Интересно е шо сексуалноста на една личност, се определува врз основа на еден куп работи шо уствари, немаат врска со сексуалност.
Јас не пијам воопшто алкохол, па ако сме повеќе народ делиме еднакво. Ниту сметам дека е погрешно, можеби повеќе сум изела Кога сме на пијачка другарки, сите оставаме отприлика колку пијачката плус да остане за бакшиш.
Ја сонував баба ми. И во сонот бев свесна дека ја нема веќе, затоа изгледаше и како дух. Но изгледаше помладо, односно онаква каква што беше пред 20+ години; стоеше без болки, без да се крепи на нешто, исто и без шамија и црни алишта во кои се завитка после смртта на својот син (чичко ми). Изгледаше среќна, дотерана, без сета физичка и психичка болка од последните скоро 20 години. Ми дојде, ме фати за рака и ми рече дека сѐ ќе биде ок. Беше толку реално. Сакам да верувам дека така сега изгледа нејзината душа, таму горе некаде, спокојна, ослободена од секаква земјена стега. Сакам да верувам дека навистина решила да ме посети на поминување, но ова моментално е единствениот начин на контакт.
Претераа со овие објавите дека нашле дрога во затворот во Штип. Секоја македонска страна ова го објавува. Мислиш којзнае шо направиле. Мислиш глупи сме ние и не знаеме дека сите затвори фрчат од дрога.
Е заради ова треба да има секс едукација во училиштата. И бременост едукација и менструација едукација.
Во оваа група има само тролање,некој ѓи плаќа за да тролаат,или админите сами си пишуваат анонимни постови за групата да е популарна..трето нема. А и сликите што ѓи објавуваат се дно дна! Од гомно на бебе до исцедоци секакви,бе да ти се згади од животот.
Арно викаш. Треба да земат голи жени да објавуваат како во машките групи. Така најдобро ќе биде. Какви бебиња, какви инфекции, какви бакрачи.... ништо не е побитно од гола цицка и големо дупе.
Абе гледаме дека се наоѓа и по нешто такво. Изгледа жениве кои се таму не знаат што е доктор,туку само за групата знаат,фрасни ја сликата од гомната,и чекај коментари.. Едит: јас сум повеќе за да се објавуваат голи мажи
Од рубриката вести од Македонија издвојуваме : Изминатиов период се почесто сме сведоци на интернет измама од секаков вид, спам пораки за крадење на податоци, креирање на лажни линкови, како и злоупотреба на ликот и делата на познати личности за цел продавање на некој лажен производ. Така, неодамна во овој синџир на интернет измами се најде и фолк пејачката Сузана Спасовска, а за истата таа алармираше на социјалните мрежи. -Почитувани и драги фб пријатели, бидејќи со денови ме прашувате за некоја си крема која сум ја рекламирала, сакам да ви кажам дека ова е злоупотреба на моето име, лик и дело, земајќи ја мојата слика и рекламирајќи производ за кои ниту сум прифатила, ниту сум дала дозвола, ниту ме интересира. Едноставно, ова е ЛАГА. Не наседнувајте на ваквите интернет ИЗМАМИ, ве молам. Од срце Ваша Сузана!- пишува таа во објавата. За потсетување, мета на ваков или сличен вид на итернет измама беа: Каролина Гочева, Калиопи, Лила Филиповска, Антониа Гиговска, сега и Сузана Спасовска, како и докторите Нико Беќаровски, Драган Даниловски, Никола Пановски и многу други, а веројатно и за жал таа нема да биде ни последната. Што сакав да кажам ? Аааа да, до сега немам никогаш купено некаква козметика што била изрекламирана од позната фаца, си терам јас моја шема, си бирам продукти кои мене ми одговараат и за јадење и за разубавување.
Сдк @Realist1 да си ги јаде ушите. Ќе постира онаму песни политички неподобни, па ако си ја хмкам денес цел ден и ме уапсат, да знаете, он е крив. ... Ништо, поарно Румене зоре да си ја завртам во главата, тоа никој не разбира
Сдк Дека кога ќе видам оти мајка ми ставила стори на фејзбук одма срцев ме фаќа. Или и фали некоја буква Или натписот на песната е ставен на сред слика,таман само музика се слуша,а не се гледа ништо
Денес некако многу тежок ден ми беше и цел ден си собирам, и си збореме со мајка ми за кучето на телефон и двете си плачеме и наеднаш на рандом програма на телевизија се појавува куче исто како што беше нашето, скроз исто, залаја и се смени рекламата…не знам што да мислам, веројатно е случајност ама јас ќе го сфатам како знак дека е среќен и добар каде и да е. Како може волку да ни недостига…
Најлесно е кога работите ги чекаме на готово. Но за среќа ни ме прави среќна нешто на готово нити мислам тие што начекуваат се нешто посебно среќни...речи го-кажи го...
За да се случи несреќа на планина секогаш фали малку, и никогаш не треба да ја потцениме моќта на планината, бидејќи таа шума, тие карпи, тие потоци, постојат со векови и милениуми пред нас, и ќе останат со векови и милениуми после нас, планината е секогаш од нас помоќна, и секогаш треба сериозно да си ја сфатиме работата кога одиме на планина.
Шо е работата со феноменот прскање парфем во канцеларија, а не дома? Се обележува територија или шо? Ми поцрка грлото...