Секако нема автобуси. Ја вчера на Партизанска накај 9 скапав. Демек за 1 мин, за 2, 3 ништо, на крај такси. Смрзнав ко куче.
Да, верувам, сигурно се приоритизирани одредени траси, од мојата населба - Кисела Вода немаше ни еден единствен автобус, а обично има барем 6-7, градски и приградски
Абе нели гледаш, секоја година истата песна е по твитер и остали... Ете објавија Визер дека следна година е на 5ти октомври, и последните години е така, првата недела од октомври. Јас си тргнав пешки после и скрос пуштаа да поминеш ако нема луѓе, да не се учукате со некој само. Јас пак ќе кажам, и да требаше да пуштиме возило на итна, не сме до толку срање у душа да дозволиме некој да умира, ќе направевме простор. А за со упати, за викенди не работат по државниве. Ако сакаа некој денар да заработат у недела, можеа да се организираат со некој да продаваат ете сокови, грицки, било што на плоштад, ко шо бевме сите потепани и после 5 и после 42 км, таман ни фалеше нешто да подкаснеме. На Прв до врв горе на Водно имаше едни бургери правеа, абе колони имаше да купат. Другите, фала шо навивавте
Пушејќи цигари им објаснувам на блиски другарки дека козметиката која ја користат содржи нафтени деривати и им давам совети што да избегнуваат. - Рексоната срцка да ја избегнуваш, штетна е, знаеш ли што внесуваш во телото, имаш алтернативи - повлекувам од цигарата.
Од културно-инфлуенсерски интернационални дешавки годинава, не можам да се одлучам шо ми е хајлајт. Дали вештерката, односно Лејди Хари Стајлс од Еуровизија, дванаесетте величествени со Дионис шо беа, или бакнежот на како се викаше и ванземајацот на VMA. Двеидваесчетврто лето Господово. Планета: Земја... вајда.
Полиција ќе пушти што е итно. А прво ти запрашај се кој е крив и до од кого ни е државата вака ако нема јебено комбе да пратиш ИТЕН пациент. Од маратонците сигурно не.
Не знам кога некои ќе сфатат дека памет, почит, интелектуалност, добро воспитување, доброта, никогаш не губат од мода! Да си безобразен, неук, нељубезен и некултурен не е во мода, и НИКАД нема да биде!
Точно, и исто дека ако не секој што укажува кон ова, го има ова, јер ипак ера на фејк /ванабис/ нарциси=напамет рецитации и сигнализирање доблести. Значи пред се Дела>Зборови
Хахх не @Mumoftwo30 Зборот е, поготово денес со помош на социјални мрежи, (дури и пре)гласен е со зборови светот. Но за жал, не и подеднакво толку дела кои се совпаѓаат со истите. Зошто сите горе-долу знаеме дека ова се пожелни карактеристики. Но, не секој ги има. Па така има и од овие другиве, односно оние кои се претставуваат како такви, но не се. Затоа јас претпрочитам да оставам луѓето сами да ми покажат какви односно кои навистина се, не какви/ како кого би да се, односно се претставуваат. Значи пак се сведува на клучното= автентичноста.
Им посакувам на сите скопјани кои ги шетаат своите кучиња и им дозволуваат да си вршат нужда по тротоарите, а потоа не го собираат изметот, многу лош ден! Значи најкултурни сте, ве обожавам!!! Со почит, Девојката која треба да оди на факултет со извалкани чизми.
А зошто мислиш дека сите се скопјани? Во Скопје живеат и од други градови. Инаку да, треба да си собираат.
Обично не верувам во реинкарнации и чуда, ама пред некое време почина омилената мачка на другарка, и кога ја закопале им се појавило одма баш тука мало изгубено маче. Секако дека го вдомиле на нејзино место. Можи секако и да е случајност, но онака едноставно те тера да веруваш и ти дава надеж, бидејќи секој крај е истовремено и нов почеток, нова приказна.
Кога почина чичко ми, сестра ми не прашуваше за него, каде е, каде е, бидејќи беше многу приврзана со него, од кога и кажавме после неколку дена, беше многу тажна.. Неколку саати после тоа од кога и кажавме, дома, на дрво, видовме полуиздишени балони со хелиум, со сите можни цртани јунаци, можеби имаше околу 50 балони врзани во еден чвор и закачени најгоре на дрво.. Разумот ми вика дека некој ги пуштил балоните, па они после од кога скоро се издишиле ветерот ги донел и се закачиле на дрво, ама детево толку се израдува на тие балони во тој момент, како да некој намерно ги донесе тие балони на дрвото закачени најгоре на гранките.. Со скала ги земавме колку беа високо закачени измеѓу две гранки.. Никогаш во животот не верував дека ќе го кажам ова, и разумот ми вика дека се беше само една случајност, ама толку чудно чувство беше тоа, не можам да ти опишам..
Порано, коа ќе му кажев дека до 13:30 ми е ограничено времето. Сите мислеа сум била негативна, ме мрзело, вака, таква сум била,недружељубива. Секоја вечер си легнував одма после работа што значи после полноќ и спиев до 10 сабалје, вежбај дома, јади и замини на работа. Работев 8 саати, едната другарка ми работеше 4 саати на државно и немаше време да се јави, па со син и пишувале домашни, синќир дете од 1во одделение. Ама ако. Никој буквално не ми веруваше дека стварно сакам да одморам. Кол центар не е мала работа. И секаков ако си анксиозен, многу влијае. Само тој што не бил во водите нејзини, не знае. Много луѓе ми се лутеа, ми велеа сум себична, негативна и нз што. Мило ми е што ми укажаа на некои работи што требаше да ги сменат и мило ми е од др страна шо си ги покажаа вистинските лица, едни беа тука за мене, другите ме избегаваа и ниту ме прашува како сум и зошто се осеќам, како што се осеќав. Еее другариии, колку пати излегов со вас, само да угодам и себеси си велев не. Има 1001 симптомите шо вие врска немате, што ми се случуваше, ми раскажувавте за вас, а јас делев совети и само ве ислишував. А, коа јас ќе зборев.... Настрана гледавте. Ако. Како и да е, ви благодарам за лекциите.
Понекогаш си мислам дека можеби ќе бев посреќна да не ги анализирам толку работите околу мене и луѓето, као, остави за згрешиш некој пат, ќе научиш повеќе, остави луѓето да се однесуваат со тебе лошо, да те повредат, па и да те излажат, така се учи животот, не можеш цел живот да живееш во стаклено ѕвоно..
Сочувствувајте со луѓето и бидете им поддршка кога им е најпотребна, затоа што нема поголема духовна димензија на постоењето, создадена од крв и месо.