Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Дека се испокарав со мојте дома :@ и дека сакам он да ми рече за да сме заедно неколку пати веќе изг на некој начин ненамерно му мавнав корпа ама овој пат нема :sweat: (освен првиот..па тогаш не го знаев убаво де ) :inlove: :talk:
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Многу ги сакам есенските прошетки кога сум сама. Дајте ми улица со дрворед и мојата потреба за природа
    ќе биде задоволена дури и во најбучниот град на светот. Ми треба сега една таква прошетка во која студот ќе ми ги пара ноздрите и ќе го донесам дури дома. Некогаш е убаво да бидеш сам со себе. Особено кога полека полека си го наоѓаш своето место меѓу луѓето.

    Имајте убава вечер. :angel:

    [​IMG]
     
    На Lella, sweet-cherry, Mama25 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Дедо на својот внук му раскажува животна приказна:
    Во душата на секој човек се води битка. Како битка помеѓу два волка. Во душата на секој од нас. Едниот волк го претставува злото, бесот, зависта, љубомората, лакомоста, дрскоста, самосожалувањето, гревот, лагата, лажната гордост, егоизмот. Другиот волк го претставува доброто, она што дава задоволство, мир, љубов, надеж, ведрина, смиреност, љубезност, добрина, срдечност, дарежливост, вистина, милост, вера.
    Внукот се замислил и прашал:
    Кој волк на крајот победува?
    Дедото се насмеал и одговорил:
    Секогаш победува оној волк кој го храниш.
     
    На Sunshine.Sunshine, Barbie20, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    СДК Многу ми се спие, ама додека не исчитам се нема легнување, а бааѓи меилови се собрале.
    8)
     
  5. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    Кажи ми каде,како и со што да си ја изгаснам нервозата...за каде сум уште на 21 година да се нервирам без врска,колку само си го мразам карактерот,што не бев некоја што не молчи,што се кажува во лице без да трепне,а наместо тоа,само молчам и си собирам,ама... се си зема свој данок...
     
    На Umbrella22 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  6. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Тоа што поминало, веќе не постои, тоа што ќе биде, се уште не дошло.
    Само онаа точка во која се спојува минатото и иднината. Ете, во таа точка е целиот наш живот...
    [​IMG]
    Vin brulè (греано вино со зачини и овошје) :)
     
    На Lella, Mama25, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Посакувам да се случи истата глупава грешка од пред 2 години.
    Да, многу личности беа повредени, а исто и твојата гордост и достоинство.
    Но, јас бев среќна. Знаев дека ништо лошо не може да се случи во наредните две години.
    Сега сѐ помина. Испари во секунда. А болката нагло се врати.
     
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.356
    Допаѓања:
    92.413
    Пол:
    Женски
    Доброто со добро се враќа секогаш.
    Нема ништо поубаво од тоа навечер да легнеш на спиење со мирна совест и со мир во душата.
    Сите го посакуваме таквиот мирен сон но затоа треба малку да се потрудиме и да внимаваме како се однесуваме и што правиме.

    Добра ноќ :*
     
    На Ivy89, Lella, sweet-cherry и 11 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    Добра ноќ
     
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.541
    Е стварно му се восхитувам на некои девојки кои си имаат изградено сопствен стил,па ми се смачи да ги гледам како појќето се како фотокопирани ,модна монотонија ме фајќа :D .А пак што е со оние што носат силиконски прерамки ? :?:
     
  11. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Сакајќи да внесам било какви промени во животот и пробивање на монотонијата, почнав со посветување на домот и семејството.
    Не дека досега не посветував внимание, но сфатив дека тоа не е доволно и дека сите ќе бидеме посреќни и позадоволни, ако на било каков начин помогнам и успеам да измамам насмевка на лицата на моите најмили.
    И пред се`, јас се чувствувам по исполнето. 8)

    Неделава ја започнав работно и овој пат решив дека ќе бидам по амбициозна и по упорна кога се работи за исполнување на сопствените цели и ќе се трудам да не останат само неисполнети желби.
    После извршување на работните задачи, денов ми беше резервиран за дружење и кафе со стари, но не заборавени пријатели.
    Темите на разговор ни беа засновани, во главно, на случки и спомени од минатото. Ми се исполни душата, но во исто време почувствував и тежина, бидејќи знам дека тоа време нема никогаш да се врати.
    Сегашноста и не ни е баш нешто интересна и посебна за раскажување.
    Неверојатно е колку сме се промениле и станале позрели личности, но она детското во нас никогаш нема да избледи, посебно кога сме заедно и се сеќаваме на минатото.
    Едноставно, не можеш а да не се изнасмееш од срце, и тоа секој пат за истите работи.

