докторот дека е океј, ама нормално дека не се клавам прва па веста за моето здравје да е понапред. И таман се израдував за (малку комплициран од сега) живот и здравје, ја сретнав и веста: И ме растажи. Почивај во мир. Да крениме стапчињата во знак на почит и лесна земја.
Во 2018 година во Париз, Мамуду Гасама, мигрант од Мали, искачил неколку катови преку терасите на зграда за да спаси мало дете што висело од ограда на еден од спратовите. Среќа за тоа време кога се искачил, излегол возрасен од станот и го тргаат детето пред да падне. Мамуду добил благодарност лично од претседателот и добил државјанство и понуда за работа како пожарникар што ја прифатил. Како бе овој не бил лут на државата оти ја колонизирале неговата, како имал храброст да ризикува свој живот за таму некое дете, а не силувал некоја жена оти пази, не бил интегриран во општеството, м? Мада што нема инфо за каков човек инаку бил, ама ова конкретно е за секоја почит. Е вакви само треба да се прифатени и интегрирани, другите не заслужуваат ни основна човечка почит.
Шо е фората со YouTube Music, дозволува да се слуша во позадина, со исклучен екран или додека имаш уклучено друга апликација? Или ова привремено беше? Од друг телефон пуштив.
Лол Ако пред него дојдат други и пак извалкаат? И да, ретко кој е благодарен за тоа шо ке му исчистиш
Кажав што кажав. Помалце јадете гоВна за знамиња и повише бидете корисни за тие околу вас. И не ни морате да сте корисни ама тогаш не сте патриоти