Додека ти бараш решение за глушец, маж ми купил цело пакетче пластично полно со црвци Ќе стримал на Јутуб со црвите и ќе им давал разни работи за јадење. Видел некој правел пари на Јутуб баш на таков начин, па купил и он. Се за додатни приходи. Оф Јас точно пред некое време пишував за јога на јутуб , ама само спомнав, не почнав да се снимам. Тоа е, реков јас дека сме 100 % опседнати со Јутуб , ко дрогираши некои зависници.
Клај му лепак за глувци и до него шеќер, шеќер осеќаат од многу далеку и ќе дојде ќе се залепи, одлепување амин.
Маж ти е паметен. Шо ќе ринта надвор цел ден, ќе заработува дома пари од црви. Па не се будали бре да работат.
Леле даааа, се сложувам. Константен потсетник како не треба да бидам и да се држам до тоа што сум и секогаш да се трудам да сум подобро. Буквално ти требаат во животот секакви луѓе, и да, ние треба да си одбереме како ќе влијаат.
Старорец со стапица се фаќа, со отров само ќе умре у некој ќош упикан па ќе смрди. Вака со стапица на место. Имавме одамна така, отровот изеден, а малово нигде го нема. Па со стапица го решивме одма. А па живо ако го фатиш, да пазиш кога ќе го пушташ оти ако те касне, црно ти се пишува. И стаорци и глувци доста пренесуваат зарази така да ај помалку со жалипојкиве.
Дневница на келнер е од 2000 денари нагоре, драг Петар, да си работел само еден месец во овие три месеци колку што трае летото, ќе си имал пари да си платиш за семестар и сите трошоци за студирање кој што си ги навел и на крајот, факултетот не е задолжителен, ако неќеш, не мораш да студираш, бесплатно образование важи само кога е задолжително..
Никогаш сум немал, парите во џеб, чудна работа. Заебавајте ме, ама сеа личната има да си ја закачам на оние околу врат шо се носат, џоа воле. Најтрагично е што немам пари во ќеш, а сите ми се на сметка...
Имам дадено околу 400,000 на УКИМ до сега, не е за парите. Проблем е што за тие пари што ги имав платено, никогаш не видов основни услови. Немаше сапун, немаше вода, немаше основни услови во тоалет, јас мочам стоејќи, ама на факултет имам мочано се на се 6 пати. Една година и прозор фалеше у тоалетот, па мочав и ме врнеше снег.