Големо чудо ако не ме разбира во потполност човекот со кој го делам животот. Големо чудо ако и јас не ја знам секоја негова мисла и можна невина тајна. Имам свое женско наследство кое го чувствувам понекогаш толку многу силно , како прабаба ми да проговара од некоја блиска далечина зборови кои излегуваат од мојата уста. Како истите можам да ги објаснам на маж , кога истиот си ги разработува истовремено своите машки предци , ако и воопшто е свесен дека неговиот збор е понекогаш туѓ. Маж и жена , два света, испреплетено се движат напред , можеби токму поради љубопитноста и желбата да го откријат другиот во целост и никогаш до крај не успеваат во тоа. Бидејќи здодевно би било да се слеат во една иста препознатлива нијанса.
Жалната вистина е дека детево нема вечно да го одземат од мајката. Али еве да се надеваме дека дотичната ќе оди таму кај што треба, а детево ќе го посвои некој саглам. Сериозно во државава ни треба добар систем за вакви работи.
Разговарав со една роднина што работи во ресторан, вика порано повеќе доаѓаа за ручек или вечера во ресторан, сега од сабајле ресторанов ни е полн со мајки и татковци на доручек и тоа секој ден доаѓаат.. Какво време дојде, на детето две јајца дома ги мрзи да му спржат..
Што цвеќари ќе беа овие? Се брзав им реков сакам да ми го завиткате убаво во кутија, свиткано ќебето, чорапчиња и др. Не им покажав од нет слика, реков од кај да знаам.... И добив едно кутиче Безвеза завиткано. Не знам шо цвеќари ќе беа овие ее.
Се возиме со велосипед со другарка ми и покрај пат некој имаше фрлено 8 мали кучиња во вреќа. Абе кај ќе ви оди душата гнаси гнасосани, посебен круг во пеколот за ваквите треба, полошо да завршите од кучињата што ги фрлате.
Имотот не бил битен, заштедата за недајбоже не била битна, само да се сакате. Па не знам бе што се разведуваат од мажи коцкари, ее големо чудо ако прокоцка заштеда од банка, парите за детето, колата, куќата, битно да се заедно и да се сакаат нели? Па со куќа или без куќа, семејство се
Оуу мај гад „Bravo, uspele ste da pogodite jednu notu!“ Sestre iz Makedonije dobile tri negativna glasa, razočarane napustile scenu IDJShow-a 1:13:58
За жал се девојкиве. Имаат ли родители,пријатели,да им ја стопираат илузијата во која се навлезени. Греота
Аууууууууу што е бре ова, и овие стигнаа да се пријавуваат?? Овие беа тие на Тикток што се снимаа и завиваа. Па нешо и со Ритко имаа памтам, ги зезаше, ако не сум грешка. Ретарди и он и они.. Порано отварав да се посмеам, исто ко онаа елитната наша старлета што ја отварав за да пуштам мозок на пасење.. Не знам зошто така имав потреба да глеам глупирања, фала Богу Тикток веќе не ми паѓа на памет. Али зараза беше, ама се спасив. И што е ова не сум у тек, као Х фактор слично?
Да тие се,од на Ритко глупостите,ги издвојуваме и овие две. Да,како Х фактор,на балкански начин,интересно е,нема песми од Кисми и тако далје. Современско е се
Хахахахахаа абе умрев од смеа Од сестриве Има некој тикток од нив да ми даде линк?јас прв пат ги гледам
Сеа видов и на Сител имало или ќе почне, појма неам, одамна не глеам толку Тв. Добро е што нема турбофолк али сепак IDJVideos што фураат некако не ми пријаат Јебига, тоа се слуша сеа. Ќе погледнам, баш да видам шо има.
Со зборовите на една наша раперка-turned-фолкерка, “а штом се нема почит, знај нема причина, за компромиси во име на љубовта“.
Поштувам монтесори, поштувам читање, поштувам природа, ама понекогаш претеруваат на социјални со тоа како треба со деца. Нема секој пари за дрвени играчки и скапи сетови, ниту за сликовници од 600-700 денари една, ниту пак имаат шума до гз. Секој со можностите, секако треба да сме свесни што е подобро и да се стремиме, ама не би било лошо и социјалниве да покажат по affordable опции во секоја смисла.
Добро утро Пијам кафе и читам кај се караат на фејсбук. Ставена е слика со опис Qatar for Macedonia А под неа очи си вадат. Му нема крај ова со името. А какви слики ни пуштаат грците , немам коментар..., а и бугарите Да можеа преку монитор очи ќе си вадеа ....... Ми се чини и после 100 години уште ќе трае војната за името на Македонија. Буквално нема крај..... П.С. А тек ако почнат и од Албанија да пуштаат слики за Голема Албанија , уште они фалат да им се приклучат во карањава. Што сакав да кажам ? Аха, сакав уствари да прашам , дали сме единствената земја во светот што има проблем со името и цел живот ќе има проблем со името на државата. Буквално, ако има некој инфо, нека каже, ако не нека си ќути.
Ок, стигнавме до делот кој е крив за името Македонија. Ајде , доста замарав, продолжувам да ги читам на Фејсбук.