Како беше она, премногу си го чував мирот сега никој не ме бара.. Па има ли по убаво човек да доживее еден ресет. Тие што те сакаат ќе разберат, останатите, живи здрави. Имајте си убав ден.
And chickens.. lots and lots of chickens.. millions of them. Тоа е планот! Self sustained life. Се надевам ќе дочекаме да си го приуштиме.
Немам такво друштво нит пак такви колеги, секогаш се делиме рамномерно. Може затоа и добро функционираме, не си ги броиме парите.
Да, секако кога имаш кола е подобро, но кога немаш град е подобар избор дефинитивно. Таксињата се ужасни, особено во 'мојот' град. Ама и општо превозот е. Една од причините зошто се одлучив за автошкола.
У вези сметки и плаќања Кога сме поголемо друштво,т.е повеќе партнери седнати в кафеана,сметката си ја делат мажите по пола. Вајда нема да рачунаме кој колку пијачки испил и колку ќебапи изел секој од нас.. Кога сум со другарки,еднаш частам јас,следниот пат ме частат и така у круг. Не сум воопшто скржава за такви работи,АМА еднаш другарот наш си порача флаша во еден ноќен клуб за кој и сам немаше пари да ја плати па требаше да ја платиме ние. Го прашавме зошто порачува ако нема пари? И не ја плативме,му ја пишаа вересија,среќа го знаеа сите келнери,па отиде си ја плати после два дена,и веќе немаше направено такво нешто
Може до утре некој да ми збори дека средината во која работиш не треба да ти влијае на работата ама невозможно е да не влијае. Како да кажеш дека количината сол нема врска каков вкус ќе има јадењето...кога всушност солта го дава вкусот. Глупа компарација де, ама се сфативме. Како да не ти влијае ако некој ти збори дека "абе џабе оценките на факултет, не си разбрала ништо", кога на поставено прашање ти вели "не знам, требало да знаеш" за работи кои ете се учат од искуство или за поставено прашање при работата ти вика "а ти сметаш дека јас грешам?" Наместо симпли...да го одговори. Мојава струка инаку 10% го учиш на факултет, другото све е искуство. Само тие 10% се клучни да ги разбереш другиве 90%. Јас сум грешела и ми викале кога е згрешено. И сум се носела со тоа, признавам кога грешам, продолжувам понатаму и следен пат знам. И свесна сум и дека секогаш има простор за грешки, посебно у мојава струка и секогаш колку год да си самоуверен дека знаеш, да пазиш, да прашаш, да провериш двапати и трипати. Ама кога знам дека не сум јас, а јас го јадам јер нема кој друг, тука е веќе нешто друго и тотално ми убива желба за работа понатаму. Прво не знам каде да запазам оти не знам каде е грешката од моја страна. Па ај ќе прашаш, ама не, па треба да знаеш де. Па ај не работиш, оставаш на друг оти пак ќе заебеш. Па зашо оставаш, треба сама. Ама не знам сама, ќе згрешам ко минатиот пат, може помош? Не може. Или ќе помогне ама на сила и те стрела со поглед. И ред други работи каде се осеќа дека не си пожелен таму од некоја причина. Што е најтрагично, не знаат да разграничат меѓу лош работник и лош човек . За нив си двете, иако лично им немаш згрешено. Па се осеќаш ко најголемо гоВно и ни плата више не те влече да идеш. И ти се плаче и преку патка ти доаѓа. Јас барем поарно вреќи цемент ќе дигам отколку во неубава средина, колку год да е лесна работата. Не можам, се гушам во лоша средина, а ментално изморувачка работа ко мојава бара максимум фокус и смиреност, не нервози.
Зошто лош став имала? Па си кажа она дека нема салам другарки, дека ни 5 денара за неа не би дале. Зошто да дава тогаш она? А и плус си се договориле секој своето да си го плаќа.
Па читајќи ја низ темите таков впечаток имам. За сѐ има негативен став, сите луѓе се лоши, сите ги нејќе, сите лошо ѝ мислат.
Па можеби така и се погодило во животот. Ете, немала среќа да запознае вистински пријатели. И јас за такви пријатели ни 5 денара не би дала.
Zeni, do denar se deli. Mazhi, koj 100, koj 500, koj 0, koj 20 denari v dzeb, ce se opijanime. I najadime
Ја реков еднаш има токсична околина. Ме пееа после. Мислам некои работи се очигледни. Темава стана ко Испукајте се
Не знам зошто но некако имам чувство дека оние што ќе ги примат на работа во државно преку партија, преку ноќ се претвараат во патриоти најголеми.
А бе гледај и со блиски ко ќе сум, си плаќаме сите посебно, ете така сме се погодиле или некоја ако чести. Тоа е тоа. Не гледам причини зошто би делеле. А,ако веќе е со делење тогаш ќе си изнарачам и за дома ќе си зеам. Па, ќе делиме по пола и нема бунења зошто да си земам за дома. А, ако некој нема пари, нормално би му платила еднаш, два пати, пример ако не е вработен или нз што. А, немам намера некому секое излегување да му го плаќам, ниту сакам да ми плаќаат постојано. И на крај, не секој има ко моето, ко твоето друштво. Од кај знаам шо и се десило на Трајанка, мож се скарала за Х причини каде таа е во право. Мож нз некој другар се оженил, другарки се омажиле......
До некаде се согласувам со тебе... Пр ако седење во кафана не е често, со колеги, друштво, нема што да се ценкаме и делиме, ако истото е возвратено и од другата страна,во смисла пружена рака за помош, тие некогаш почастиле и.т.н. Со еден збор луѓе да се на место. Во спротивно, сум за да се подели сѐ и секој да го плати своето... Впрочем со такви луѓе би сведела дружба на минимум или не би се дружела со нив, приватно.
Па да. Ако седеме друштво си порачаме скара на куп, салати и било шо и сите јадеме од тоа. Е сега никој не е без осет фала Богу па да си порачува само за него бифтеци, скапи вина итн. И нормално плаќаме еднакво. Нема да мереме кој има испиено чашка ракија или пиво повеќе. А ако некој си нарача за дома, си го плаќа посебно. Мислам идиот треба да си за да си порачаш за дома кога сметката се деле еднакво. Пак ќе кажам, пријателите сами си ги бираме. Никој не ви става пиштол на чело за да мора да излезеш со него и да платеш по пола, а он има испиено чаша повише од тебе или има изедено едно парче месо повише. Додуша, со друштвото на маж ми кога седеме плаќаат само мажите, а има некои со девојки/жени, а некои се сингл. Па не се бунат.