На друго мислев за ракописот. За тоа со стапчето. А за седумката се надоврзав на постот на членката. Некогаш и самата не разбирам што сум напишала. Имам братучетка која многу убаво пишува. Да ти е мерак да прочиташ. А мојот е краснопис Знам една личност која седумката ја пишува без цртичка.
Јас мислев дека ова е common knowledge и некој "кафана" etiquette. Секогаш кога излегваме нарачваме за пиење заедно (пример флаши вино). Нарачваме даски. Нарачваме салати големи. И тука нема ни начин како секој да плати свое само. Едноставно нема порција. Често нарачваме плус порција сами и пошто делиме салати и пиење пак делиме пошто горе долу во цена исто ни идат порциите. Имаме другарка шо не пие. Та секогаш плаќа најмалку или ако инсистира да плати па нареден (зависи и од цената понареден) пат не плаќа ич. Та сака да плати, другите сметат дека не е фер да плаќа туѓиот алкохол. И апсолутно е така. Оти храната е најмал % од сметката. И во друштво каде сите фрламе колку шо мислиме за и некој да нема доволно лесно да се покрие - ми испаднале најкомотни луѓе за излегвање. Другар не замерва и да немаш во момент. Јас мислам дека со другарка ми да седниме математика да напрајме - невозможно е да знајме која има поќе платено за другата. Се смејме дека до 100ка рачунаме во "ќе ми купиш кафе". Колку пати јас ќе нарачам нешто или та и двете ќе заборајме. И после другата ќе нарача за двете пак нешто и "се порамнуваме". Ко брачен пар мме. А памтев дека темава е "помината" па да се самоцитирам од Декември 2023:
Доволно заработувам, нема да осиромашам ако некогаш платам за друг, Боже сачувај. Какво е тоа друштво за кое не би платил? Кога е до дружбата, парите не се важни, само да се видиме и да поминеме добро време заедно.
Мене ми се има случено во кафана да сум со 1 пијачка бидејќи не ми се пиело ниту ми се јадело и за таа една пијачка сум дала 1000 денари кога сме ја делеле сметката што не ми било сеедно. Ама имало моменти кога сме биле помало друштво па се има повеќе осет кој колку пие и јаде и сите даваат отприлика на испиеното и изеденото кој 1000, кој 500 итн. Такада за се има решение немора да се брои залче по залче кој изел колку да даде туку да се има свесност за сите што се на маса. Секој си ја знае цената на колку изел и колку испил. На куп кога се собираат парите секој си дава според тоа што конзумирал
Мм, во традиционални вредности спаѓа. Да плаќаш иљадарка за секоја дружба, да му обезбедиш стан на детето да не се мачи... сдк ово ни у Шведској нема. Или ќе останев несоцијализирана Даски и праски ок, еднаш месечно да речеме...мада не знам од кај искочила оваа мода, во 33 години живот во мк, такви дружби сум немала. Шубо се дружевме на кафе и пред кооперација
Не треба да се циганчиш до денар ама па и нема што вискито и курназ коктелот да му го плаќаш на некој друг. Ако мојот дел фатил рецимо 300, 400, еве ќе оставам 500, најмал проблем. Ама дека 1000 ќе давам, не. Јас барем порачувам според мојот буџет, а не јади пиј што сакаш а после друг ти е крив што неќе за тебе да плати
Мене би ми било срам да напраам сметка пример 1000че, а да извадам само 500. Боље не седнувам уопште, ко дека морало у кафана да се седне по секоја цена, нешто да не пропуштиш.
Седнувам на вечери и пијанки со едвај 5-6 особи во последниве неколку години, најблизок круг на луѓе, знаеме кој/а што пие, што јаде, понекогаш делиме, некогаш плаќа некој/а, некогаш јас. Немам особи кои ждерат похован еднорог со сос од авокадо или луѓе кои доаѓаат на чаша вода и се бунат зошто овој јаде еднорог.
Јас истово го пишав лани и одма ме нападнаа. Јас во кафиќ пијам кафе. И немам намера да платам за некој кој одлучил да пие жесток пијалок. Не се циганчам, ама мојата нарачка да е 200 денари, а на другиот 2000, не му ја плаќам. Си порачувам според буџетот. Ако немам доволно пари не излегувам. Не е должен другиот да ми плаќа. И кога рекле дека ќе ме частат не земам ништо повеќе од едно кафе.
Се десило за мене да платат, се десило и јас за друг да дадам, ама све у нормала. Пример сум земала сок и нешто мезе и се нашле некои што ете мерак им било да дадат повеќе и другите скоро без пари сме си поминале. Али ова тек откако дошла сметка, однапред секогаш си порачувам колку јас имам да платам.
Абе за традиционални не знам, ама на дете мое ќе му е во семејни вредности ова. Па, кафана etiquette е ако одиш често. Ние храна делиме и се шо се зема за јадење и пиење е на купче. Зато и сметката е на купче. Тука читам за некои шо стварно малку нарачале - зато и нагласив дека ние кај шо излегваме ако некој пие сокче-две или чај често се инсистира и да не плаќа или плаќа само свое. Пошто на маса сите сме свесни шо крева цена најмногу и планински чај или џус ain't it. Дур и тие шо генерално пијат количински поќе или поскап пијалок секогаш своеволно оставаат поќе за другите да остат помалку или да покрие некој шо не пиел тој пат да не плати ич. Зато и велам, чудно ми е да не е вака. Мислам се прилагодвам на луѓе и ситуации ама еве со овие шо излегваме вака ни е логиката. Од друга страна ако сме свесни дека некој пие само малку сок и бараме еднакво да се дели сметка во тој случај е стварно не фер. Зато и реков погоре дека ете другар не замерва и да немаш, па ете ќе додам и дека другар е свесен дека има ситуации каде сметка не можи еднакво да се дели пошто е на штета на тој кој стварно малку трошел. После ова изедитирав колку често ми се бери кафана мене, срам ме фати.