Па затоа потенцирав НЕ СИТЕ во мојот пост. Има и од овие шо ги збориш, ама поголемиот дел се бог да чува. Во мојот град се се знае кога има и шо има, пошо имаме страна за тоа. Беа двајца без тројца да ги стерилизираат животните и толку.
Spill the tea dear darling, вака досадно иначе, се тоа па тоа. Ко о чему ку*ве о поштовању. Моралне де. Пардонирајте на соодветен вокабулар, или како гоТ. * Ок, си го пишав постот во СДК без Ц, молим лепо и поштено, ај сеа Добра Ноќ!
Вртиме сега така низ програмите, и на Сител некое музичко шоу, Ѕвезде гранде или што и да е, не ги пратам... Пее една девојка песна од Смак, Даире. Застанав да ја ислушаме. Преубаво ја отпеа, браво, секоја чест. Секако, како што очекував, не слушнала за Смак. Сакав да ја зезам, ама се сетив како ми беше мене кога ме зезаа баш за тој бенд. И тоа еден токмак, 30 годишен, а јас уште детиште 18/19 години, во шише ме пикна оти не ги знаев. Како сум можел да се нарекувам рокер, а да не ги знам легендарните Смак. А тогаш тоа беше бруки и срам така да те фатат да не знаеш некој релативно популарен бенд, бар во рок заедницата. Секако, типот ми даде насоки што да слушам и од тогаш се заљубив во Смак. Него му беа омилен бенд и секогаш водеше дискусии како Точак е подобар од нашиот Влатко Стефановски. За мене секогаш беше Патакот подобар. И така. Се имам избрукано уште два пати на тема музика, и никогаш нема да ги заборавам. Првиот пат беше токму за Леб и Сол, а бев баш она тинејџер 15/6 години. Се возев со таткото на тогашната девојка, и на радио почна "Мамурни Људи". Јас, секако бев слушнал за Леб и Сол, ама им ги знаев само најпознатите песни како "Чувам ноч од будни", "Бистра вода" и "Учи ме мајко карај ме". Тогаш ми рече дека срамота било да не ја знам "Мамурни људи" и ми го даде албумот "Као Какао" да го ислушам, и тоа на касета. Е најлошото брукање ми беше кога отидов во една книжара каде што работеше еден металец, онака со долга коса и брада, како да излегол од Nightwish. Во позадина одеше Rooster, а ја не ги знаев Alice in Chains. Го прашав кој се, ме погледна под око и ми рече: "Како може да не ги знаеш Alice in Chains? Страшно" Се сврте, ми даде што треба и промрмори: "Факинг позери, Кобејн генерација." Прво доаѓање од школо дома, пуштив компјутер, уклучив Limewire и ја пуштив цела дискографија од Alice in Chains (цела ноќ се спушташе). И од тогаш ми станаа меѓу омилените. Со месеци бев заразен и само нив ги слушав. Тогаш ептен имаше замарање за музика, кој што слуша, па се делиш на групи, на рокери, на рапери, на скејтери... Па, да влезеш во друштвото на рокерите, треба да се покажеш, те испрашуваат што знаеш, што не знаеш, што слушаш. Ако кажеш дека ти е омилена песна "Nothing else matters" одма позер си. Ако ја знаеш само Wish you were here, a не го слушаш најдобриот албум Meddle, ништо не знаеш. Некои одеа до таму дека ако слушаш Metallica си позер. Вистинските металци слушаат само black и death metal. И ако не ги слушаш. Behemoth и Gorgoroth, не те сметаат за човек. Фала им што не ме сметаа. Не знам денес дали воопшто има такви поделби меѓу децата, ривалство во музиката. Дали фановите на Тејлор Cвифт не те сметаат за доволен фан ако и ги знаеш само популарните песни. Или ако си фан на Селена Гомез си позер, а ако слушаш пример Оливиа Родриго си прав фан. Сигурно нема, и на некој начин подобро што нема, затоа што беше крајно глупо да се расправаш за такви работи, и да билдаш репутација врз тоа што слушаш. Од друга страна пак, интересно беше што имаше многу да научиш од постарите, и иако ќе ти ролаат очи, и ќе те поднаучеа нешто, а тоа нештото беше квалитетна музика. Денес да ми дојде некој тинејџер и да ми рече дека слуша рок и сака да навлезе во таа музика, има со часови да му "предавам" и да го "затрупам" со бендови, албуми и песни. Ќе има повеќе материјал од просечен студент на медицина. А, па ако ми дојдат 2-3, School of Rock ќе отворам. Одам сега да ја пуштам дискографијата од Смак. Имам "студент" за учење.
Овие уште оперираат бе? Наместо финансова полиција да ги затвори и мвр да реагира, они уште објави имаат за пари за им се уплаќаат.
