Е, патос. Информираноста е на жално, да не речам катастрофално ниво. Дижеш ноге па тек онда питаш шта је то... На 15 години сексуално активни, до двесет и некоја раскрилени, некоја година покасно се прашува од каде и се закачил вирусот хпв, и многу други сексуално преносливи болести. Па некоја година покасно се влече по болници и лечи стерилитет. Епа на здравје слободен секс.
Треба понекогаш да ја гледаме и другата страна на животот, таа лошата страна, па тогаш можеби би гледале со други очи на животот. Некој секој ден се клука со антидепресиви, затоа што животот му бил гаден, а некој секој ден се клука со хемотерапија за да живее. Чудно, нели? Дана Вулин, Македонка од Австралија преживеа 30 операции на лице и тело, а во исто време и беше остранет рак на матка и е спремна за живот како никогаш до сега. Браво, што друго би кажал! А, јас утрово бев нервозен и урлав зашто нема топла вода. http://republika.mk/?p=323095
Баба ми - сликај се повеќе, како тргнало стара ќе родиш дете, нема да те памтат млада, па ќе те гледаат на слики и ќе ти викаат - мамо маааа, види колку си била младааааа... Ич не им текнува на стариве што да ти плеснат во фаца, а? Од кого сум учела сарказам...она ти е мастер џедај баб - чур - ак.
Вујко ми за мене цел живот бил како татко. Тоа е човекот кој иако не зборува многу, најчесто се шегува, ми ги има дадено најдобрите совети во животот. ретки ама скапоцени. Совети од она што тој го искусил на своја кожа, негови грешки, негови утки. Не помнам кога не бил покрај мене, а ми требал. Кога бев мала од село до градот одел пешки само за да фати автобус за Скопје и тоа да стигне пред 7 часот тука само заради мене. Една година три дена секој ден патуваше натака- навака само заради мене. И има безброј такви моменти кога бил тука, па ако требало и се да преврти. Ние имаме посебен однос кој многу од роднините не го разбираат, само мајка ми може да го сфати, затоа што и они се многу блиски. Денес по не знам кој пат се најдов во небрано. Буквално излез од никаде. И се јавува тој, без ниту едно прашање, без ништо, само -Дојди утре! И да донесеш ќебапчиња! Платено ти е се... И како тој човек да не го сакам и да не го почитувам? Благодарна сум што го имам. Не чувствувам дека му должам, ниту тој гледа на тоа дека му должам. Едноставно некои луѓе се тука секогаш за вас иако не се секогаш близу до вас.
Ми недостигат мајка ми и тоа многу.Да ја гушнам,да ја бакнам,да пиеме кафе заедно да и легнам во скут. Му љубоморам на мм што е секој ден со неговата а јас мојата ја гледам едвај 4 пати годишно.Се плашам дека некогаш може да и се случи нешто без да ја видам за последен пат без да ја допрам. Ми фали нејзиното лице мн,премногу Што ако имам 27 год мамичка е мамичка и ми е потребна.
Го знаете она чувство кога си ја средувате собата и одеднаш наоѓате некое зафрлено нешто, кое одамна сте заборавиле дека постои, и не ви текнало на памет дека некогаш би можеле да го најдете. Така јас си најдов старо „Не лути се човече“, сложувалка, честитки за Осми март и Нова година рачно изработени, стари цртежи од кога сум била 5-6 годинки и уште еден куп работи кои наеднаш те враќаат во тоа време. Кога си го гледам самиот ракопис, и самиот мирис на тие работи ме враќа низ времето и ме носи токму на тоа место, токму во тоа време, убаво, топло и безгрижно, полно со ѕвездички, боички и радости. И одеднаш ги отвораш очите и сфаќаш дека си назад во реалноста, каде што има прав, многу прав.
