Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.910
    Допаѓања:
    23.800
    Сериозна сум, зошто сметаш дека треба да му е некој океј да му шетаат туѓи животни у двор?
    И јас кравата ќе ја донесам кај тебе у двор да се олесни, ако не е проблем.
     
    На Feminka22, SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  2. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    на тој што е мачката, тој си е крив.
     
  3. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    554
    Пол:
    Женски
    Абе, сеа мачка не можеш да ја ограничиш, карши мене чуваат 10 мачки стално поминуваат и од кај нас, комшиите не се баш саглам со паметот и сеа што треба јас да правам? Мене па почудни ми се тие што чуваат мачки внатре, тоа е многу нехигиенски колку сака нека е чиста мачката тоа влакна и што уште не...
     
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    27.677
    Пол:
    Женски
    Епа баш ова е проблемот со нашиов народ. Дома не сакаат да го чуваат миленикот ама затоа да го пуштаат надвор да се пари, да сере и моча по комшиите може.
    И после зошто се жалат луѓето. Епа ќе се жалат. Никој не е должен твоите мачки да ги трпи. Немој да се чудиш ако ти ги отрујат, оти ти ќе бидиш кривата шо немаш превземано ништо околу тоа.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    554
    Пол:
    Женски
    Не се работи за мојата мачка... Свашта а јас што да кажам што секој ден ми поминуваат по 10 мачки и неколку цигли и цвеќиња ми имаат искршено? Да идам да се расправам со комшиите?
    Дома чување маче ми е нехигиенски и тоа е
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    27.677
    Пол:
    Женски
    Епа шо се жалиш кога не е твојата?
    Ако тебе не ти пречат мачките во дворот, на некој му пречат.
    Скроз право им давам на таквите комшии шо одат да се расправат. Жално е шо нема кај да пријавиш, па ако сопствениците не направат нешто тогаш комшијата мора да се снаоѓа како знае и умее.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.747
    Допаѓања:
    13.629
    Пол:
    Женски
    Колега денес ме прашува трчаше ли вчера на маратон?
    Викам исто како лани..
    Вика исто како лани ли време имаше?
    Не, него лани не трчав, а оваа година исто како лани.
     
  8. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    374
    Пол:
    Женски
    Мене ми пречи кучето на комшијата, карши се а прозорот ми е одма тука, луѓе кога ќе почне да лае не престанува посебно навечер не се спие, ајде тоа колку гадно мириса кај нив кога ќе се помине, не го ни одржуваат, јас кај мене во соба е невозможна мисија да збориш на телефон нема ги слушнеш човекот на тел од кучето....
     
  9. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.052
    Пол:
    Машки
    Луѓе што два дена плачат за маратонот во неделата се само мрчатори незадоволни од својот живот.

    Ниту некој ќе одел Скопје во НеДеЛа да работи да заработи некој динар. Ниту пак е сопрен сообраќајот особено не за возила на Брза помош, пожарна и слично.

    Традиционалната рута на маратонот веќе неколку години е сменета, на начин што не го сопира сообраќајот во Скопје. Во државна болница може да се стигне уште од 3 различни места (Рамстор, Црниче, Капиштец). Во Градска влезот од кај ГТЦ беше слободен а Воена воопшто не е блокирана од ниедна страна.

    Буквално во сите (три) населби низ кои поминува маратонот постои лесен начин да се стигне од точка а до точка б.

    Дури и "најблокираните" места од Градски ѕид и во центар И ГТЦ имаат пристап до споредна улица низ која можат да излезат.

    Наместо да се расправаат и докажуваат македонските Керени можат фино лепо да подзастанат и да прашаат на љубезен начин било кој од полицајциве и обезбедувањето за правец, и да бидат фино насочени.

    Плус да не збориме што улиците не се херметички затворени па возила се пропуштаат секогаш кога има можност.

    А за кукање дека не можел некој да излезе и да прошета, па јебига, не ти треба кола за тоа. 1 година унапред се знае која недела ќе се трча.
    Ако ти се искача од дома искочи на маратонот.

    Не мораш да трчаш, социјализирај се со илјадници луѓе што излегле надвор да гледаат и навиваат.

    Плус нема коли, ете ти чист воздух.
    Земи пиво и кафе, седни на трева, извади кул транспарент и забавувај се 2 саати.
    И онака до кај 12 ќе заврши.

