Јас не сакам да ме частат. А ако некој реши да части не значи дека треба да порачаш од најскапото. Имав јас лаком колега. Два пати ме зафркна. После тоа не. А на моите фини колешки им беше незгодно да не го викаат. Затоа они плаќаа и за него
Ааа така. Се шалев инаку, никогаш не би го направила тоа. Мене без осет ми е да делам сметка, т. Е. Да му плаќам некому постојано, а тој си нарачува најскапи јадења и вина и си делиме сметка, зборам за 10 луѓе. И затоа отсега се ќе си порачувам, најскапо, па што. Мојот принцип е тој, не делам сметка, како да ти кажам хахаха. Ако јас пример си порачам за 1000ка, а треба да дадам 2000, зошто да дадам пари поќе, коа јас нит сум изела нит испила за 2000
Си одам по улица и слушам рандом муабет на жена на телефон како на ќерка ѝ во школо ѝ се дерела некоја наставничка дека седумката (7) не се пишувала со цртка зашто секаде во печатени документи е без. Да, уште долго ќе сме последни во Европа
Ако за тебе 1000ка е 5 ден, тогаш си го згрешила друштвото. Јас реков еднаш можам да дадам, два пати, да ама трет пат не знам. Ако ги бираш другарствата по тоа кој колку може да даде пари. Браво. Мило ми е шо неам такви пријатели.
Па ти ги бираш, во животот не ми требаат цепидлаки, што ситнурат за кој колку јадел и пиел. Ти си дел од тие во ситуацијава. Ако за пари се расправаш и пререкуваш со друштво, не ти е друштво тоа. Затоа и среќна сум што немам вакви пријатели. Коа неам јас имаат они, утре обратно. Тие луѓе се вистински пријатели, што не водат тефтер у кафана и не бројат залци.
А добро како плаќате? Седнувате со пријателките или другарите,ја носат сметката,отварате дигитрон и рачунате ли колку треба да дадете? Колку треба другарите,пријателката? Нели е глупо така бе? Ја тоа ни на сон не би го направила.. Едит: ако не не разбере цел кафич со другарка ми кој да плати ништо не сме направиле
Јас кога учев наставниците удираа со стапче ако не напишеш како што треба Јас немам убав ракопис. Седумката ја пишувам со цртичка
Боже мој. Немам зборови. Сеа ко ќе мора ќе се плати по пола, фала Богу. И немаат сите пари да остваат по 2000 секое излегување во кафана. Јас не те извреѓав одма ме нападна зш поразлично сум мислела..... И јас не реков дека нема да дадам за пријател пари. Невозможни сте.
Абе ти ко да не знаеш што пишуваш, јсс ти кажав јас како гледам на работите. Не гледам што е тука невозможни сме. Ти кажав ако имаш такви пријатели што цепидлачат, бегај подалеку. Не ти требаат такви.
Не можете да разберете оти не се парите се во животот. Не сакате пријатели,не сакате да им помогнете некогаш,не сакате гости оти ќе треба по едно кафе да направите,не сакате еднаш да почастите некого? Епа која е смислата на животот? Ќе имате се и пак ќе сте сами.. И сите пари да ги имам,и цело слободно време,џабе ми се ако седам сама ко утка,ако нема со кој да ги поделам Јас не сакам такви луѓе,ниту јас сакам да сум таква.
Лелеле шо има врска ова со ракописот? Исто со цртичка ја пишувам, од секогаш. Кој пишува без? А за ракописот, зависи дали брзам или полека пишувам. Во школо ми викаа преубав ми бил, дури една наставничка рече ко книга во ракопис кога е делувало демек. Не оти се фалам, ама сакам онака ко извезено да е, и сум немала проблем, не ми викал никој дека не може да разбере што има напишано.
По ново се пишува без цртичка. Ќерка ми во школо ја пишуваат така. Ние во школо со цртичка ја пишувавме