Кога во животот ти оди добро, стави едно камче во кондурата, патиката, штиклата, што и да носиш, да не ти го ебе меракот, нека балансира. Совет од баба ми, знаат старите што кажуваат.
Денешниов ден ужасен до бескрај. На работа нормално и очекувано ко и секоја сабота, во ред. Возам со кола, мали деца од ромска припадност ми истрчаа пред кола, обично тука со 40-50 возат, јас ете со 30 ми истрчаа пред кола, а ни пешачки ни ништо... и шо прајме после , ми идеше да му излезам да ги исплескам по газо и фајрон дома кај родителите. Кои стресови и хипотетички ситуации ми ги ствара и да се убивам самио себе емотивно. Мрш. Друга ситуација прекинавме контакт друштвото што сме со еден тежок комарџија, од детство другар, излегувавме чаршија, на времето професионален фудбалер, сите заедно да соберевме парите немавме колку него... Почна да лажи, зема од другари пари да не враќа.... пробавме на било каков начин да му се помогни, не бива ништо. На другар мој не знам го замолил нешто да појди да му купи, му дал пари овој пошол на апарати и ги поебал.... изгубен е од сета реалност... МИЗЕРИЈА ДЕНОВ
Намерно истрчуваат пред кола. Во маало има многу такви случки. А за тој со парите. Ненормална будала. Пари давање не. Маж ми еднаш даде пари и едвај си ги зема назад. И јас еднаш позајмив пари и не ги добив назад. Затоа веќе денар не давам.
На времето кога веќе почна да запаѓа, татко му не викна дома да зборниме, као демек шо сме праеле како сме праеле, а дотичниот одеше по казина, наместо со нас на забави ваму-таму. Стигна и до психијатриска, се опрај едно време, ај да не биди сам да го дружиме ваму таму, па и ко че се немаше пари дај му ова она, па се врати на ова уште полошо. Не сфаќа дека на некого наштетува со ова и мислам дека ова беше врв. Ова ми е жив пример комаро како уништува човек и се околу него.
Во Градски Парк вечерва врбеше педофил психопат. Девојчиња помали, не дозволувајте возрасен маж да ви пројде и да ви зборува ни на момент, а не па ли да седите и седите, додека се труди да ве "сработи". И да ви е страв, станете заминете си, помешајте се меѓу луѓе, јавите се некому. Само не седите со надеж дека сам ќе си замине и ќе ве остави. Се осеќам како да се соочив со демон.
Многу манијаци има во градски парк навечер, не е само еден, јас летоска со дечко ми се шетавме и ни се закачи по нас да оди и муабет да ни прави.. Замисли со дечко ми бев и он по нас одеше и ни збореше се и сешто, сама да бев од памет ќе се извадев..
Овој не беше само манијак/педофил, туку и психопат. Нè прател и нас, излезе го печурка кога влеговме у кола, за да ја види регистрацијата.
Вас да ве болеше ташак за децата ваши, немаше да идете да протестирате против геј бракови и да пуните митинзи за сомун со мазна салама, него ли ќе излезевте ќе ја запалевте државата оти истите тие деца ви ги касапат ко стока по болници, или ви умираат од ракови од топлани, фабрики и палени ѓубриња.
Со среќа и големи успеси секому во борбата со самите себе и надминување на секој претходен постигнат резултат со нов, следен и подобар. Затоа што исто како Мураками и јас така ве поздравувам со овие мисли