Зошто волку голем проблем ќе имав да се јавувам на телефон, а без проблем да им пишувам, леле бе аман. Никако да го надминам ова. Во живо полесно е и поопуштено ќе си зборам ама на телефон Ништо страшно не е, се преживува, не ме изеле, и пак ме кочи нешто, се стегам.. Срамота, ко идиот се осеќам. Пуста анксиозност мме, не ме напушта. И пак сум почнала со глупиот бесцелен овертинкинг.. Ах, што убаво ми е кога на ништо не мислам, кога сум полабава, вака сега малтретирање пак и борба со себе. И настинкава досадна, баш сега мораше периодов. Кога викам јас дека се урочувам самата... Ништо не ми е, ништо, арна сум, не сум се разболела, и ете, абе за кратко ќе ме фати нешто, и тоа секогаш без исклучок. Многу интересен феномен ова, дури ни во мислите да не можеш да си кажеш на раат бе, ти доаѓа токму тоа непосакуваното. Шо не беше обратно, тоа што го посакуваме да ни се оствареше така често. Еднаш беше прејакооооо, како искочи, како така се преслика идентично како што го замислив, се преточи во реалноста. Нереално дури. После тоа веќе ништо. Е многу сакам ама нема. Нема лесен пат.
Сакам да кажам дека денес прочитав една мисла, и толку впечаток ми остај шо сакам да ја споделам: "Да се посакува нечие присуство наместо неговото тело е најчистиот облик на интимност"На крај на ден можи сепак сум способна да се заљубам. Упс
И на познати, а? После се лутат Многу сме безобразни бе ејј ццц Ама што да правиш, ако немаат проблем таков, не очекувам да разберат. Нема ни да разберат, они големи муабетчии, со саати можат така, со секој, еве ја па нив не ги разбирам и сеа шо? Ама е проблем сепак, поарно да го снема сакам.
Шо ќе биде после? Опушта многу? Пиев јас еден суплемент пред некоја година, и вистина бе, порилекс, лабаво, аууу за ништо к не те боли, добро не буквално за ништо, така е зборот, и расположение оптимизам машала, поарно беше. Не знам што ги баталив.. Мора да зимаме нешто да не крева оти вака, не бива Фала ти. Рекламираат вакви сумплементи доста, овие не сум ги пробала што ги кажа.
Бев да купам сега од маркет овошје и зеленчук, луѓе јас за 450 денари земав толку овошје и зеленчук да не можам дома да се донесам.. Во јули и август, земав по еден патлиџан, и две пиперки, бидејќи ми беа изгор скапи.. Ова не е нормално во Октомври да јадеш патлиџан од 45 денари за кг, а во јули и август исто за патлиџан да плаќаш 130 денари од кг, вака економија не се води..
Не, затоа и кажувам, во ладно време, за да произведеш 1кг патлиџан ти требаат многу повеќе пари отколку за исто тој еден кг патлиџан да го произведеш летно време.. И не може да ми кажеш дека сега во Ноември треба да е поефтин патлиџанот од Јули и Август, кога му е сезона.
А. Увоз на ангро ? Б. Увоз на ангро на нешто што не ќе да е многу здраво, ама во мк проаѓа? Јас стандардно, зиме, лете, плаќам 1 краставица евро и пол, па немам појма со што и кога не трујат