Крастајци криви беше избрана дека жена, ја избраа дека вмро ја кандидираше. Вмро и магаре да кандидират 250.000 до 300.000 hardcore вмровци ќе го гласаат.
На денешен ден мајка ми почина пред 4 години во мои раце... Низ текот на животот имавме и убај и лоши моменти, разни искуства кои нормално не обликуваат..И посакувам само мир и спокојство, нека почива во мир. Ми фали.
Што е толку тешко да се прифати фактот дека некогаш околу нешто во животот си бил глупав? Може си бил под многу стрес, си немал концентрација, си имал период на разнишана самодоверба, си ги чул правите зборови од некого, не си спиел доволно, whatever, многу околности можеби влијаеле за ти да си бил у моментот глупав и да си носел лоши одлуки. Ама прифати го тоа, океј е. И други може да се криви, ама и ти си. Прифати дека си бил глупав и прости си. И надевај се дека си извлекол лекција.
Баш нарекувајќи се глупав, никогаш нема да си простиш. Си го направила она што си сметала дека е правилно во моментот и си она што си денес благодарение на тие правилни или погрешни одлуки. Ќе си простиш кога ќе сфатиш дека не си совршена и во ред е да грешиш за да сфатиш што е правилно.
Многу пати го имам токму тоа направено. Токму ова е заклучокот кој го имам извлечено. Пак ќе кажам, што е проблем да се признае дека во одредена ситуација си бил едноставно глупав? Тоа е дел од несовршеноста и е океј. Едит: да процениш дека во одредена ситуација си бил глупав, не значи дека сметаш/велиш дека си општо и засекогаш глупав.
Шакира да дојдеше или Бијонсе, и така беа "облечени" не знам дали исто ќе реагиравте... Just saying....
Или едноставно доволно паметен и толку си знаел во тој момент. Нема ништо позитивно во мислењето да прифатиш дека си бил глупав, иако те сфаќам во која конотација го тврдиш тоа. Сум правела погрешни проценки во минатото, некои и денес ме афектираат, но она што го имам денес и сум денес е баш благодарение што сум била ,,глупава". Иако никогаш не би си кажала на себе си таква критика. Фактички се казнуваш себе за последиците, а така никогаш нема да си простиш. Никогаш.
Од време на време се провлекува она прашање, дали сум добра мајка? Дали моето дете мисли дека сум добра мајка? Постојана грижа на совест, дали требаше вака, дали треба вака, дали грешам некаде, дали можам подобро?
Се испора на цело ЈСП. Не дека и претходно не беше посрано, ама ајде. Народов е глуп, зашто го замајуваат со години. Излегува и гласа. Во автобус само едни те исти муабети ги вртат пензионерите, ама и они те како се криви.
Се двоумам.. дали сето тоа што ми лежи на срце да му го кажам, иако неаме контакт подолг период. Или да го чувам у себе (а тешко е) ..
Нема ништо лошо во самокритика, рефлексија на погрешни (глупави) постапки, апсолутно не се казнуваш сам себе, напротив, дел е од процесот на лечење и подобрување на себе си. Еве јас сум пример дека можеш да си простиш така, всушност од лично искуство тврдам дека реалната анализа е во твоја најдобра корист. Голема работа ако си бил глупав во одреден момент.
Вчера бев на концерт на Јелена Карлеуша.. Па женава беше повеќе облечена од девојчињата што и дојдоа на концертот.. Значи носеше беж комбинезон закопчан до муцката, иако тоа не изгледа така.. А немам зборови за некои од девојчињата што и беа во публика 2005 генерација, минич, голи гради, и шминка 2кг.. Као кај, не идеш на мет гала.. Додека јас 99' се осеќав ко да имам 30+ покрај нив ..
Ако некој ве бара постојано, значи му треба помош, дружба. Не занемарувајте ги некои луѓе. Жално, што некогаш им укажуваме на некои луѓе дека ни треба помош, рака, разговор,с тие не игнорираат. Житотот е тркало, се врти. Бидете поздравени од мене.