Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Сум мислела дека сум исполнета. Исполнета од се’ во животот, ама не сум почувствувала само едно нешто. Ми недостигал еден дел, него... Неговата љубов.
    Малите рачиња по моето лице, сините очиња како небото, зборот мама... :angel:
    Поминав како поминав на породување, ама ќе поминам уште двојно повеќе. Ако е волјата Божја посакувам повторно да донесам на свет уште не едно, туку повеќе дечиња.
    Мојата желба за иднината :inlove: ...

    Many, many children :wasntme: ...
    [​IMG]
     
    На Mama25, Buttterfly, bittersweet и 34 други им се допаѓа ова.
  2. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Денес сфатив дека најгласен крик на болката е молкот, само што ретко кој знае да го слушне!
    Некогаш кога ќе се налутев и навредев се расправав и кажував се што ми пречеше. Се случувало да го удрам мобилниот од ѕидот на својата соба, се случувало да треснам врата пред нос за потоа да плачам со денови, а денес збор не изустев за се што ми пречи и ме нервира, далеку од тоа дека ми е сеедно што се случува. Почнав да учам да ги поттиснувам сите емоции во себе. Иако збор не изустев, молкот и поттиснатите солзи го даваат одговорот на она што се случува, се изморив некому со зборови да му ја посочувам грешката.
    Да се надоврзам не ги сфаќам ниту оние кои живеат од лајкови на фејсбук и кои се водат под паролата тоа што не е објавено од слики, чекирања на присуство на настани исто како да не се случило |( абе ајде глумиме лудило и популарност као ние најубави, најважни сите ни завидуваат.
     
    На eliesaab, Barbie20, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Џабе ти е се ако немаш внатрешен мир.
    Ако не си среќен со самиот себе.
    Со својата душа.
    [​IMG]
     
    На Lella, danichap, kikav и 13 други им се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.238
    Пол:
    Женски
    Доброто во тоа сите соништа да ги собере во една кутија е тоа што не зафаќаат многу простор при складирање.

    Отиде се во вода, живот!
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Кај се продава мерак и луѓе за мерак?
    Одамна немам запознаено некој таков.
    :?:

    Тоа ти се луѓе кои ти требаат во одреден период на животот оти се осеќаш некако поврзано со нив, те исполнуваат, муабетот ви оди подмачкан, кафето и да е горко и водлесто, лизга како најгуст кајмак. Тип на луѓе што ти ѕвони во недела наутро, надвор сонце пука, и ти вика, еј, спремив колата, ајде чекај ме доле за пола саат, одиме ваму и ваму. Или читаат книги, како за промена. Можда и готват нешто така фино што дури и пола Инстаграм ќе се зачуди. Или знаат што и како прават во животот.

    Не затоа што така треба, ами од мерак.

    Сфаќам јас и неубави периоди и апс и даунс, не треба мене некој за тоа да ми кажува. Ама со години да не мрднеш од мртва точка, па стварно значи, не знам.

    Ги прашуваш за факултет - ќути не ме прашувај, аман заглавив.
    Ок, дечкото/женската како? Леле немој, не ми се разговара на таа тема, за нигде сме.
    На одмор беше? Не бе брат се нема пари.
    Аха, нешто да не почна да подработуваш? Не бе, нема кај, не ми се оди за 150 евра.
    Нешто кај одиш, што правиш во слободно време? Еве на компјутер мавам солитаре.
    А филмови што гледаш? (уште недокажана :^) ) Ааа да интересна е Султанката.
    .... или нешто книги? Ма последно Зоки Поки ја прочитав, кој чита, Бог да чува.
    Епа, ајде пофали се, што има ново (јас откако веќе сите можни теми се ицрпени, незгодно да ти е да прашаш веќе :tmi: )

    .......... Ајварот еве го направивме, убав е годинава.
    :|

    И како јас со мерак да комуницирам со некои луѓе, кога на 21-22-23 години имаат помалце МЕРАК во нив отколку есенскиот ајвар на некои луѓе?!