    Завршивме со есенски шопинг и мала прошетка по дождот. Не ни сметаше ни тоа што си заминавме дома водени, измрзнати и испрскани од многубројните автомобили кои поминуваа покрај нас. :rofl:

    Не можам да опишам колку го сакам дождов и колку ми прија ова време. Ме смирува на некој посебен начин. :rain:
    И баш нај многу енергија и мотивација за извршување на секојдневните обврски имам кога врне. :?:
     
    На ColoursOfTheRainbow, bittersweet, mimiiiii и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Кога оној кого го сакаш најмногу, ќе ги остави обврските од работа и ќе фати такси со последните пари за да ти помогне за нешто кое ти е многу битно, можеш само да се молиш дека не те сфаќал сериозно кога си му велела да не те бара за жена :D .
    Зашто како минува времето, тој ми го брише стравот, ме тера да посакам ниеден момент од животецов да не поминам без него и донесам на свет барем две негови мини-копии. :)
     
    На bittersweet, Barbie20, mimiiiii и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Понекогаш не можам да издржам да не заплакам.
    Солзите сами доаѓаат и се тркалаат по моите образи.
    Не, не сакам постојано да плакам, не сакам да ги вознемирувам сите околу себе со моите проблеми, кои за другите луѓе се непотребни и прости.
    Изгледа ја изгубив силата со која успевав да се борам.
    Не знам зошто, но повеќе немам ни желба ни волја за ништо.
    Знам дека и ова ќе помине, ама кога?
    ;(
     
    На ColoursOfTheRainbow, nevermet18 и mileystar им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Звукот на алармот од мобилкава моја, а требит да го сменам, ко ќе почне да пишти, небаре бомба во секој момент ќе експлодира |(
     
    На Lella и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.024
    Допаѓања:
    164.830
    Цело утро сум со солзи во очите, мачно ми е и тесна ми е кожава. Дали е ПМС или е суровата реалност, не знам.

    Слушав...како на момче, околу 25 години, како му зборуваат - се е до тоа како ги гледаш работите, нема врска со тоа што твоите родители крпат крај со крај, се е во твојата глава и твоите комплекси дека не можеш да изгледаш како момци кои имаат пари, пари не се предуслов.

    Слушам со полуприсутност додека ги отварам истражувањата кои велат дека нашето потекло во 90 посто од случаите трасираат како ќе го изодиме нашиот живот од причина што многу е тешко да ги промениме обрасците на однесување на нашите родители, а во чии дух сме воспитани. Особено во земји каде традиционално децата не ги напуштаат своите домови се до нивното стапување во брак, та дури и тогаш...
    За разлика од овие трендови, земјите каде децата ги напуштаат своите домови со навршување на полнолетството, статистички поголема е веројатноста да бидат поуспешни и поразлични од своите родители. Дистанцата полесно те созрева и прави да ги увидуваш своите недостатоци на здраво ниво, а не низ фрустрирачки комплекси каде добиваш чувство на заглавеност и тапкање во место колку и да си спремен и желен за промена, зошто? Затоа што емотивното заложништво на сопствениот дом и однесување по одреден шаблон за да бидеш прифатен и разбран го бараат тоа од тебе. И не , не е на свесно ниво, туку на потсвено ги носиме таквите одлуки.
    И се зависи од класата на која припаѓаме. Ова е речиси незабележливо во семејства од високата класа, каде парите се амортизер и се полесно се уредува со нив, па дури и да живеете со своите родители, проблемот од немаштија го нема, конфликтите дури и да има причина ги нема и едноставно пливате полесно во средината и не се затварате во рамките на домот. И да, иако викаат - е ако немаат пари, барем има љубов и близина, за разлика од оние со пари кои немаат ни љубов (од каде знаете?!), ни па близина, - се испоставува и дека не е баш така, немаштијата ве принудува да бидете блиски затоа што немате каде, кога би имале пари, секако дека би биле подалеку. Некогаш е подобро да сте подалеку од своето семејство за да го сакате...

