Петок вечер и не се жалам: Почна да ме гребе грло денес, па пошо неам ни енергија ни време сеа супа да варам, стаив една коцка у шоља, изрендав еден куп ѓумбир, наросив куркума и бибер, и ваљда до утре ќе ми биде ко ново.
Добро, не зар не прифаќате малку сарказам?! Плус, ова си влече корени, вие може сте понови на форумов. Нема врска, ај игнорирајте, премногу се земавте при срце.
Што тоа? Тоа може кај тебе од некои видеа уклучени, па затоа така ти покажува. Ја зборам дека дозволува да се користи како да ја имаш премиум купено, и тоа е добро, пошо не се научив на Спотифај баш, Јутјуб боље ми е, па да морам split screen на секоe. Ете, истекува за 3 дена, ти ебам глупата, не видов.
Сеа видов пост, каде што некој си осветува куќа. Многу убаво. Искрено, не поддржувам објавување слики од ЦЕЛА куќа, буквално сите соби. Веќе не знам се што не ќе ни изнатекне да објавуваме..........
Неам активирано, не сум оставила податоци. Ми текна зашо вака е, се уклучив од друг акаунт, вајда затоа, не верувам дека е поради тоа што е од друг телефон. Спојлер
Не се согласувам со тебе.. И есента има свои убавини. Во есен боите се менуваат. Поразлична глетка имаш.
Ејјј кај ми текна да отворам форум вечерва. Сега ми се отвора апетит да мачкам ајвар во 1 по полноќ. Иначе, домашен ајвар > купечки ајвар. Потврдено, заверено, запечатено. Веќе каков не ајвар пробав годинава... Голд и премиум ми го фалеа, го пробав, ништо посебно. Мама'с имам сега во фрижидер. Ама, не е тоа тоа како домашниот. Последен пат јадев кај една роднина кога отидовме лани и муфте се изнајадовме селски домашен ајвар со домашно сирење. Прсти да излижиш. Ми прати една тегла. Мислам дека пишав на форумов. Толку убав ајвар во живот не сум јадел. Одма го мафтосав. Ваков бев во суратот. Треба пак да и одам на гости, атер за ајварот.
Итно Ќе пишам тука оти ја рачунам како поактивна тема. Шетајќи со малата денеска, поминавме покрај една куќа каде слушнавме кршење на стакло. После тоа слушнавме туркање на други предмети. Си помислив некој дека работи нешто и му се скршило стаклото. Кога слушнав врескање на дете, удрирање, плескање по телото ми стана јасно. Мајката викаше, удираше...страшно беше. Мене кожава ми се наежи и срцево на 100 парчиња ми се распарчи. Детево не знаете колку тажно цимолеше и молеше да не го удира. Детето беше некаде 3-4 години.Не можев да поминам накај куќава бидејќи не беше на патот и беше обрасната со треви, а и јас со бебе в количка. Викнав неколку пати за да излезат на тераса , да прекине ама никој не излезе, не ме ни слушнаа. По пат барав луѓе да ми кажат кој живее тука, кој се луѓето, дали се нормални. Една жена ми рече дека не се во ред со здравјето. А што се криви децата? Многу се потресов и извинете и вас што ве потресувам. Прашањето ми е: Како можам да пријавам? Ѕвонев во центар за социјални работи ама затворено е, дека сабота денеска. Да се јавам полиција? Ќе направат нешто? Мисла ми се децата. Сега откако ги слушнав мир немам.
Пријави во полиција, ќе јави се или на 112 или најди го бројот на подрачната полиција и пријави таму. Ако треба тие ќе пријават по службена должност.
Ѕвони во полиција. Иако тие само привремено ќе најдат решение. Во понеделник можиш со социјалното да се слушниш... Жално...