Супер што ти се погодило така (неиронично кажувам). Моето искуство, и тоа во канцеларија каде што имало и жени и мажи било тоа дека од мажите се изнаслушав и добивав прашања за еден куп мизогини работи. Првата недела кога се вработив слушав искази како жените не ги бива за логика, а понатаму и како тоа мажите можат да изневеруваат, ама жените никогаш....
Јас не сум во канцеларија, ама мажите у мојава фирма како знаат да оговараат... Тетка на селска чешма не им е рамна.
Ах, си дремнав после. Ама мислев такви работи не се споделуваат на форум. П.С. не толку од тренинг, туку поради мои лоши навики да заспивам во ниедно време
Моето искуство е слично со ова, ние сме голема канцеларија ама моите work besties секогаш биле машки. На почетокот кога работев опколена само со жени околу мене буквално цело време озборуваа некој, како се носел што направил, а кога не го правеа тоа си правеа мајчински муабети бидејќи беа млади мајки повеќето. Сигурна сум дека секој има различно искуство, но моето досега е вакво. Со машкиве колеги многу полесно ми оди муабетот оти не е најголем процент од времето безвезни озборувања за други. И не, не викам дека сите жени озборуваат вака пред некој да ми се нафрли со пикми. Едноставно такво ми е моето лично искуство досега.
ние мажите секогаш повеќе оговараме од било кои жени, само така ни е врежано во глава дека жените се тие што озборуваат. еве ја си признавам.
Кој ги финансира за да шират глупости? Од глупости нема профит ама затоа од препишување и продажба на лекови и те како. Без поткрепа со факти оваа твое тврдење е само низа од празни зборови. Е ова е изгледа единственото нешто во кое се согласуваме. И јас не знам зошто цело време ме цитираш. Во моето форумско постоење не се сеќавам јас да те имам тебе прва цитирано а ти постојано го правиш тоа. Не знам дали знаеш ама на форумот има опција "Игнорирај". Искористи ја слободно и таман, ем ти на раат од мене а и јас од тебе.
Изгледа не си работел со жени во канцеларија. Не дека и ние мажите не озборуваме, ама не е ни приближно со жените. Кај нас знаеш на што си. Јас работев порано во компанија само со жени. Не се жалам, не ми беше лошо. Ме размазуваа ептен. Кафенце, појадок, тортичка, колачиња, било што да правеле одма имаше за Били. Ама оговарањеееее... Уффффф. Немаше нешто да не помине на дневен ред: кој со кого, кој како, што, каде. Па кланови, делби, забивање нож во грб од позади. Ја нема некоја тој ден на работа, за неа се оговара... Можам роман да напишам.
Јас никогаш немам со жени работено во канцеларија, а после ова што го кажувате, не ни сакам да работам хахахахах ќе си слушам цел ден муабети за коли..
Сум работела со мажи, и се сложувам со ова, ако не повеќе тогаш исто толку оговараат. Ама и на ова може да се гледа со симпатии, за нас луѓето озборувањето е чин на поврзување, инаку што би правеле толку луѓе со различни интереси, ставени во иста канцеларија? Во меѓувреме, секогаш сум гледала да им се најдам и да им понудам некоја навистина добра причина за озборување!
Од што му недостасувале женски муабети, од кога сменил работно место се зачленил на Фемина, за да не му дојде нагла промена..
Јас можам и со мажи и со жени да се сложвам, па и на работа. Имам потреба од женски пријателства и од ко имам такви сфаќам колку ми биле важни. Најважното машко пријателство ми почна на работа. На работа, за среќа или жал останав сама жена меѓу мажи. Пак се сложвав со нив ама кога ни дојде ново девојче се преродив. Значи скроз се радвав и ѝ кажвав дека ми е многу мило дека не сум едно чупе. Наеднаш екстра теми на интерес имав со кој да зборам, карактерно топ. Јас само мислам дека ете мене ми се погодиле колегите. п.с. во мое искуство, како маж шо оговара, жена не можи ни да достигни Јас уствари и зато кликнав со нив, пошто алапача. Еднаш нешто прва дознав и денот празник.
ја све сум оговарал и со машко и со женско друштво, особено кога сум близок со некој, а и да не сум, доволно е да имаме една заедничка личност што ја трпиме и ете ти муабет за цел ден.
Да навредиш цел женски род за еден лајк од Били. Ако на некој досега не му беше јасно што е пик ми, еве. Ако толку ви се неподносливи муабетите што ги прават жени што барате овде да ве праша човек. Мислам дека премногу рамнодушни сме кон омраза кон жени пласирана на ваков хаха хехе начин.
Јас па со мажи работев, бензинска. Какви алапачи беа. Најгрозното нешто беше кога влезе мајка со девојче од 15/16 години и манијакалниот ми колега (околу 40 години) искоментира ,,Уффф, какво е, крцкалче". Имаше ќерка на нејзини години. Стари, запечени педофилишта. Оговараа шефови, хигиеничарки, меѓу себе, колеги/колешки од другите смени, од други бензински, ,,која со кого" муабети. Едвај чекав да бидам во смена со една колешка, да одморам. Не знаете какви мажи има, митови се тоа дека мажи се церекаат и дрдорат само за спорт, кладилница и коли.
И јас мислев дека жените повеќе оговараат од мажите, ама се излажав. Јас тие што ги познавам ништо не ги интересира, и некој ако им каже нешто не ни паметат од што не ги интересирало. Ама...има некои бетер и од жени оговараат и се љубопитни, се' те распрашуваат и се' сакаат да дознаат.
Zavisi sredinata kaj rabotite ama mislam ne postoi pravilo i da se kazi deka ednite pojce ogovaraat ednite pomalce, do karaktero e