Она кога ќе си ги завршиш сите обрвски уште во петок и кога знаеш дека цел викенд е твој. Прајслес... Уживјте во викендот и во сонцето додека го има, и наместете насмевки на лицата. Ве гушкам сите до една!
Оној што ги измислил ножиците за сечење очигледно имал нешто против левучари Сечи со лева рака,не бива.Сечи со десна,сечат совршено. И така јас хроничен левучар се научив да сечам со десна рака,од мака.Е сега дали сето тоа е криви дрини,не е битно Друга работа,како може баш за излегување косата да ми изгледа како Кралот Лав, и да ми се појави огромна мозолка насред чело џоа Бандини? Реторско е прашањево,ама овој Марфи си игра мајтап со мене,ете толку. Освен тоа,животот ми тера супер,се си е розово,ако никој не праша,јас пак ќе си кажам Еден поздрав за убав ден од мојата платонска љубов http://www.youtube.com/watch?v=5W1-FXnlpK0
Неверојатно колку се неоргинални нашите новинари, пола вести ги превземаат од српски евентуално хрватски медиуми - а добар дел од тоа се работи тотално неактуелни за овдешните луѓе во Македонија.
Најглавни на афтерворк парти се секогаш невработените. Не разбирам зошто воопшто одат на афтерворк парти? Главна шема, Дежа Ву во Капитол петок -афтерворк, а тоа се невработени, малолетнички, студенти и останати желни за внимание и желни да бидат во таканаречената „шема„ во градов. Не озбилно, гледам луѓе на фејсбук кои знам дека се невработени и сеуште студираат или онакви кои работат во бутикчиња, продавници и слично ама главни, ГЛАВНИ се на афтерворк парти. Јеааа! Браво, заслужуваат да си го пуштат мозокот на пасење после напорната работна недела. Незнам многу глупа работа ми е ова афтерворк парти. Кај ги гледаш секој ден на работа по 8 саати и више уште и после работа пак со колеги да искочиш. Не благодарам! Уште поинтересни се оние кои одат на афтерворк, а таму се наоѓаат со своите друштва од други фирми, а не со колегите од работа. Зошто? Зошто мора баш на афтерворк да идете тогаш? Која е поентата?
Ме нема, ме нема и оп ме снемува.... Овој пат ме немаше малку подолго. Неверојатно колку успони и падови може да има човек за неполни две недели. Колку многу работи ми се случија, многу стрес, нервирање, непреспани ноќи, за среќа се се заврши како што треба, без поголеми последици. Секогаш сум се чудела зошто некои работи му се случуваат на добрите луѓе, на оние кои во таа ситуација не биле ниту невнимателни ниту виновни, ама ете, го "окркале" подебелиот крај. Најмногу боли кога тоа ќе му се случи на некој близок, некој кој ви значи премногу во животот и за кого би дале се, баш се. Поентата на постов ми е секогаш бидете оптимисти, СЕКОГАШ очекувајте го и барајте го она најпозитивното нешто кое ќе ви даде ронка надеж, надеж дека се ќе биде добро, верувајте нема да згрешите и никогаш не губете надеж, бидејќи како што велат, она доброто се случува кога најмногу очекувате! Имајте убава вечер девојки.
Прекрасно се чувстувам кога ќе си ги завршам сите обврски, а потоа ќе си уживам. Од утрово учам, се си завршив, па сега одмарам и си уживам. Сега ќе седнам, ќе пијам чоколадно млеко и ќе читам книга. Одамна го немам правено ова, а ми недостига. Добра ви ноќ, феминки.
Ех, колку и да се трудам не можам да ги разберам некои личности.Опкружени се со куп луѓе околу нив и после се чувствуваат осамени.Осамени од што? Нели треба да се исполнети, среќни? Или можеби се осамени зашто не се чувствуваат свои пред другите?
И дааа најбитното,заборавив да напомнам -ако има некој тука љубезен да ме тагне на фб со него во кафич,колку чисто да не останам покуса молим лепо
Животот никогаш не смее да биде слава само на живите, зашто и мртвите некогаш биле живи, зашто и живите еднаш ќе бидат мртви и голем грев е нивната врска да се прекине.
Кога бев помала секогаш кога ке отидев на гости кај баба и дедо,со дедо ми се шеткав во неговиот двор. Тоа беше неизмерна радост за мене,најверојатно бидејќи живеев во стан. И постојано ги гледав пеперутките како слетуваа по цвеќињата,дрвјата,тревите... Неговиот заден двор беше специјално место за мене.Имаше многу дрвја со овошки.Преку лето јадев највкусни црешни а есенски период јадев зелени јаболки - моите омилени. Во задниот двор имаше и многу големи дрвја кои даваа дебела сенка.Секојпат обавезно сакав да седнам на една гранка на пониското дрво.И,си седев таму.Ја набљудував природата,некогаш се сеќавам и вежбав песнички за на школо.Си ги рецитирав омилените песнички седејќи во скутот на дрвото.Но,највеќе сакав само да седам и гледам.Сенката што ја даваа сите дрвја таму ме правеше да се чувствувам како да сум во прегратка.И сето тоа под некоја непозната причина исполнуваше,ме полнеше со енергија,радост... Како раснев и јас,остаруваа и дрвјата... Сега нивните трупови стојат во тој двор. Вратете ми го детството.