И на форумов сте почнале да досаѓате со пирамидалните шеми а? Понуди, влогови дрн дрн, ко секта сте, права секта. Овците еден куп ги имате, па ќе бидне добра зделка знам.
Од ко ги видоа кавадарчани како живеат на висока нога ајде сега сите Стотици кавадарчани ставија порцелански заби, благодарение на Конти: Градот е полн со луѓе со убава насмевка!
Сиротиов колку не го бива во кревет, па вака се теши. Вистински маж што си ја знае работата ќе ја задоволи жената многу подобро од вибратор. Мислам, хелоу, ако веќе мажите може да легнат со колку сакаат (и притоа се фраери), барем нека научат како да ја доведат жената до оргазам. После нема да е битно колку партнери имала жената. А всушност не е ни најбитно каков е мажот во кревет, пошто се' се учи,ако му е важна жената, ќе научи...побитно е како ве третира секојдневно
Опцијата анонимно коментирање во ЖДМ топ ми доаѓа. Пуздер ќе ве праам. Шо има врска СЗО шо мисли, мајките од Македонија знаат сѐ… Ја да сум има да плаќате казни на велико
Јас одма можам да познаам човек што како дете бил многу сакан и чуван од родителите.. Се гледа по карактерот на човекот..
Со ризик дека ќе звучам како бејсик тикток девојка, сакам да кажам дека најнајомилено јадење на свет ми е авокадо тост со јајца. Толку е совршено. Крцкавата текстура на лебот со кремастата текстура на авокадо... секој залак совршен. Легнувам да спијам возбудено знаејќи дека ќе се разбудам и ќе си правам авокадо тост. Би можела да го јадам три пати на ден. Благодарна сум што можам да си дозволам да купувам авокадо често. Тоа е се.
Јас мислам дека во Скопје се што е шуто, рогато, насилно, што за ништо не го бива, неписмено, безобразно е ставено во јсп како контролор..
Смртта на Лиам е повеќе отколку смрт на само уште една позната личност. За многу од нас кои бевме млади тинејџерки во 2010тите, One Direction не беше само уште еден бој бенд со кој бевме опседнати, бидејќи што може да прави обична тинејџерка во тоа време, туку репрезентација на една цела ера, трендови, поп култура, начин на живот, музика. Неговата смрт е како шамар од реалноста, што нѐ потсети колку брзо помина тоа време. Време кога најголем проблем беше невозвратената љубов од тогашниот симпатија, кога животот се чувствуваше подруго, кога сите бевме опседнати со галаксии, ланчиња со бувче, есенски шалови, мустаќи, британски знамиња, keep calm постери, една цела естетика што произлезе од Tumblr и WeHeartIt (за кое инаку само што дознав дека го нема повеќе) и секако сите наши индивидуални искуства и дружби во животот во тој период. Сега не сме веќе тинејџери, сега сме возрасни; некои вработени некои не, некои во брак некои не, некои ја пронашле смислата на нивниот живот, некои не. Сега сме возрасни кои се трудат да живеат во реален свет, плаќаат сметки и се трудат да одржат квалитетни врски со луѓе во овој ненормален свет. Вчера си правев One Direction маратон, барајќи на Пинтерест слики од WeHeartIt бидејќи го нема повеќе, како што на времето помладата јас си слушаше музика и листаше слики таму кога сакаше да поживее во своја фантазија. Почивај во мир Лиам, никогаш нема да си заборавен и секогаш ќе бидиш потсетник на едни убави времиња, ќе живееш засекогаш во нашите срца со тоа што и натаму ќе те/ве слушаме. We're only getting older, baby And I've been thinking about it lately Does it ever drive you crazy Just how fast the night changes?
Точно една година чекам за термин за ехо на дојка, за контролен преглед. Кога земав од матичен гинеколог упат, одма ми наоѓаа термин, сега кога не може од гинеколог туку од општ матичен, нема. Е како вака бе?
До кога вака јавно ќе ги линчуваат жените, до кога при очи слепи ќе се прават? Маж и не бил крив, она е крива, со него била за пари, мајка и ја бара да си ја препознаела.. Госпоѓо, ти имаш проблем со маж ти, ако не е оваа жена, ќе биде друга, трета, четврта, не знам како не ви е јасно тоа.. Се изнервирав ејјј, многу се прости..
Смешна ми е сироткава, што ја криви девојкава, а не маж и. "Ако сум женет не ми е сменет" и остали други пресмешни загатки. И што е најдобро, девојкава може да и удри тужба неа или на маж и, за злоупотреба и објава на вакви слики.
Маж и е светиња, прелажан, изманипулиран, сирот, сигурно и со сила од гаќи му го извадила, он неќел.. Ја молел и и пеел Назат назат, Калино моме 100%.
Samo so ke pratev Kao da vlezam ovde da ispotagnam i MVR i se da vidime koja e ovaa majcina seljanka? Sho ne si go vospitala sinot deka NE SMEES da slikas nekoj po vesh, kamoli da go objavis.