А како тоа некој мрзите на форумот,некој сакате? Нели е анонимно,ваљда не сте побркани да мразите или сакате особа која не ја познавате ин виво?
Не ја исмеваме, ако имаш заприметено и она потпалува тука. После излегува дека ние ѝ се пуштаме. А не е баш така. Некогаш и она провоцира.
Ајде бе напаст колку сте некогаш и токсични, а чим на форум ве мирисам и во живо бетар сте. Мачкава беше напуштена од комшивка моја. Ја заранивме со братучеда ми, пошто наш имот е, почна да си иди кај нас. Ја засакавме и на ветеринар ја однесовме да ја видат, од глисти прочистена и против болви капнато. Два пати во една година се омачи, таман решивме да ја однесиме да ја стерлизираме, пак еве се омачи и шо треба сеа јас да бидам огорчен и да се оттарасам од мачињата? Па и вам да ви се објаснувам од збор до збор, за вашата токсичност да ја хранам на некој начин. Ако ти чини клај лајк сподели и ти ако имаш мачиња, ако не, да не ми мрчиш мене дали имам пари или немам или пак не сум те прашал дали треба да имам мачиња или не. Јас како што кажав цел живот сум имал миленици дома и ќе имам секогаш, дури имам за леб јадење јас, и тие ќе имаат. Case closed.
Сега немаш една мачка која треба да ја стерилизираш драг пријателе Старк, него 4 мачки, 4 мачки треба да стерилизираш, затоа што и другите мачки за околу 1 година од сега ќе почнат да се множат и да раѓаат.. Џабе ти е оваа ако ја стерилизираш само, пак нејзините деца ќе се множат..
Ама и ти претеруваш, не ја купил он па да ја стерилизира. Кажа дека сама му дошла на имотот и он само ја рани и неа и малите. Шо треба, да земе сите мачки, кучки, птици, глувци.... сите да ги стерилизира? Џабе му се опнувате на еден човек, кога цела држава истото го прави. И додека државата не се замара со тој проблем, додека нема казни, сите така ќе праат. Шо па Старк да се замара?
Да не се израдува чоек брат. Затоа мислење на кој шо споделуваме. А знаев дека ќе се фатат за тоа. Значи знаев. Не може нишо убаво да се сподели.
Веднаш штом дошла да ја стерилизирал сега ќе била завршена работата, сега освен неа, има уште 4 други за стерилизирање или кастрација зависи од полот.
Пошо трола. И? на вас ви е јако да трола? И да збори кој има право на студирање, кој каков поклон им дал? На поклонет коњ забите не му се гледаат. Ја и на чоколадо од 50-60 ден ќе се израдувам. Шо има врска? Битен е гестот. Ја множам со 0 бе. Тролиште. Ја оставаат за трафик вака да се трупаат мислења
И тие ќе ги стерилизира, де. Кога сте толку загрижени, понудете му пари на Старк кога ќе дојде време за тоа. Пошо нели сте загрижени, па да му помогнете ако треба...
Еве ќе се спуштам на твое ниво ќе ти изџвакам убо и да ми се симниш од клепкиве. Тие мачињата ќе бидат подарени, одма штом споделив на Инстаграм имаше заинтересирани, ќе имаат топол дом и ќе бидат згрижени. Таа стерилизација што ја спомнуваш ти цело време, ако нема мачки да ловат глувци или инсекти, ланецо на исхрана малце ќе стани небалансиран... нити ме интересира поголемата слика туку само се израдував на малите пуфчиња што ги имам во дворот.
Ама зошто? Не ја донел он, не ја купил. Сама си дошла. Не е должен да ја стерилизира. Мене колку мачки ми имаат дојдено во двор во животов, ако сум земала да ги стерилизирам без пари ќе останев.
Она трола со гаранција. Секој ден има по 10 мислења. Пола МОРА да се со пари, шо како купила. Кој шо напраил колку потрошил. После моментот шо се фалеше дека не мие садови по една недела, дека телефон пуни надвор, и после ја глеаш у тема АРОГАНТНИ ПРОДАВАЧКИ со 15 бона сметка за парфеми. Шо не пише некое квалитетно мислење у другите 100,000 теми? само СДК и Црна Хроника. Така и Луци тролаше само у Црна на крај се откажа
Мене живо ме занима што е поентата со полначот и телефонот?! И пред некој ден како да прочитав за тоа некој беше напишал,ама не можам да разберам
Абе оваа мачка е ангорка и е напуштена од комшивката, и си ја вдомивме на некој начин, ама не се погоди да ја стерилизираме, затоа што неколку пати брзо потезно се омачи... Само друга е поентава многу безобразни и дрски стануваат луѓево, ај ќе речиш форум, ама одамна сум овде и знам како било претходно и како е сеа. Си зема човече за право да ми зборува мене и да ми кажува шо да прам како да прам , ми се обесува на гла и не се симнува бе!