    Па не ни јадам толку ајвар, да ви кажам право, чисто од мерак пробувам.
    :geek:
     
    На 1209, bittersweet, Tiki-lolipop и 14 други им се допаѓа ова.
  6. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.972
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека на денешен датум јас и срцето мое пред две години се фативме.
    Многу сум среќна што го имам и го сакам најнајмногу !!!!
     
  7. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.541
    Доаѓа ладно време ,имам избор на капути сепак ке се облечам со капутот на среќата ,кога имам избор зошто да го облечам оној на тагата, кога е излитен износен и некако не ми е по ќеиф и други ми го предлагаа му беше преубав како ми стои ,извинетеме одсега јас ке одлучам што ке облечам,можеби нема нив да му годи но мене баш ми стои .
     
    На Lella, Sky-butterfly и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.356
    Допаѓања:
    92.413
    Пол:
    Женски
    Секојдневно слушам и се повеќе се згрозувам бее како може родител да наштети на своето дете,да го тепа малтретира,па дури и да го силува :x
    Колку и да си болен и ненормален такво нешто не се прави ... страшно.
    Ептен се соживувам со такви стории,жал ми е и тешко за жртвите на таквите злосторства :(
     
    На Serafima, Arthur, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Во последно време, се` повеќе наидувам на мажи кои на секој можен начин пробуваат да привлечат внимание на пошироката јавност, преку фејсбук и инстаграм.
    Типични лигуши со постови налик на 10 годишно девојче кое кука за љубов и разни други објави од типот:
    #shopping, #lunch with my love, #my new hairstyle...
    Мислам стварно?? :^) :?:
    Однесувајте се како мажи, како што му доликува на еден вистински маж, а не како разгалени принцезички.
    Фали уште да почнат ноктите да ги лакираат и сликаат за инстаграм.
    Типичен пример на луѓе желни за преголемо внимание и недоволна самодоверба.
    Самодовербата нема да ви порасне на овој начин, а и вие нема да бидете поголеми во очите на другите. На овој начин можете да добиете само спротивен ефект од она што го посакувате.
    Луѓево, сакајќи да си ја зголемат " популарноста ", почнаа да се глупираат по социјалните мрежи и да прават работи кои нормален човек не ги прави. :x
    Фејсбукот ни го зеде нормалниот живот. Секоја акција во текот на денот мора да биде едивентирана на фејсбук, небитно дали со слика, чек ин или друг начин.
    Секоја чест на исклучоците и оние кои својот живот не го рекламираат на фејсбук до најмал детал. :bow:
     
    На 1209, Tiki-lolipop, MademoiselleB и 13 други им се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.748
    Допаѓања:
    6.752
    Еден факт што ме теши.. Се ќе биде добро повторно, ама на друго место, оној другиот свет.. Можеби и сите гревови ќе се исчистат и ќе го осетам спокојот што не го видов..

    Ама сами сме за се' криви. Мои одлуки, мои избори сама ќе си ги плаќам, мене ќе ми се вратат.. Бумеранг, животе. Пуцај ми право во чело.
     
  11. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Апдејт од четврти час: Ми се пие кафеееееее...
     
  12. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Илјадници пати досега е докажано дека кога ќе се изгуби сигурноста, најголем дел од луѓето максимално свесно би предале дел од слободата за да им се врати сигурноста, а многу малку (на ниво на исклучоци) се спремни да ја жртвуваат својата сигурност за да добијат поголема слобода.

    Една личност од историјата сметала дека постојат три дела кај човекот. Првиот дел е нагонски, т.е. потребата за задоволување на нагоните, вториот дел на човековата личност е разумот, односно способноста за носење на рационални одлуки, а третиот дел се нарекува Тимос и најсоодветен превод би бил зборот гордост и тоа е она што одговара на потребата на човекот за слобода.
    Сега, ова прашање за односот на сигурноста и слободата е неразделивo од прашањето за политичкото уредување и различни системи даваат различен сооднос помеѓу слободата и сигурноста на личноста. На пример во социјализмот имавме релативно висок степен на сигурност по цена на жртвување на слободата додека во западните секуларни општества има релативно пристоен сооднос на степенот на слобода со степенот на сигурност... во Македонија, во оваа дива фаза на примитивен капитализам, човекот ја изгуби и слободата и сигурноста.

