Не викам не за клуч. Секој треба да заклучува. Ама, клуч не сопира крадци. А, ни љубопитни свекрви. Нема посигурно од кучешки заби.
Седам надвор,влагам внатре и си правам нескафе,додека седев надвор 2 саати немаше никој. Исклучувам тоа машинката и поштарот ми вика ааааа наздравје кафенце.Влегол со пола глава и нога у дневна. Не заклучив оти за бргу планирав пак да излезам надвор.
Не разбирам. И баби и роднини ми живееја во села и имаа клуч. И летните кујни имаа клуч. И никој никогаш никаде не влегол дома, без да тропне/викне/заѕвони. И не ради кучето, нормално дома нема куче.
Абе шо поштари че беа овие вакви, кај мене ги остава кај еден дома сите писма и после ги разделуваме или ги фрла на улица...
Ја да сум има така да распиздам, па нема да им текне да погледат не па да ми влезат до дневна поштари, ојлевци дојлевци..
Клуч, точно ама отклучи заклучи треба да се прави цело време, во куќа живеам, не живеам во село, ама ете некои луѓе си земаат за право да не заѕвонат, туку директно да си отворат врата, низ ходник директ дневна
Ова ми е добро познато, кај мене зетот влегува така, тетка, тетин... Не дај боже некогаш како можат да те начекаат срамота е, оттогаш никогаш не се облекувам во дневна, стрикно во моја соба одам
Па ако крадците и свекрвите дојдат со багер, да, нема да ги запре еден клуч. Едно куче сигурно ќе заврши работа, логично
И ние имавме една таква комшика на баба ми врсничка, ќе си влезеше ќе си седнеше у кујна на маса ко вампирка у темница а баба ми спиеше таму, ја у соба си учам, шо ќе и кажам копиљче трето одделение. После почнавме да заклучуваме, оти ја отераа пар пути, али она упорно си доаѓаше... А и пуно шмркаше, ја имаше баба ми пар пути од памет вадено у сон. И у фиоки ни буричкаше бе. Али арна жена беше. Улава, али арна.
Шмркаше? Не знам, јас ваљда со овчари сум растела, стално се викало уште од двор-ооој Стојане/Стојанице, кај сте!? Да ми се појави некој неочекуван дома, од шлог може да умрам. Мајка ми да влезе у дневна, а јас не сум приметила дека се вратила од работа, може да се шлогирам. И не само јас, мислев општо место е. Сега оваа бабава ако ви била домашна, тоа е, сте си знаеле дека е тука. Башка шмркала. Гласовно предупредување-чекд, у реду е.
Додека живеев во чаршија, секој знаеше да си влезе во дворо да си се прошета (пошто голем двор имаме) и да си се напија и измоча, имавме ВЦ во дворо и така се праеше сето тоа се додека не го зедовме ротвајлеро и ни беше пуштен онака, да не стој врзан и тој е душа треба слобода, па така се изретчија непоканети гости.
Па затоа вратата отклучена ја оставале, за да дојде бабата со пакетчето Види ти итра баба. Дилер. А секогаш се чудев како се толку таинствени кога ти мушкаат пари во раката и ти викаат да ќутиш
Па и течеше увек носот и шмркаше ептен нападно, е сеа зашто, не знам... Не и се мешам. Иначе и кај нас имаше овчарки, само тие се најавуваа паралелно додека ни влагаа дома... Ко да имаа шесто чуло коа врата сме забораиле да заклучиме, мме... Сеа коа ќе ми текне, имавме една комшика ќе се јавеше на фиксен дали мајка ми била дома, и ако она не е дома, сеедно, ќе ми каеше тури едно кафе и ќе дојдеше и ја оти домаќинка жена ( дете) морав со неа да дремам да ме смара...