Како ли заработуваат овие од freelance... На секој чекор ќе сретнеш некој што ќе ти каже"не подлегнувај на online измамници"...овие пак од интернет заработката ќе ти раскажат како некој член "на таа толку се пронајде во работата, ма, така и тргна што сега не сака да ја остави оваа работа"... Не знам навистина. Едни велат вака, други велат онака, на кој како му одговара. И текстуален уредувач да бидеш и тоа не е лошо пак, велам јас. Што знам сакам сѐ што носи убава заработувачка. И частевка после заработувачка сакам. И ред други работи сакам се што иди со freelance работата исплати и некои други работи.
Секој ден се качувам за мене а не за другите. Облечен во тоа што јас се осеќам најудобно и со темпо кое мене ми одговара најмногу. Така да качувај си се за себе и ич не ги ферми другите.
Сакам да кажам ако низ (државна) болница се движите и не сте асертивни - носете си т.н. "тенк" со вас инаку ќе останите таму цел ден и ќе ве вратат наредниот. Мојот "тенк" е татко ми.
Се чудам како може да постојат '' мажи'' кој им е нормално во 21век да и кажат на девојка како не сакала да живее во село (против село немам ништо, баш напротив) демек што, се срамиш од тоа да чуваш кокошки, свињи во двор? 21 век.... Од цивилизација да се бега во шума со кокошки и свињи......
Нормално е во 21 век да сакаш да живееш во село и да чуваш кокошки, свињи во двор. Не е нормално да правиш некој улав ако не сака да живее таков живот. Меѓусебно разбирање и почит.
Има девојки на кои им одговара таков начин на живот. Нивно право е како ќе живеат. Има разлика од село до село. Маж ми е од село во кое условите не се добри за живеење. Јас од старт му кажав дека не сакам таму да живеам. Среќа што и он не сакаше.
Да ти кажам како поминуваат годините се повеќе размислувам за некоја викендица на планина, си имаш место у град кај живееш ама да изодиш на три четри пет месеци да изладиш од се и не е така лошо.
Секој си има различни интереси. Некои сакаат и на планина да живеат сами, мене тоа не ми е јасно оти јас сакам да живеам меѓу луѓе во цивилизација.
У скопје е џунгла ич не го сакам ама пари да ми даваат не би живеел таму, друго е германија улм на пример нема споредба, Повеќе сум за некоја куќа до море или езеро или некоја планина до ски центар некој. Големите градови брз живот од автокоманда до карпош три да одиш да завршиш нешто или на дејт на кафе ти требаат најмалку 4 саати. У помало место за 15 мин си на кафе или кај и да е. Ваљда годините си го прават своето
Кој како е навикнат, мене рецимо би ми било досадно така во мал град. Не дека нешто им фали, едноставно навиката на градот, метежот и сл. И тоа ваљда има врска.
Feel you. Мене и Скопје ми станува премало, не доволно големо за да исчезнам во тотална анонимност. Штом ќе излезам на улица, дури и далеку од дома, некого знам, од сите поранешни фирми, градинки, школи, од родниот град каде секој со секого се знае, паркови, кафани...
Што се случило со Youtube, на секое видео реклама на 5мин, сега и до 30 секунди без да можат да се скокнат