    Ме интересира онаа категорија луѓе кои свесно носат многу мутави животни одлуки и сами си врзуваат јаже околу врат за поголема сигурност, дали притоа уживаат во нивната слобода која се мери според должината на ланецот?

    Знам, сигурноста по дефиниција значи лесно преживување.
    Слободата е тотален хаос.
    Преферирам хаос.
     
    На Barbie20, mims-89, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Sedmica

    Sedmica Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    149
    Човек пробува да ти го разубави животот,да ти даде нешто што досега никој не ти дал,љубов,топлина,убавина,грижа,ти упорно го гураш од себе за да останеш осамена.
     
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    СДК ми треба масажа, сум се укочила. Малку релакс ќе ми биде на арно.
    И што друго сакам да кажам, ааа да, ми треба и да одам некаде така на две три недели да се изолирам, па да видам кој ќе ми фали. Ако не ми фали никој значи ништо од бизнисот. Чудни се луѓето, ги има ги нема се јавиле не се јавиле дошле пошле, и кога ќе сватиш дека сите само интересите си ги терале тоа е најлошо. Дали се изморив јас од некои личности |( ??? најверојатно да.
     
  15. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Татко ми, ми се смее: Сите растинуваат пари, јас укрупнувам :rofl: :mm:
     
    На Someonespecial, Lella, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Морам да ја зголемам својата самодоверба.
    Морам да бидам посигурна во себе, да знам дека можам да го направам она што го сакам.
    Ќе се потрудам да бидам посилна.
     
    На eliesaab, ColoursOfTheRainbow и GirlLove им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Додека се губевме низ тесните улички украсени со високи палми и олеандри, впивавме мирис на море од секој агол. Бели куќички, сини прозорци, многу улични мачки и бабички што пијат кафе на балкон. Такви фотографии имам во сеќавањето.

    А меѓу нив, имам и слики од малите дечиња што продаваат школки на главната уличка која води до пристаништето. Речиси е невозможно да не ја забележите ведрината на нивните лица и шареноликоста во нивните дланки. Додека поминував покрај нивните мали, импровизирани тезги, му спомнав на љубениов дека сакам една морска ѕвезда за спомен. И само што ги одминавме, две дечиња дотрчаа до мене, ме повлекоа за рака и во дланка ми ставија неколку морски ѕвезди. Толку голема топлина ме облеа во тој момент, што добив желба да ги гушнам. Ме прочитаа, видоа каде ми застана погледот и ми го донесоа она што го сакав, иако не се разбиравме со јазик.

    Сега таа морска ѕвезда ми стои во тегла, заедно со морски песок, камчиња и школки. Одвреме навреме ја отворам за да го впијам мирисот што уште се крие во неа. Да затворам очи пред ваков тмурен ден, па за момент да замислам дека сум таму.
     

    Прикачени фајлови:

    На Foreveryoungiwannabe, bittersweet, Marossa и 23 други им се допаѓа ова.
  18. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    824
    Пол:
    Женски
    Сдк ... Да не беше фемина до сега ке умрев од досада на работа |(
     
    На srcekrsacka и kikav им се допаѓа ова.
  19. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Дојдов само да се пофалам. :lol: Дадов 8 коша на Физичко денес. Голем напредок. :muscle: 8) :D
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Денов ми е многу депресивен, од сабајле до сега не сум завршила ама баш ниту една работа
    И вчера се изнаплакав убаво. Гледам филмче, плачам. Слушам некоја песна, плачам.. Аман више!!

    Немам волја за ништо. :(