Колку и да сум брза додека трчам по скали, никогаш не можам да бидам побрза од нашево кутре (дури и да имам предност ). И ми се чини дека секогаш сака да ме претрка, само за да може да ме пречека горе и да ми застане на сред пат, па да не ме пушта да влезам дома додека не ја погалам. Мафта со опашката и ми дава прво-погали-ме-па-ќе-влезеш поглед И како после човек да не ја сака
Се што посакуваш еден ден ќе го имаш али поминато низ многу раце или со поминат рок. А среќата не е иста ако добиеш топка на 7 и на 70години! Колку е само точно ова.
Алал нека и е на државичкава, како по трет пат за моите скромни години, успева фино да ме заебе. Да да, не зафркне, не спречи, туку да ме заебе, знае ми да ми го спопика од некое шупче од кај што најмалце очекувам. Стварно, што повеќе да кажам, ама така три болни теми имам поврзано со местово на планетата Земја. Не знам дали да се нервирам или да испаднам и да се смеам на дождот како будала, онака да одам и да тропам по врати и да викам Еурека! Дека конечно сфатив што и како и зошто.... Е, па, дами и господо, сфатив, за жал на најможниот непријатен начин, зошто има само паризити и амеби тука, и вирееме во некоја заедничка бедна симбиоза - сите други, малце попаметни, 'рбетни животни, веќе избегале од тука и фанале џаде на другата страна од светот. Со пранги треба да ме врзат, еден синџир на вратот и по мене една таква метална кугла да се влече, па да останам тука да седам, и да работам и да растам деца. ПУ! Одам да си го ставам мозокот на амеба-муд до нареден мај.
И овој доста стресен , исцрпувачки и возбудлив ден е при крај . Денес доста се изморив . Освен тоа и не бев доволно наспана . Па поради тоа и бев малку дрска и нервозна . Но и покрај сето тоа се беше во ред . Дел од тоа што посакував да се исполни денес , мислам дека е исполнето . Резултатите ќе ги видеме утре . Па се надевам на најдоброто . Надежта нели последна умира . А има ли нешто поубаво за крај на еден исцрпен ден , од еден топол туш ? Нема верувајте . Еве сега дремам пред лап-топот со шоља кафе во постела . Едвај чекам да потонам во длабок сон . Зашто сум на крајот од силите во моето тело . Но за утре сум ги завршила сите обврски и сум среќна поради тоа . И да не заборавам , времето лета феминки . Така , секоја секунда е драгоцена и треба да се искористи најдобро што може . Како што растеме така ни растат и обврските , а со нив времето многу побрагу поминува и се повеќе и повеќе се исполнува . Јас ова го сфатив дури сега . Кога немам време дома да седнам 5 минути на мир , да разбистрам главата од случките од изминатиот ден . Да не ви досаѓам повеќе . Добра ноќ и имајте убав ден . И рационално користете го времето .
Сакам дожд. Сериозно. Надвор врне и прекрасно е. Се чудам зошто луѓево мрчат дека времево не е ко што треба. Да беше потопло ќе бев надвор. Нешто најубаво
Кога ќе ме зајаде интуицијава, давеж, ко да ми дрдори некој цело време Убаво е човек да е приземјен, да не леткат многу, многу, не за друго од премногу летање, да не се направи палачинка залепена на земја , па да не знае дека е
Никогаш не сум ги ценела луѓето според надворешниот изглед. Од секогаш ми беше важна внатрешноста на личноста. Така е и ден денес. Колку и да е убав човек надворешно, ако нема карактер, основно однесување и ако не знае два збора да сврзе и не може сам да се снајде во некоја ситуација во животот, џабе му е сета лепота и веднаш добивам грда слика за тој човек. И многу повеќе ги сакам луѓето со внатрешна убавина и духовна исполнетост, отколку оние со надворешна убавина, а празни во душа. Друго што сакав да кажам е тоа дека порано не можев да им се изначудам на оние кои одат во други земји да работат, па и оние кои отишле за работа од неколку месеци, а останале таму цел живот. Да не бидам погрешно сфатена..немав и немам ништо против, туку за мене беше несфатливо како се одделуваат од своето семејство и како се снаоѓаат сами во друга земја, па макар и на неколку месеци. Јас сум личност која е емотивно поврзана со своето семејство и не можам да се замислам далеку од нив. Но, во последно време толку многу сакам да појдам некаде, на пократок период. Некаде каде што ќе работам било што, а сигурно ќе бидам добро платена, бидејќи знам дека парите што ќе ги заработам таму за еден месец, тука нема да можам да ги заработам за една цела година. Некаде каде никој не ме знае, и никој не познавам. Па да створам нови пријателства, познанства, искуствa... Да можам да бидам своја и да не ми е гајле што ќе речат другите. Со оглед на тоа како се одвиваат работите во државава, секоја втора млада личност го помислува истово. Жално е колку млади, амбициозни луѓе остануваат без работа и не можат во било кое време да си ги дозволат работите кои ги сакаат.
