Уште еднаш животот ми покажа дека постојат луѓе без грам осет, а полни со празни ветувања... Најважно, добив почит и внимание од оние кои ми значат, а на другите кој им е*е матер, како тие со мене, така и јас со нив....
Јас од кога зборам дека треба да се гледа за семејството. Во денешно време луѓето гледаат корист од тебе.
Дали сериозно?? ЗОО: По наредба на директорот на АХВ лица со оружје извршија масакар врз птиците Шо држава ќе бевме, шо бутур бе...
Јака и влијателна твитерџика си ти, капа доле. Добро ти иде, после збориш зашто те манијачеле, па на некој начин јавна фаца си, можеш слободно да се сметаш за таква.
Во фб група, мајкиЧки преговараат колку биле штетни протеините како суплементи, па ау стероиди ли ќе земал синот на некоја па не знам што...Битно знаат оти од ладно бетон се умира. Се осеќам 1% попаметна кога гледам со какви полуписмени луѓе сум опкружена.
Сакам да одам да си направам тетоважа, ама се плашам да не ме боли многу, ако ставам тетоважа, оваа би била..
Фактот што сите пишале "бактеријата птичји грип" е доказ оти новинариве ни се неписмени до немајкаде и само препишуваат.
Жално е шо сите мислат дека протеиниот е штетен и дека се умира од него, толку е едуциран нашиов народ.. Сурутката дури не е ни суплемент, повеќе е храна, од млеко настанува на ист начин со урдата. Ги содржи сите есенцијални амино киселини, поблагородно и поздраво од сурутка нема, и тие шо не вежбаат можат да пијаат зошто е здрава. А без протеини во телото нема живот. Ние шо вежбаме пијаме зошто амино киселините се градежни блокови за мускулите. Ама.. се умирало, блага била, прав била, правата сурутка смрдела, течна била, бла бла.. ама важно јадат домати и крставици во зима, здрави биле.
Ова е доказ колку се нежни маживе такозвани protectors and providers. Ми се јавува прееска мм и ми вика дека може ќе го задржат во болница. Јас се уплашив, помислив да не се осакатил тамо на работата и го прашав зошто. Ми вика дека од многу кашлање го стегнало страната и мисли дека е инфаркт. Јас се уплашив уште повеќе, разговаравме и му реков да ми се јави откако ќе го испитаат. Добро. Се врати пред малку, таков потиштен целиот, натажен, го прашувам шо биде, шо ти рекоа. Ми вика "ме испитаа цел и ми кажаа дека сум преладен" И ај после како да го жалиш