Како увиде дека знам се за сите може да ми кажеш? Јас стојам позади секое мое мислење и коментар, се што сум кажала, стојам позади тоа.
Аха пази да не ги затворат, ене ги МВР уво ги боли. 90% од цајканите од Кавадарци и Неготино "заработуваа" на Конти. Сега се кријат и ги страм да се кажат дека се во минус, а прегласни беа со убедувањата до пред неполн месец како треба сите да одат на Конти и како јаки пари се праваат...
Napalm Death, Cannibal Corpse и Burzum. Тоа е тоа свето тројство. Gojira, Arch Enemy и Amon Amarth не ти ги рачунаат оти се премногу мелодик.
Гледа некој некој наш стример? Во последно почнав да ги гледам Stefan Plays и Angelka и ми тепаат време стварно. Баш би ми било мило некој ако се најде за да си отвориме тема.
На ваков тип музика или така се осетив првио пат другар ми кога ме натера да одам во Bravo во Скопје ама многу налбати имаше... Јас повеќе сум за Panthera нешто то ми е најхардкор.
Колку години си имал ко те носеле во Браво, или колку години постоело Браво? Може па и уште постои? Тоа у буњаковец, така?
Емисијава од тие на Гранд продукција е, ама за тие постарите "Никад није касно". Баш пред малку видов коа ги вртеа за да гласале кој да иде даље. Не е девојка, таму се постари обично, околу и над 40. Испеа ок, убаво , ама ништо спектакуларно. Некад ќе фатам пуштен тв, пратат домашниве. За разлика од ЅГ, има и некои поасални песни што ги пејат луѓево, а не све шабанарија да е како што знаат. Овие ни јас не сум ги знаела, а песнава, да. Секоја чест како милиони песни, албуми знаете бе. Не се замарам толку, ако ми е убаво слушам, лабаво онака, можам и да се опседнам, ама вака до толку да навлегувам, не. Ова како го слушаат, од секогаш се чудам и кај е убавината што ја наоѓаат? Вајда не се разбирам, ама мене хистерично урлање ми звучи и тоа е сѐ. Не ги хејтам, туку не ги разбирам. И нас кои обожаваме еве транс можеби исто вака ни се чудат. Јасно ми е дека оваа е неквалитетна музика, не знам зошто уживам толку, ми годи, што поенергична и со побрзи битови, тоа подобро. И другиве (не сите) жанрови ги слушам, ги поштувам, а сепак на техното морам да се вратам. Некои од подобрите и квалитетни песни само ради успореноста можат да ми здосадат, криво ми е што е така. До темпераментот ли е, не знам, а не сум па некоја енергична толку. Или неам вкус ќе испадне.
Ме смирват и дестимулират. Мозокот веќе ми работи и вриска премногу, па кога удирам со ист интензитет - станва тишина. А ова шо коментираше @Billy Idol ме фати смеа оти имам пример во животов еден (стар) металец шо баш така како шо опиша типично ја дели музиката и дур читав тој ми беше "пред очи". И јас оти сум како дупната вреќа и слушам се, ми префрла дека само мал дел било "вистински метал". А-у тантрумот ко ќе ја извам Мајли Сајрус или пак Сабрина Карпентер во заедничката плејлиста. На Метал Дисчарџ ќе ми забранат влез ако продолжам.
Па да, секое уво е различно, техно/електро пример неќам јас, а сакаш ти и то е нормално да има разлики од чоек до чоек. Инаку далеку од то да се земи буквално кога велиме дека слушаме се, ама работите шо ги сакам и знам да ги слушам често се многу различни. Работи шо пример не слушам би биле помалку. Се сеќавам еднаш седнува гореспоменатиот другар да види шо слушам и во моментот слушав...nordic folk metal. На норвешки. Само ме тапна по гла и си замина. Друг пат се дивев и пеев sea shanties. А и дефинитивно расположението можи да ми скокни од Lamb of God на Chappelle Roan. Едноставно ако завајбам со нешто, не ми е важно во шо жанр спаѓа. Додуша електро свинг и џез ми се најдлабоко во срце, мислам дека само таму сакам такви ефекти инкорпорирани во музиката.
Леле никој не ги знам од овие и срам ме фати, ама како што гледам на гугл сите се накај death metal, шо е ту мач за мене изгледа (ама слободно препорачај ми нешто). Јас сум повеќе рокер, љубовта за таа музика ми почна од ГТА Сан Андреас, песните на KDST и Radio X кои и ден денес ги слушам. И еден другар на времето ме едуцираше така што од него на пример дознав за Nightwish, а од колегата на работа за Slipknot и Sabaton. Сакам метал каде што можам “да почувствувам емоции“ од песната, да не е ете само „дерење“. Флексибилна сум меѓу поп, рок и метал, вкусот на музика ми се протега од Тејлор Свифт, Сабрина Карпентер до овие што ги споменав и руските Кино, така да.