    Мада овие што плачат дека било све затворено сигурен сум дека во Недела спијат до 11.

    Ама тоа е македонштината. Да му умре на комшијата козата.
    Зашо другите да се забавуваат... нека лежат дома и мрчат као мене.

    Место да се радуваме дека сме дел од иста (официјална) група на маратони со Софија, Будимпешта, Милано, Венеција и Лондон.
    Па и нашето тажно Скопје се нашло во друштво со овие метрополи.

    Не...
    Ние ќе плачеме оти на некој мисли дека е центарот на светот.
     
    На Dalene, Annath, Antolinaa и 20 други им се допаѓа ова.
  10. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Машки
    Што е то карши? Цело време читам и се думам ко некој странски јазик да е. Што е и на кој дијалект е?
     
  11. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    3.163
    Пол:
    Женски
    Тенќуууу, буквално денес истото го зборував.
     
    На _iKarmen и Ajronmen им се допаѓа ова.
  12. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    3.733
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20241007_175844.jpg

    Искрено чудно ми е како досега не си го сретнал во секојдневниот говор.

    Инаку турцизам е.

    Нема конкретно во кои дијалекти (не) се користи. Колку што имам приметено во сите, освен во делови од запад.
     
    На Anyshka, FriendOfDorothy, MarigoldA и 9 други им се допаѓа ова.
  13. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Машки
    Тоа што го кажав не го лупнав ба среќа, ти кажувам оти навистина имав луѓе кои беа таму, рекоа хаос. Еве пак ќе го поставам истото прашање, праќаат мекото на болница од друг храд итно за Скопје ама немаат кола и ти викаат одете сами. Одат овие и наидуваат на маратонот, што ќе прават? Сирени и тие ќе пуштат? Дај ти се молам.
    Леле, сме биле во иста група со некои Софија, Будимпешта и Венеција, тоа ми беше животен сон, Скопје конечно успеа во животот:party:
     
  14. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Машки
    Ние користиме спроти, или наспроти.
     
  15. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    3.163
    Пол:
    Женски
    Немора сирени да пуштат пријателе, како што пиша и членката има многу улици кои беа слободни може само да се праша за насока
     
    На Feniksgirl, Munchmallow20, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.052
    Пол:
    Машки
    Као што реков има 3 други влеза за во државна.

    На прва полициска кола да и кажете дека итно одите во државна, не само шо ќе дале правци туку и придружба ќе пуштеле.

    Тврдам дека итни случаи се пропуштаат дури и преку трасата на маратонот.

    Ако не е итен - има уште три пристапи до државна, и уште неколку клиники со дежурни служби.
     
    На Munchmallow20, theowndemon и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.061
    Допаѓања:
    131.097
    Пол:
    Женски
    Имаше пристап до болниците. Секогаш има од некоја страна.
    Мора да има бидејќи и на маратонците може да им се случи нешто, не само на другите луѓе.
     
    На _iKarmen, Feminka22 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  18. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Оние вчера што чекаа долго ЈСП автобуси за на крај да сфатат дека ниеден од нив нема да дојде не го делат твоето мислење. Многу луѓе зависат од ваквиот превоз, а маратонот е така поставен баш да ги оневозможи повеќето линии. Мислам дека само 5ка изменета функционираше, што е смешно за една метропола.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.061
    Допаѓања:
    131.097
    Пол:
    Женски
    Имаше објава за движењето на автобусите.
    Пример, 2ка возеше нормално.
    Е, што секој ден доцнат автобусите, да тоа е проблем.
     
    На _iKarmen, Gosh, Ajronmen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.052
    Пол:
    Машки
    Чудно...
    Јас со автобус отидов на маратонот. И со автобус се вратив.

    Сите функционираа.
    Само оние кои поминуваат на рекорд се пренасочени од кај Кале. Толку...

    За маратонот датата се знае 1 година.
    ЈСП неколку дена пред тоа пушта известувања за промени на трасите.

    На сите портали е објаснето кои улици ќе се затворени, и кои автобуси каде ќе минуваат.

    14.000 души трчаа.

    Сигурен сум дека 14.000 скопјани не чекале автобуси во недела сабајле.
     
    На Dalene, Kolache na mama, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.