После жалете се немало зеленчук, ама сакате да плаќате цени од пред 10 години, дур на нас давачките ни се од сега, цена 50 денари ќе постигне оранжерија во Албанија, македонските производители тешко...
Сакам да плаќам нормална цена за зеленчук во лето, а во зима да си плаќам поскапо за зелечник бидејќи тоа е нормална пазарна економија, бидејќи сметам дека тоа е нормално, многу помалку ресурси треба да се произведе 1кг домат во август, а многу повеќе во Декември.. Не може во Август да го купувам доматот за 130 денари, а во Декември за дупло помалку, каде е тука логиката?
Најдобро е да се јаде сезонски, сеа ова шо го јадеш е третирано со етилен, и затоа е ко да јадеш дрво а не патлиџан. Цената е невозможна незнам кај е математиката …
Понуда и побарувачка. Поголема побарувачка, поголема цена. Ова е од страната на тој шо нуди. Од страна на тој шо купува, поголема побарувачка, намали деца. Кам зошо газат и се први? Може кафето е 200, а не 300 ко у Рамстор. Ама Кам пошо е поевтин денес ќе продаде 300 лименки кафе од 200 ден. Додека Рамстор може ќе продаде 2 лименки од 300 ден. епа 60,000 и 600 ден не е исто.
Кога станува збор за земјоделски производи проблем е лошото менаџирање од страна на државата, односно богатење на одредени личности врз маката на земјоделецот. Затоа и веќе 60 проценти од површините стојат необработени и 70 посто од храната ни е увозна и неконтролирана. Еве ти ја ко бев агроном 5.2 килограми грозје ама џабе кога нема цена. Стимулацијата од фондовите оди секаде само кај шо треба не затоа и не си конкурентен ни пак профитабилен и многу други недостатоци има кои не верувам дека ќе ги средиме некогаш.
Нема врска шо збориш, прво етиленот е природно присутен фито-хормон, кој го излачуваат различни плодови, меѓу кои и самите домати. Скоро сите домати произведени на големо се собираат во зелена зрелост, кога само лушпата не е поцрвенета, за да можат да се транспортираат полесно, при што можеш и зелени да ги оставиш, ќе созреат сами на рафт. Третман со етилен се прави 24 часа, за да се забрза тој природен процес, затоа што никој не сака да купи зелен домат во зелена зрелост. Етиленот нема врска со тоа дали е дрвенест или не плодот, туку има врска тоа дали и како и кога е собран. Ако е предвреме собран, зелен ама не зелена зрелост, тогаш ќе поцрвени под дејство на етиленот но нема да созрее внатрешно. Мали парцели. Нема механизација на мали парцели. Не може споредба нашиот земјоделец што уште работи во декари со европските што работат во хектари. Второ, мора организација на земјоделците, а не секоја година Свето да ги дупи со 30 денари килограм.
Етиленот стимулира повеќе присуство ликопен,и бета каротен колега… Мали парцели да 60 хектари ако е мала парцела за тебе алал да ти е, у европа со по 15 хектари се милионери земјоделците
Малку во нереален свет ко да ми живее Емпоријо, јас работев шо се вика еден од најјаките луѓе во таа општина а имаше "само" 700 декари.
Млад е колегата ќе излезе на терен, сега уште е само на теорија ама и у теоријата скокнал градба на клетка и ликопен по ботаника Бев у италија во почетните години кај човек шо има цреша имав под мене тука 5 хектари цреша и нашите многу беа стручни па трескаа глупости само моравме да се снаоѓаме и да одиме да учиме настрана. Човекот со 25 хектари цреша беше милионер Ние со 70 хектари површина пливавме во калта. Се е тоа благодарение на државата А да и да едитирам: На сликата е трпезна сорта грозје, свето нема допир со тоа
Јас само да кажам дека интересот на трговецот бил појак од тој на земјоделецот, па можда нешто тоа има врска. Инаку логиката на Нина е скроз на место. Не е ваљда дека во лето купувате домашни патлиџани а само сега увозни? Туку, нешто да прашам. Нафтата на берза е под 100, а бензинот на бензиска пута сто? Арно сум приметила и логика нешто?
Домат барем кај овој шо работев до кај ноември имаше ама веќе никаков... и сега по некоја логика го продава поскап. А иначе дефинитивно јадиме увезен од бог зна каде и што се нема внатре.. Барем јас се уверив во пластика од домат шо јадев во Англија. Иначе јас кај дотичниов што работев секогаш даваше се во откупни центри, а тие веројатно беа за странство. Замисли квалитетно извезуваме, а неквалитетно увезуваме. (пиперки работев најчесто, иако имаше и жито, домат и по некој дел со компир)
(Не)Логиката зависи од која стана на паричката си, понудувач-побарувач на стоки, услуги или добра (како и да се водеа акцизни или не? Одамна излезена од школски клупи како да сум подзаборавила ) Збореа пред некој ден за нафтава цената се дигнала па благо паднала јер заради војнине по блискион исток, ама како пак подрипната да била... кој ја знае веќе до каде ќе оди и тера вака.
Еве, го чекаме @Realist1 да ни истумачи. Јас со години го слушам тоа, нафтата преку 100, од корона околу 100, па досега под 100, малопродажна цена на се друго е пута сто. А нафтата СТОО
Море што ќе чекаме тумачари, ќе си протумачи секоја од нас кога ќе е на зорт, на потреба де од све погоре наведено или по нешто др. можда Најдобра школа дава искуството, од многу тумачење ене ги до кај стигнаа да дискутираат за грозјето и Свето и што заклучија Него тој жив е уште, да не почина или некоја од сопругите му беше починала, ич не памтам, старост, изветреаност
@Biljarkata што ти реков џабе тумачариве, место бек ту д фјучр да ти протумачи дали ќе рипа или паѓа оно као је некад било до 23та( можда па и на некој/и до таму им е и тековнава и секоја следна, до 2023) Седи мирна ти, убаво ти пишав какви тумачари што вират у минато, а поима немаат од иднина. Парно да им се обратевме на астролозиве да видеа што е запишано во И пак си останавме во дума ќе рипа или паѓа?