Е како можеш да кажеш така за членот? Со него да не живееш па знаеш што им прави? Мислам дека тие мачиња живеат поубаво од нас. И зошто да ги дава кај ќе стигне? И ние имавме порано зајчиња, па колку издадовме само за фамилии во кои имаше мали дечиња,абе на радоста и немаше крај. Или пу пу не важи оти овие се мачиња,а за другите животни е друга тема? Нина премногу деградираш се околу тебе. Не знам како уопште живееш така и со кој
Општо животов, призмата како гледаш на сите нешта. Ако воопшто си реален лик, и не ме масирај во гужви сум.
Ако е веќе дозволени бездомници да се возат у бус. Земете средете ги, или мијте секој ден. Ич гајле не ми е. Не мислам да добијам красти некои. Сори нот сори.
Јас сметам дека домашните миленици не треба да се множат неконтролирано од причина што и они имаат потреби кој бараат финансии.. Сега ме напаѓате, а онаму во темата за кучиња најгласни сте дека врие од џукели по улици, дека ве апале, тие џукели се производ на неконтролирано множење на домашни миленици, кој што поради неможност да ги чува газдата, станале улични, и после втора или трета генерација, веќе улични кучиња произведуваат нови единки на улични кучиња.. Ајде ако не сите да земеме вака да си ги множиме милениците дома и да не му ја мислиме за нив отпосле.. Тоа што мачката не напаѓа, не значи дека треба да ги има во изобилие на улица..
Овие што мрчат на твитер за маратонот денес што било блокирано Скопје или дека овие што истрчале 5ка не постигнале ништо во животот...дечки жал ми е за вас. Затоа што очигледно надвор од работата и ебавањето со партнерот дома, вие сте едно ништо. Знаете ли да уживате во живот? Онака еднаш да пуштиш мисли од она што мораш да го мислиш и да одлеташ негде? Во природа, со книга, со филм, со спортување, со некое било какво хоби? Знаете... на митинзи ваљда кога претпоставувам е океј Скопје да е блокирано. Сите денес таму не мораа да трчаат. И во тоа е убавината. Не мораш, ама наоѓаш нешто што те исполнува надвор од она што мораш да го правиш. И се одмеривме спортски и достоинствено кој до каде стигнал. А некои до таму стигнале после месеци, други после години. Мислам дека толку сме опседнати со политика и корупција и све, што било каков јавен настан и собир што не води кон подобрување кон состојбата во државата го гледаме како губење време и просеравање. Знам дека се распаѓаме во сите сфери ама плачење дома нема ништо да смени. Исто како што не менува ни глас за вемеро што ги донесовте во фотељи.
Тоа кажи му го на некој што не сака животни и што ги разнесува по улици, не на некој што сака да си чува дома, па и 10 да се.
Не бев последни две недели во позиција да забележвам работи, зошто е тролање дека треба да кастрираме и стерилизираме животни и за нивно добро (ако не се надвор осеќаат нагон и се мачат in heat, женки кои не се плодат ама не се стерилизирани се во ризик за рак на матка итн), ама и за да не се преполнуваме со животни до степен да треба да ги пуштаме на улица? Спојлер Роднина кога зеде мачка ја советував да стерилизира оти многу лесно ќе излези од контрола. Не стерилизира. Сега има 15+ мачки. Не зборам за финансии оти можи некој има можност и сака толку мачки да одржува. Нивно право. Ама проблем е кога поќето ќе почнат да завршват на улица пошто едно е да стерилизираш една, едно е две, друго е 10+. Нешто исто како за кучињата шо се инсистира на стерилизација и кастрација треба да се инсистира и кај мачките. Иако знам дека има сопствници шо не ни стигаат до ветеринар за чип и вакцина па да стигнат до вакво инсистирање, а према мене, и чип и вакцина е нешто шо треба да е основна култура ако сакаш да чуваш миленик. Во секој случај не сфаќам ни зошто би се коментирало под слика со мачиња за стерилизација кога е очигледно среќна вест. Read the room. @Stark преслатки се малите. Скроз ми се слаба точка и сакам да ги гмечам, нека се здрави и живи и долгоооооо да живеат. Спремај мекици и части, шо е ова несериозност ни една слика со мекици не видов. Јас имам мачор, ем му ги секов, ретко ко ќе соберам од улица некое мало можам да му се радвам вака па објавувај слики да живеам преку сликите.
Ако имаат регистрирана одгледувачница, и пред да ти го продадат животното му имаат вградено чип, и башка се грижеле за животното убаво, зашто да не.. Убаво е кога примерок од една раса, се продолжува со тоа што ќе се парат животни од истата таа раса и ќе се зачуваат сите карактеристики и карактер на таа раса.. Ама секогаш сум за тоа дека треба да се вдоми, а не да се купи, барем додека врие на улица од улични животни, доколку нема да на улица улични животни, тогаш подобро е од регистрирана одгледувачница да се купи..
Кој ви даде право да го напаѓате @Stark ? Не го знаете ниту него, ниту парите во неговиот џеб. Ако има, ќе си ги чува. Ако нема доволно, ќе ги подари мачињата на луѓе. Членот никаде не спомна фрлање на улица, па да му се сипувате. Не му се први миленици. Сигурно знае дека некогаш ќе треба да ја однесе мачката на стерилизирање. @Stark Честитки. Убави се.
Многу е бедно да кажеш за член што обожава мачки дека би ги дал каде било и би ги фрлил на улица. @Stark многу се убави и мили! Да ти се множат!
Поздрав, полтрони. Ако пишал член што го мрзите, не значи дека е не у право. Али сеедно, слободно продолжете да цмиздрите у темине за улични животни дека имало болни и гладни животни на улица, и дека ги труеле и газеле. Каков народ, таква држава.
Ама признај дека јако му беше тоа со Вискас храната Иначе, нека му се живи и здрави мачињата на Старк. Домашни, улични, сеедно. Чим ги гледа супер. Боли мене курац дали треба да ги стерилизираат или не. Во државата има побитни работи шо треба да се исправат а не кучките и мачките.