Така де. Плус не можи јас да испијам две чаши вино, една порција стек и благо, а друг да испие 5 флаши вино, 2 порции нз што и две благи работи и по пола. Леле остај и за родендени, па букети, па срциња, па бакнежи.... Сето глумење лудила и без потребно трошење енергија. Вчера ме накодоши, денес на Тим Билдинг најдобри пријатели. Ее така мало сутра.
Не си прај филмој HR менаџментот намерно че ве клај во различна смена, евентуално ако позитивно размислуваш, па да имате и по дома човек да провери да не заборајвте шпоре или пегла пуштено.
Не, батка иаме колеги шо сериозно се во иста смена и цело време се заедно, единствено во различна канцеларија седат. Јака им душа. Јас ќе го упуцав ако е со мене постојано... Ќе полудев начисто.
Честит празник Македонијо, 121 година од формирањето на македонската револуционерна организација во Солун.
Ај не биди Нинче. Глупо е да излезеш во кафана со колеги или друштво и да мерите кој колку испил. Се знае, сметката рамномерно се дели.
Зошто сметаш дека во 21 век е лошо да бидеш на село?! Поправило сега имаш достапност на интернет секаде, тв секаде, буквално ти е се исто само ја немаш гужвата. Многу е жално што “селото” го сметате дека ќе работите на нива цел ден, ќе бидете домакинка и ќе чувате крави и кози. И да треба така да биде некој ужива во тоа. Како што ти уживаш да чуваш куче и маче, некој си сака крава и кокошки. Доста со тие предрасуди! И во голем град и во село си има предности и недостатоци. Секој си оди таму каде што се пронаоѓа.
Ја би на село да работам remote, ем свеж воздух, ем сонце шо да биде? А не да се тепам во сообраќај, загаден воздух и напнатости....
Јас па многу сакам тим билдинг, ама онака по "наше". Во смисла, се погодивме... љубители по алкохолот. Ама генерално претходно не сум сакала тим билдинг. Ама не било до тим билдингот туку до помислата да си форсиран да си блиску до луѓе шо не ти се омилени. Ако ти се омилени наеднаш и тим билдинг е убав.
А зошто да се дели рамномерно? Јас своето си го плаќам. Ако сакам да частам, јас плаќам. А оние кои сакаат сметката да се подели нема тебе да почастат. И да ти фалат 5 денари ќе чекаат да се снајдеш.
Зошто мислиш дека сите се такви луѓе? Немаш седено со некои што нема да ти замерат ако немаш доволно пари и се понудат да го доплатат твојот дел? Жално ако е така. Или пак ако некој со кој седеш нема доволно пари,нема да се понудиш да доплатеш за него?
Во 21ви век со работа remote поубаво е да живееш на село на свеж воздух, отколку во градска гужва. Јас моментално живеам и в град и в село (големо) и кога би можела да сум ремоут цело време би избрала да си направам куќа в село, со дворче со сѐ, зеленило и цвеќиња околу. Па и в град да работиш, или за што и да ти треба, имам одма на 20 минути со кола, што е на пример време кое во големите градови можат да го губат во гужви во сообраќајот дури стигнат каде што сакаат. Додуша уште сум на два ума со ова, ама живеалиште е голема инвестиција и треба добро да се размисли пред донесување на одлука.
За жал, не. И почнав да ги откачувам. Имам само две другарки со кои си имаме договор секој своето да си го плати. Кога бев во Мк ги частев. Не сум дозволила да бидам без пари. Ама да ме прават будала, не
А зошто би те правеле будала ако моментално некој нема пари во него? Многу лош став имаш во врска со луѓето генерално. Не знам зошто такво мислење сѐ да гледаш негативно во луѓето
Поразително е колку бавно се одвива дигитализацијата во МК. Многу е тешко, во 2024 година, да најдиш некакви информации за определен бизнис или претпријатие, услуги и производи, достапни на веб. Се сеќавам, со пандемијата, оваа ситуација навидум се подобри, за потоа веднаш да се влоши. Еден куп веб страници моментално се недостапни, страни и профили на социјални мрежи одамна не се ажурирани. Тешко се доаѓа до конкретни податоци и ценовници, па да не зборувам за он-лајн закажување или проверка на достапни термини кај определени услуги. Најчесто треба телефонски да контактираш, во работни часови, а и тогаш едвај некој да подигне слушалка и убаво да ти одговори на поставените прашања. Едно време, од маркетите нудеа нарачка и достава на намирници до домот, можност за он-лајн нарачка и подигнување на производи, но како завршија рестрикциите наметнати од пандемијата, речиси сите овие можности постепено беа напуштени. По се изгледа, луѓето во МК многу тешко се прилагодуваат и прифаќаат "современи" промени во опкружувањето. Полесно им е да се потпрат на старите "добри" навики: километарски редици и чекање со часови во банка, маркет или шалтер на јавна установа и еден куп личности со "само да прашам" ситуации.
Море како би ги дала гужвиве во Скопје за едно село со 10 кози, 15 кокошки, некоја препелица 2 прасиња и некој декар земја за зеленчук и овошје и тоа строго за мои потреби ни да продавам ни да купувам