Задави ја и ти е убаво е приземјен да си, а мор понекогаш и крила да имаш убо е, ќе си летнеш па ќе видиш што ти душа сака Јас арна, сега од вечера се прибрав мор чекав од дечково мој скара ама изгледа ја загоре Па да не останам гладна части на нивоУ- џентлмен
Ма ја ако ја задавам, за навек ќе престане да дрдори е тоа да у право си, прелетиш си некаде, што на север, што на запад... Доцна мор си се прибрала, наздравје јадење мор :geek:
Оди на ТВ реклама за внимателност ради безбедност при возењето, веднаш потоа оди реклама за џип како истиот се движи со голема брзина... ептен двосмислени пораки се добиваат вака едно подруго кога ќе се залепат.
Прв пат да ме фати носталгија по средно.Што убаво си беше. Не си спремен за тест кидни си,направи се болен,одговарај друг час и добиј си 5че. Ее на факултет,нема така. Ако не отидеш на колоквиум или испит на никого нема да му биде гајле и фино лепо ќе си паднеш. Туку,да не дробам многу, ме чека книгата. Останете ми поздравени.
На многумина им е многу убаво и интересно од училиште да се враќаат со друштво и по патот да редат муабети. Но, мене ми е баш убаво кога си одам сама накај дома. Си размислувам за било што, и нема кој да ми досадува. Во моја близина никој не оди во тоа училиште, па затоа сама одам и сама се враќам. Имајте убав ден феминки!
СДК доколку се смогне сила некако секој ден да се има позитивна енергија и се зрачи со позитивност, се некако како позитивно ти се чини. Иако и денес ми е обичен ден како секој некако насмевката не ми го напушта лицето без никаква посебна причина и се ми се чини некако порозово. Иако е само навидум, подобро е . Многу пати подобро. Имајте убав ден.
Денес научив важна лекција која засекогаш ќе ми остане врежана во срцето. Никогаш не потценувајте ја моќта на вистинското другарство. Она што вистински другар би го сторил за вас, никој друг не би. Другар е оној со кој плачеш. Другар е оној со кој се смееш. Другар е оној со кој ги споделуваш тајните. Другар е оној со кој ги трошош парите добиени од спортска. Другар е оној со кој измислуваш нови рецепти. Другар е оној на кому веруваш бескрајно. Другар е оној со кој ги учиш лекциите на животот.
Денес едвај можам да сврзам една реченица. Епа така ти е тоа кога не си учам на време и станувам во три часот ноќта за да учам. Ај научив некако до 5 и си велам ај ќе легнам пола саат, ќе станам и ќе одам на училште. И како што претпоставувате се успав. А на полноќ заспав... Денес ништо не испадна како што претпоставував. Мислев дека ќе е напорен ден, залудно сум се грижела, залудни беа и трите кафиња од сабајле... Поздрав
Тажно е што единствениот излез го барам надвор од тука, што иднината не ми е внатре во овие граници. Дипломирав, две недели носам назив доктор, но тоа само на хартија. Како по ѓаволите да учам, да се надоградувам, да работам во проклетијава што со сета сила ме турка наназад, длабоко кон некоја дупка? И не можам да се помирам со изјавата „Оооо па зошто си учела ова кога никој од фамилијата не ти е доктор“, односно меѓу редови батали го ова, немаш грб, никој и ништо си. Учев затоа што ја сакам оваа професија. Глупава сум, наивна. Жално е што собираме парички со момчето за да бегаме надвор, што размислуваме и на кредити само да се тргнеме од тука. А најжално ми е што сум спремна да оставам се, а срцето ми се кине. Местото во кое израснав тоне, а јас очајно барам начин да не потонам со него. Нешто што никогаш не сакав.
Јас деновите сум изморена и ненаспана. Живеам само за петок Но, не се жалам. Почнав да си поставувам помали цели во животот. Ќе ги исполнувам една по една. Господ да го благослови кафето што ме држи будна Со полна пареа работам на една работа што многу ми значи. Доста се грижев да не ги разочарам другите, сега е време да не се разочарам самата себе. Повторно почнав да сонувам, да се надевам и да заспивам фантазирајќи си големи работи. И мило ми е што немам време да размислувам на небитни работи. Кога ќе го постигнам посакуваниот прогрес во животот, ќе си земам еден ден за одмор и ќе го поминам во многу филмови и серии и многу книги, со многу чоколадо и чоколадни работи. Сега, се надевам дека ќе го дочекам тој ден и дека нема да се разочарам самата себе си Обично јас сум задолжена да правам нараквици во знак на пријателство, но денес една другарка не изненади сите со таква. Не планирам да ја тргнам од рака И уште една многу добра другарка ме изненади, со еден цртеж, за кој нема да можам да ѝ се заблагодарам. Тие две работи ми го направија денот
Навалиле децава на оаа тема ко муви на г.... фантазираат ли фантазираат. На печеснаесе години сватиле што е вистинско другарство имаат големи планови за иднина, немаат време за ништо. Пази, многу се зафатени, малтене мислиш дека се работи за бизнисменки кои водат големи корпорации. Ало деца живеј те си го животот тек ќе се разочарувате и во другарство и во љубов, тек ќе имате обврски, не се филмајте уште сега дека сте возрасни не брзајте да пораснете. Дури и кога ќе дојдете на мои години ќе сватите дека ништо не знаете а камо ли на ваши години кога само што сте прогледале вие мислите дека летате.