Чудни луѓе бе, се расправам за глупости. Ти мене не ме викаш со твоите колеги, колешки и другари, другарки,па што јас да те барам за кафе со моите. Мислам, хелоу, не дека особава ја немам свикано. Ја имам и дошла, некогаш и сум сакала насамо со колешка. И ме свикал и сум одела. Ах, бе се на кантар ставаме, какви сме луѓево....
Никогаш медицината и фармацијата не биле поразвиени и понапредни а луѓето болни како никогаш досега...
Од економски аспект колку и да звучи сурово, ним не им се исплаќа да те излечат, туку да те лекуваат и да бидиш болен цело време и да врти парата..
Ногу ми е морбидно кога ќе видам дека честитаат роденден на починат на зидот од социјалната мрежа. Знам,не се луѓето криви,можеби не знаат дека личноста е почината ама тоа "жива и здрава да си" ми ја крева косата.
Тогаш се јавува прашањето, дали ја заслужуваат довербата на луѓето? Нема никогаш да ги заборавам зборовите на дедо ми кој почина на 67 год. "Ете види, полна ќеса со лекови од разни врсти, барем за едни од нив да можев да кажам дека барем малку ми помагаат..."
Не знам ни по која потреба блиските го чуваат профилот, ај можеби за сликите да останат спомен, ама нема некоја опција да не се гледа кога му е роденден?
Еве ме. Вчера таква добра салата сум си спремила за денес на работа, што ја мислев до заспивање. За после работа планирам после ручек да направам диско вечер со халовин детски песни, малце да се размрдаме по дома. Па ко ќе заспие малото, планирам да се умотам ко бурито со ќебе, да си пивнам чај од маточина и да си читнам Хари Потер, заостанав неколку вечери по ред не читав. Еднаш го прочитав тоа и ми остана ко мото: joy is a religion, happiness is a habit. Како ќе си направиш, така ќе ти биде.
Најчесто има и под слика изразување сочувство, ама тоа не го читаат.. @ForeverME Некогаш како намерно да прават (зборам за оние со мал број пријатели, кои буквално ги држат најблиските и невозможно е да не се информирани).
Ако не знаеш пасворд од личноста не може да и го деактивираш профилот ,еве и на тато стои... се убив пробување не успеав...
Луѓето се болни затоа што мислат дека еден ап ќе излечи се што прават они негативно во животот. Еве ќе зборувам специфично за срцеви заболувања и слично. Лековите кои ги имаме денес се 1000 пати подобри од тие во 80-тите, ама зошто сите се поболни од срцеви заболувања? Затоа што луѓето се станати мрзеливи, седачи и легачи, се џапа мрсно и благо, ама никој не мрда со нозете. Старк, ниту еден лек не може да те излечи трајно, туку само да превенира последици на краток рок. За трајно мора животни промени, тоа не е до фармацевската индустрија туку до нас.
Е сега сакам да кажам... Сакам да кажам дека имам стан на приземје, и дворот кој ми е буквално пред прозорец, комшиите мои ми го отворија (земјиште на користење) им требал за пролаз. Во ред...ама 15 години не го одржува никој, имавме кираџии, имавме празен стан едно време, и сите рози, јуките беа запуштени ама не беа мртви....Некој паметен комшија ги исекол сите оти тоа било мочкарник за мачките...(нема врска така мириса и органска материја која се распаѓа) ама ѓубрето оставено до мојот ѕид да скапува и да држи влага.... Вчера отидов да го чистам и боже господе, дувла на бубашваби, голи полжави и остали земски битија, и тоа не ми беше гадно, бубашвабата е чисто животинче кога живее у органски отпад ко трева... АМА ДА МУ ТИИИТ НА ТИИИТ абе влошки фрлани на приземје? Користени влошки собирав вчера цели 2 саати... А да и додека фрлав ѓубре начекав една комшика како фрла ќеса низ прозор од кола, не го погоди контејнерот, кога сум ја забркал со ашовот у рака мислам дека треба да сум среќен како не завршив со полиција.
