Можеби бидејќи веќе се истрошени можностите за превенција и мора да се третира за да се стабилизира човекот бидејќи дијабетесот не може да се излекува? Ако не е таа фармација што толку ви смета никој со овие хронични болести нема ни да стигне да доживее старост.
Кои се тие можности за превенција кои ги има во ограничени количини кои можат да се истрошат? Некако многу ти е нејасна првата реченица. И да, дијабетесот од тип 2 се лекува со правилна исхрана и фастинг. Ако те интересира да се информираш на темата (пред да излегуваш со цврсти ама непроверени ставови), побарај малку на интернет. Има доктори (кои излегле од просекот) кои имаат цели книги на темата напишано. Jason Fung на пример. За се' ли треба да ти наоѓам линкови. А фармацијата не ги третира хроничните болести туку само ги менаџира симптомите.
Не е точно дека денес има повеќе болештини од на времето. Баш напротив, сега има најмалку што некогаш имало во историјата и најголем животен век за скоро секоја дијагноза. Ама оди па објасни се, секогаш поинтересно е да се верува на сопствените впечатоци отколку на фактите.
Ина Многуфина-најјака. Ама Кијану Ривс дека го нема во ниеден скандал ми е најјако онака лабаво низ животот си снима филмови си кулира, прејако изгледа, си ја шета девојка му... ама девојка ти не ни се свиѓа не е ракета, еве сега ќе се насекирам само да си го земам гитарчето. Тој левел на лабаво за медаља.
Сдк ми сe пријаде овој германскиов сенф ко бремена жена сум еве веќе една недела @Adidas888 i biljo koga si idite sakam vakvooo da vi pustam pari da mi pustite po posta edna nedela go mislam veke mora da baram nekoj kamjondzia da mi donese
Вчера, на 9 октомври 1934 година, во Марсеј, атентаторот на ВМРО Величко Димитров Керин или познат и како Владо "шоферчето" Черноземски со потекло од штипско, извршил атентат врз Александар Караџорџевиќ, крал на Кралството СХС подоцна Кралство Југославија, во кое македонците биле угнетувани и мачени и нарекувани за срби а Македонија била под српска окупација. Черноземски заедно со атентаторката на ВМРО, Мара Бунева одиграле важна улога за време на српската окупација. Планот за атентатот бил спреман од страна на лидерот на ВМРО, Иван Михајлов Гаврилов или Ванчо Михајлов "Радко" и лидерот на хрватската УХРО Анте Павелиќ а за атентатор бил избран херојот на ВМРО, Черноземски. Од толпата сите викале "живио живио" само еден извикал "смрт на тиранинот", кога го застрерал му рекол: "Слушај бре кралу, кралу Александар, еве ти ја Македонија! Нека разбере цела Европа дека постои Македонија! Дека постои Македонија, а не Јужна Србија! Нека се знае и помни по цела Европа, дека Македонец ропство не трпи".
Добро утро до сите. Јас вака од сабајле, а вие? https://www.tiktok.com/@nindzata/video/7403564782420380934
Понекогаш ми е мило дека сум само со машки во канцеларија, знаеш, си прават муабет за коли, за точаци, за фудбал, технологија, не озборуваат никого, не коментираат за никого, онака си се чилл, ако некогаш бидам само со жени во канцеларија ќе направам споредба, ама сега за сега мислам дека подобро е вака него со жени..
Не сум ни пробсла, нема ни да пробувам, мене не ми смета, ми текна дека и на кумот сестра не сум ја избришала не сум ја ни приметила.
Епизода за лошите услови - пред се лошата храна - во кои денес живееме, и колку болестите се енормно позастапени во последната половина век, токму поради намерното труење на луѓето, за нечиј профит: https://open.spotify.com/episode/14XV2p3zAYVWPt7F2hpP9Z?si=Dg6oSaANSr6Tav0lT1x6aQ&t=1781 Знам дека е подкаст, знам дека не е официјално потврдено, но сепак ТРЕБА да се ислуша, бидејќи: Што ако е вистината? Што ако никогаш не биде официјално потврдено дека е вистината? Што ако намерно се крие?
Тоа не е спорно, никогаш на ништо не треба слепо да се верува. Секогаш се си има позадина, а посебно најголемите гигантски гранки во економијата. Медицината колку и да е хумана работа (а верувајте е), не би можела да се развива без средства кои мора од некаде да доаѓаат. Од друга страна, сепак не е толку црно. Најпрост пример се вакцините. Не мора оние за Корона да се пример, туку за туберкулоза и сите смртоносни болести кои убиле голем дел од населенијата порано. Секоја материја е токсична и канцерогена денеска, тоа е факт кој никој здрав не би го негирал. Не постои ништо сосем органско, природно, GMO free. Кога ќе се помириме дека се околу нас е канцер повеќе или помалку многу работи ќе ни имаат смисла.
Ако можеш ислушај ја епизодата. Зборуваат за УСА, ама сигурно е глобален проблем. Зборуваат пред сè за хемикалиите кои се ставаат во храната, и за микропластиката. Хемикалии кои лажно се претставуваат како безбедни. Фактички, со децении човекот негативно мутира сè повеќе поради храната, пред сè. Само затоа што намерно не сакаат да престанат да се користат хемикалиите.
Не е дека ви се приспива, туку и покрај тренингот не сте расонети. Стрес-тест Јас кога тренирав отсабајле, ќе си седнев после тоа на кафе. Сега се опаметив, отсабајле си седнувам на кафе прво.
Како можете наутро да тренирате? Порано се силев така, ок убаво беше, потоа туширање и ко нов си, убаво чувство те обзема И на гладно праев вежби. За спиење, не, имаш енергија, после бањањето ко да ти се враќа, се опуштаат и релаксираат мускулите ама не би повеќе. Ем што мрза сум, ем што неам енергија од сабајле. Заеби и енергија, не можам да се наканам. Мрзата додуша е најголемиот проблем. Не можам против неа. Свака им част на луѓе, ќе земат и тоа пред работа ќе џогираат, и тоа секој ден бе. Еххх да ја имав таа дисциплина и мотивација.. Капа доле за нив.
Хааха затоа практикувам навечер тренинг и одма си заспивам. Ама и тоа било наопаку другите не можеле да заспијат после тренинг биле расонети. Не знам шо пореметување имам ама мене ми одговара вака
"Ако те интересира да се информираш на темата (пред да излегуваш со цврсти ама непроверени ставови), побарај малку на интернет." Оваа реченица треба сама да си ја прочиташ и да си ја примениш. Многу е лесно да слушаш некои њу ејџ велнес природни доктори и недоктори кои се буквално финансирани да шират глупости и да си го интерпретираш тоа што го кажуваат како сакаш, додека реалноста е сосема поинаква. Јас не знам кај најдов баш тебе да те цитирам кога секое мислење во твоето форумско постоење ти е анти-наука, ама пак ќе ти кажам дека не си во право и ова што го пишуваш е скроз misleading и едноставно неточно. Друго, првата реченица ми е јасна, не знам што не ти е јасно? Не постои декада каде што повеќе се зборело за превенција од болести, буквално на секој чекор постојат секакви кампањи и едукација, ама не може сѐ да се превенира. Можеби повеќе сакате луѓето порано да умираат без никаква терапија?