Да де, после ќе кукаат немало кадар, оделе младиве по странство во Мекдоналдс. Сменете си ги размислувањата барем вие оти утре само бајачки ќе останат да нѐ лечат по болнициве. И не знам кае дневница за келнер 2000+, освен во некои елитни ресторани.
Како се следат војниве ладнокрвно ауууу, језа Се прати, се навива, се гледа сеир, лабавко се коментира.. Шо душа ќе имавте, од што ли ќе бевте напраени се чудам. Ниту ве допира, ниту вознемирува, напротив со восхит пратите ситуација..
Да сменам мислење дека треба младите да работат наместо да безделничат по кафичи и да чекаат на мама и тато? Па никогаш нема да видиш дека некој што работи и студира кука вака како му е се скапо, тоа обично го прават оние што дремат по цел ден на кафиња.. Барем преку лето можат да работат колку да си платат рата за на факултет.. Иначе отпосле видов дека дечково спие по штабови, и е политички определен, и ми стана јасно се.
Пак ќе кажам, факултетот не е задолжителен и не мора секој да го има, и согласно со тоа, не мораат сите да студираат ако немаат пари и услови.. А тој што сака ќе најде начин, ќе учи, државата ќе му даде стипендија, ќе стане доктор или инженер.. Што по ѓаволите е она 1200 студенти на Финки, мислиш ние сме Америка, па ни требаат 1200 програмери на годишно ниво само од Финки, башка ФЕИТ, башка УГД, башка академии и останати факулгети.. Дали нашата држава има потреба од 5000+ програмери и ИТ лица на годишно ниво да бидат оспособени? И друго, што мислиш колку од тие ќе останат да работат во Македонија после од кога ќе се оспособат за работа? Државата е во загуба со секој еден млад човек на кого му платила да се образува а он се иселил.. Нас ни треба систем со кој ќе имаме бесплатно високо образование, но луѓето ќе бидат приморани да работат во оваа држава најмалку 5 години, во спротивно треба да си ги платат сите трошоци за студирање.. Се додека не се воведе тој концепт, високото образование мора да се плаќа.
И јас земав стипендија за успех, и плаќав ама од пракса добив од трите подолгото. И пак имавме непотребни трошоци. И ене по клиникине се жалат немаме кадааар, ама кога одев аа девојче ова е државна институција. Ама еве ви CV, ако има нешто побарајте ме, ама нее девојче џабе, не оставај, нема да те побара никој. Па уште ти се смеат у фаца си дошол ко морон тука работа да бараш. Епа ај гонете се. Да он може нема да студира, ние утре ќе се молиме да студираат кога ќе нема кој да нѐ лечи
Коа ќе видам кој се завршил факултет у Македонија, се гордеам со тоа што не можев да си дозволам да запишам втора година, и да го завршам.
Замисли да ги вратам деновите, месеците, годините назад. Не би го сменила него, затоа што он ме смени мене. Ми подари свесност, самољубов. Ако секој човек има некоја задача во животот на останатите, он беше моја лекција, јас сум негова казна. А душата е најстрашниот затвор.
МРАЗАМ НЕПРАВДИ!! Не можиш бе ти душо ситна, да градиш среќа, кариера, успех и слава врз туѓа несреќа. Кога тогаш ќе те стигнат солзите на тој шо си го прегазил. Не ќе најде ниту мир ниту уживајте во тоа изобилие на стаклени нозе. И не, не те колнам. Туку се молам, за мој утеха а твое спасение.... И Исус беше неправедно осуден, и тој претрпе неправда... Па тогаш која сум јас да не ја почувствувам таа суровост од овој свет?! Никоја. Тој рече: Прости им Господи, не знаат што прават! Јас велам: суди праведно Господи, во твои раце ја препуштам правдата!
Темава е за дискусии, имам прашање и сакам да поразговараме со некој кој бил во слична ситуација. Секои мислења се добредојдени. Како би реагирале доколку дознаете од Х особа дека ваша братучедка е бремена? Меѓу кое се слушате со братучедката секоја ден, по саат време муабет на телефон. Станува збор за бременост која е веќе во втор триместар.
Не би се лутела. Јас сум бремена еве средина на 8ми па на никој не се “фалам” дека сум бремена. Нит па се сликам нит објавувам. Мајка ми има спомнато ако ја прашал некој, ама апла да каже она сама не. Јас барем не гледам ништо лошо, би и честитала искрено.
Ако имала спонтан абортус предходно, и сега се плаши да кажува на луѓе дека е бремена да не и се деси нешто лошо т.е да не ја урочат.. Не е нешто за кое треба да и се лутиш, она си знае што и како.. Нашиот народ за ова вика, на нероден Петко, капа не му се шие..
Ама тие кријат. Личноста што кажа за бебето рече не честитувајте додека не ви кажат. Не можеш да им честиташ. Почитувам каква и да му е одлуката, само не можеш да бидеш паметен у ситуацијата. Ништо, ќе чекаме да соопштат тогаш. Погоре членката прокоментирала за спонтан. Во ред е и тоа, ама мислам дека во денешно време не треба спонтан абортус да биде сеуште табу тема и нешто срамно за да се збори. Има многу жени кои минуваат низ истата голгота.
Да ама тој што поминал низ таа голгота знае најубаво како му е, и не секој исто поминува. Затоа може и кријат, сакаат малку повеќе да помине од бременоста па да соопштат ете и на поблиски како тебе. Затоа и мислам дека треба да имаш разбирање.
Ти благодарам на мислењето. Поинаку е кога ќе чуеш мислење од некој кој се наоѓа на другата страна од приказната.