Не знам што сакам да кажам. Чудно ми е овој период немам на што да се пожалам Се ми е супер, исполнета сум, среќна,заљубена, и за некое чудо имам желба за учење. Со мерак ги исполнувам обврските. Убав период е ова ,нека потрае
Дааа да..Среќеен убав и не толку сончев ден. Некако вчера...Па ми беше и поубав. Хм, со девојче кое не ни помислив дека би можела да биде такво, почнавме да разговараме....И незнам, ми кажа нешто што мојата “другарка (т.е. ругарка )“ од детството, која ми го уништи секој момент со среќа, и кажала на неа...И реков, прашај ја тоа ....(друго девојче)... таа ќе ти каже што Dreams-678 и кажала за време на распустот.. Ќе сфатиш кој е одговорот. По тоа, се потсетив на она што и го кажав, фалеа неколку солзи за тоа девојче да сфати всушност дека и јас имам чувствителна страна. Воздржана, почнав да зборувам, колку луѓето се неблагодарни, се ненаситни, онака убаво зборував, не спомнувајки имиња, а сепак ме разбра. Ме слушаше внимателно, и кога сфатив дека така молчи, дека се занесов, престанав. Хм.. Бевме инаку во соблекувална, седми час физичко, се облекував. Само ние двете бевме внатре, како гласовите да одекнуваа низ шуплините на ѕидовите и создаваа ехо. Велам, ајде, да одиме, се облеков. Излеговме па таа почна нешто тивко да кажува, дека луѓето не се свесни колку не повредуваат, дека сака тие да го сфатат тоа.. Не ја замислував како таква, ја мислев како нежно тивко девојче што цимоли кога некој ќе ја допре. Навистина, ништо не превзема кога некој а провоцира. И таму, на влезот од школото, како да зборувавме пола час. Некако убаво, со емоции, со убави зборови, дека луѓето не се свесни колку децата знаат и разбираат. По неколку минути стоејки, ми рече дека не ме замислува како ваква, мисли дека знам само да ги нервирам луѓето хах, не, не го рече тоа, ама знам на што мисли. И го кажав она што сакав да го кажам, пишувам книга.. Се изненади, истовремено ја облеа блага насмевка. Тоа девојче секогаш мириса на бебе, толку е нежна и чиста.. Ми рече: Посакувам да замислев некоја тивка песна, па да ја пеев кога некој ќе ме повреди. Го посакувам истото. Ја прашав зошто ништо не превзема кога и да ја провоцираат. Не баш ја прашав, разговарав околу тоа, дека јас, секогаш ќе го притиснев моето златно ланче со дијаманти кога и некој да ме повреди, ама онака психички, таа ме познава како силна личност, затоа што и стварно сум таква.. И тоа девојче има сребрен прстен, вели дека и таа секогаш го стискала, како да има некоја посебна сила. Ни двете не бевме свесни колку сличности и заеднички работи имавме. Како тој разговор да беше толку долг, што се согласивме дека можеме роман да напишеме. Не ја замислував како таква, мислев дека ништо не ја повредува, дека богатството ја прави среќна, па и нема кој и како да повреди така мало како што мислев недозреано девојче. Ама не е таква. Тогаш сфатив дека секој човек има друга страна чувствителна...Спомнавме нешто со добри и лоши луѓе, но всушност дали постојат лоши луѓе..? Нема врска, таа беше сама дома и немора рано да си оди, а јас си отидов поради баба ми, пак се налути дека сум доцнела...Ах, па ми вели оди, ако не отидеш сега, утре ќе завршиме со зборување..И што е најважно, тоа девојче рече дека богатството не е важно воопшто кога немаш среќа. Тоа ми значи. Толку, девојки. Доста ми е. Баш сум среќна што вчера на школската порта така убаво разменувавме мислења. Поздрав, доста беше.
Еднаш не многу одамна гледав еден документарен филм...околу тоа како мислите можат да ни го контролираат животот. Ако мислите ви се убави демек и животот ќе ви биде убав. И демек ако на ливче ги напишеш своите желби,демек ќе ти се исполнеле. И така јас напишав околу 20 скромни желбички. И по една година случајно налетувам на ливчево... Едната од тие дваесет гласеше. -Да ослабам 5 килограми. Ова веднаш ме потсети на тоа "внимавај што посакуваш можеби ќе ти се исполни" -И не бев среќна што морав да ја штиклирам таа желба. Не бев среќна поради начинот на кој ги изгубив. Не бев среќна оти не се 5 туку 7.(дури и претерала желбава) Носталгична сум за едно време,За еден Јануари Февруари Март За месеци кои никогаш нема да го вратат тоа чувство таа топлина,магија,енергија.
Во моментов се што сакам е некоја феминка што седи во дом за средношколци во Скопје или било каде да ми пиши лп
Желбите една по една се остваруваат...Неможам да поверувам,дека се што сум посакала сум добила.Морав да го достигнам дното,за да почнам да живеам.Чудо е колку мислите го менуваат животот,и вербата во себе и Бога.Желбите кои некогаш мислев дека за мене се само сон,одамна се реалност.Време е за остварување на следната........полека но сигурно чекорам кон неа
Кога би почнале да ги запишуваме сите паметни реплики коишто после муабет ни текнува дека требало да ги кажеме, или пак сите муабети што ги смислуваме во глава и остануваат таму, многу од нас би напишале романи и тоа во томови...
Личности.. Влегуваат и излегуваат од нашите животи. Некои врежани длабоко, некои минливи. Само зошто влегуваат во нашиот живот?! Тоа отсекогаш сакав да го знам. Сега знам. Сега го пронајдов одговорот. Бидејќи носат нешто со себе кое е за добробит на нас. Ни една средба не е случајна, ни еден контакт на било кој начин. Божја промисла. Сите носат поуки за нешто во животот. Животот ни е толку непредвидлив. Мислиш дека нешто никогаш нема да се оствари, кога во еден миг, шок. Тоа се случува сосем обратнопропорционално од замисленото. Ама ќе те исполни како никогаш што не си ни очекувал. Ќе те исполни со радост .
Го кажа сето она што јас сакав да го кажам. Животот знае така добро да те изненади,да те фати неподготвен,на моменти да те направи посреќен од се,а на моменти да посакаш никогаш и да не си постоел. Но,ништо не е случано,се што ни се случува со себе носи и некоја поука..тоа е животот. )
Ретко се случува да гледам телевизија па за тоа време најдов мана и нешто што ме нервира . Не ме нервираат сериите (со синхронизацијата), ни глупавата програма што ја даваат , ,по иритирачки е неконтролираниот глас на каналите.Нели треба да е регулирано тоа некако? (со некои норми на јачина на гласот ), а не на еден канал викаат урлаат се дерат ,додека на друг канал не се ни слушаат . Тоа имав само да кажам