    И така ви викам, младиот дечко доби еден куп празни и глупи совети... во држава каде што ние, децата од по 20 и плус години сме емотивни заложници на нашите родители. Доби такви совети каде што звучеа како - можеш да бидеш се што ќе посакаш... изглуми дека е убеден во истото. А реално, не можеш, затоа што си условен колку ќе бидеш прифатен и успешен по марката на сако и чевли кога влагаш на интервју на работа. И да, тоа стои антрополошки и ни е всадено, исклучокот е она што ќе го чујат од тебе. Да, за да бидеш социјализиран, треба да поседуваш сопствен автомобил и да бидеш спремен да потрошиш 3000 денари во една вечер на пијачки, а тој е круг е тесно затворен и тешко пропустлив за обичен дечко како тебе...

    И еве така си седам и си пребарувам примери низ главата за човечката идиотштина.
    Читате од некои фаци за добрината - а сум ја осетила нивната недобрина на своја кожа.
    Читате за површноста - а сум ја видела нивната површност на лице.
    Лајкуваат Ниче, пиче (со опростење на трпезава) - а способноста за контемплација им се простира до можностите да ви исфилософираат безпредметно како се најдобри. Метафора знаат да склопат само во некоја убавина поврзана со нивната...

    И тебе ќе ти соли памет некој дека е до тебе, не е до другите и дека другите имаат зошто така се однесуваат, свои причини, ти си им само тригер и нели тоа е за простување. Драгиов дечко би требало да се разубеди дека неговиот живот со родители чии вкупни примања не се ни 30.000, кој што ја пали колата само по потреба, кој што купува еднаш годишно облека, кој што не може да фати девојка затоа што има пари само за едно кафе еднаш неделно, е условен само од него?! Драгиов дечко треба да најми кран за да биде му биде кренат моралот...и некој му го вели тоа...
     
    На FridaKahlo, sparklie, mims-89 и 20 други им се допаѓа ова.
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Спомнав дека ме фаќа депресија нели? Епа потешко е од депресија луѓе, пострашно, по-болно
    Епа нели кога нешто ќе тргне наопаку тргнува по најлошиот редослед...?
    Е така се чуствувам, можеби и ради ПМС-от и поради него, абе луѓе ми фали..
    Признавам, ужасно ми фали, не можам од што ми фали... ;(
    Постојано мислам на него, постојано размислувам за нас, си викам ќе биде или нема да биде? Ама сваќам дека џабе се лажам, го сакам..
    И жал ми е, жал ми е што го излажав и не сакав но така постапив зошто мислев дека било кое оправдување ќе донесе негативни последици, како што и донесе..
    Заебав, знам!!

    ;(
     
  17. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.541
    Кога има бура во мојот живот научив да останам мирна ,бура како бура не трае долго .
     

    Прикачени фајлови:

    На MademoiselleB и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Во животот често паѓаме во жив песок. И секогаш веднаш до нас има гранка на која можеме да се фатиме.
    Некогаш таа е доволно силна да нѐ издржи, некогаш не е. Но, некогаш не ја ниту забележуваме, иако е овде.
     
    На Sunshine.Sunshine и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Кога и да сакам да се изнасмеам убаво,си ја отварам „Дали сум бремена?’’
    Патос :D
    „Кога ќе ги затворам очите мижам и не гледам ништо,дали сум бремена?’’ :D
    Инаку,малку поретко се вклучувам на форумчево,ама имам многу за учење. Да помине неделава и ќе дојдам пак :D
    Многу љубов!
     
    На ColoursOfTheRainbow, IronLady, Ivy89 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    ми се допадна новата позадина на почетната страна на фемина. :inlove: :inlove: :inlove:
    [​IMG]
     
    На IronLady и Gordana10 им се допаѓа ова.