Да, вистина е, а тие кои не се мрзливи, седачи, легачи, дебели, туку баш се фит и активни луѓе, здраво се хранат, здраво како што се мисли нели, зашо од нигде никаде ги снајдува некоја болештина или па идат со глава? Стрес нешо, стресен живот, ова она, генетика? Ќе речеш сеа еее па тие се малку, другиве се мнозинството.. Не е така едноставно зашо се дешава она што се дешава. Треба колку што е можно да се чуваме, пазиме и да превенираме колку можеме али и тоа не значи дека 100% ќе не дочува/спаси итн. На фармацевтската мафија тоест индустрија не и одговара да има што е можно поише болни? Не дека они не разболуваат де, ама им одговара секако. Иначе дајте бе не заебавајте, не мора апови викаш? И онака не помагале, едно лечат друго заебуваат, со чајчиња тревички ќе се лечиме. Ииии само смирено, опуштено, медитирај, кулирај, уживај, све ќе помине.. Да оставиме на времето да не излечи. Стрес брат стрес те јебе, па после и се останато. Ај не се стресирај да те видам, прелесно е да се каже 'само смирено', а потешко изводливо. И прекинете за дијазепамот заебанции да правите, (не ти, општо кажувам) нација навлечена на апови сме, сме де, така е, кој вика не. Бар малце те смирува. Пијам по потреба, не редовно и да, ме смирува одма. Вајда не ми се чини само дека ме смирува? Зависна да сум станала, можеби. Сум немала нус ефекти до сеа. Или лошо да ми делува. Секој за себе си знае што му одговара, што не. Ќе се дрогираме, тоа е. Такво време дошло.
Чујте си за ракот, една перспектива со некои нови истражувања: https://open.spotify.com/episode/13ZLZ9l44EVOOH3jFYCxjU?si=94_8h7oeSMG8uNN1D1LpeA&t=4808 Немој да бидете мрзливи и недисциплинирани, не се откажувајте, трудете се секогаш да вложувате што е можно повеќе во себе, не се препуштајте лесно на искушенијата да кренеш раце сам од себе.
Абе нормално и стрес, еве мене цел живот стрес ме јаде. Јас не пиев само дијазепам, јас бев на 4 дијазепами 2 хелекса и бромазепам на ден. Проблемот е што почна организамот да ми бара повеќе и повеќе. Не викам без апови, ама прво да се сменат животните навики, па и да се намали стресот каде може. А инаку не и одговара на фармацевската индустрија да има повеќе болни. Лековите се контролирана категорија и нивното ставање на пазарот чини мноооогу пари. Дополнително државите како нашата ги ограничуваат максималните цени. Моментално пикот на фармацевскта индустрија е индустријата за убавина и здравје (суплементи). За суплемент да пуштиш во продажба, не треба скоро ич документација, можеш бабини прдежи да продаваш за високи цени, и луѓето ги купуваат без да размислат многу многу. Пошто нели ќе пишеме хербално и природно, без гмо, и сите џапаат. Еве Македонија како пазар, колку глупави суплементи поминуваат кај нас? Мал милион, венобалмови, алое вера, ГЕ-132 плус, пробиотици (во голем дел се глупост, мал дел се валидни), екстракти милион, хлорофил, абе шо се може да се стави во прашак или течност се продава. Најголемиот плус на суплементите и индустријата за убавина, ти сакаш да купиш и пред да почнат да те убедуваат. Сите сакаме да останеме млади, витки, тнки и здрави. Еве баба ми господ да ја поживее на 87 години дава повеќе пари на суплементи и превентива него на лекови, мајка ми исто, јас само за пробиотици годинава ќе дадам 350 евра.
А зошто кога ќе отидеш на лекар, лекарот не те прашува што јадеш, дали се движиш и сл. туку право препишува лекови? Ете дури и во последно време се зборува многу на темата дека дијабетесот може да се излечи со промена на исхрана, движење и фастинг и се докажува дека терапијата со инсулин не помага туку одмага кај тип. 2 дијабетес и упорно се оди со истото. Со еден пријател одам цело време по доктори бидејќи има проблем со висок притисок, ама ниту еден од нив не му препорача што да смени во животниот стил, ниту еден го нема ниту еднаш прашано на таа тема туку само препишуваат еден врз друг лек. Во странство и тоа.
Затоа што не учат за исхрана, физичка активност, и други битни навики, активности, методи, поготово не во детали. Односно, секако дека на сите им е јасно дека добра исхрана и редовна активност е потребна за здравје, меѓутоа не се задлабочуваат повеќе до степен на споделување колку многу е сето тоа битно. А е, и за општо кажано физичкото здравје, и за менталното.
Сакам да кажам конечно се наспв ко чоек, после не знам колку време напорни денови, со рано будење. Колку животот е поубав ко ќе станиш без аларм....